Снаи и свекрви

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Не е така ОК?
Позз.
Што е тогаш главната причина зошто се распаѓаат браковите во МКД?
Moжеби е подобро одвоено како што кажа но дали ке им се допаднаат условите да бидат под кирија?Знаеш таму друг наредува.
И уште нешто...Не мора и да живеат под кирија доколку мажот јасно даде до знаење дека не треба неговата мајка да се меша во неговиот брак :)Ем ке нема кавги ем сите срекно ке си живеат.
Ако имаш таква свекрва што може да се разбере со збор и што е способна да го модификува нејзиното однесување, тогаш немаш ни проблем.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Што е тогаш главната причина зошто се распаѓаат браковите во МКД?

Ако имаш таква свекрва што може да се разбере со збор и што е способна да го модификува нејзиното однесување, тогаш немаш ни проблем.
Не е тоа ОК?
Позз.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
За да се распадне еден брак криви се само тие двајца никој друг однадвор....ако тие двајца имаат заеднички јазик ќе си изнајдат решение, ќе се направат некои меѓусебни компромиси и бракот ќе опстане...
Ни свекрва, ни свекор, ни Петко ни трајко може да биде причина за развод...а parvati беше во право...не некад туку секогаш е крив синот...тој е тој што стои на средина меѓу две жени и тој е тој што треба да избалансира и да ги земе работите во свои раце...
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
За да се распадне еден брак криви се само тие двајца никој друг однадвор....ако тие двајца имаат заеднички јазик ќе си изнајдат решение, ќе се направат некои меѓусебни компромиси и бракот ќе опстане...
Ни свекрва, ни свекор, ни Петко ни трајко може да биде причина за развод...а parvati беше во право...не некад туку секогаш е крив синот...тој е тој што стои на средина меѓу две жени и тој е тој што треба да избалансира и да ги земе работите во свои раце...
и заклучокот е.... кој е крив? :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Не е проблемот во одностот снаи-свекрви туку во генерациските разлики, сваќања, навики. Можда свекрвата има навика секоја недела да праи генералка а на саата баш тогаш да не и е дојдено до чистење, да има други обврски итн. Ако двете имат бар по малку мозок ке се разберат као луѓе, ке си ја поделат работата па секој кога стигне ке си го заврши неговиот дел. Е сеа има случаеви коа едната е приглупа па не сака да соработува туку да команда тогаш иде до проблеми.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Добар однос меѓу снаа и свекрва не сум видела до сега, т.е сум видела дури една да излезе од просторијата. Јас на пример би кажала на убав начин, тоа и тоа ми смета, дај да поработиме на тој проблем. Никако со подли потези и подбуцнувања. Ова, доколку парот нема услови да живее оделено од свекрвата и свекорот. Иначе и јас мислам дека за подобар брак, подобро е да се живее подалеку од нив.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
живеев со свекрва, околу 5-6 години
никогаш не сме се скарале, а сме биле и нервозни и нерасположени и секакви
да речам дека ја сакам како мајка би било лага, ама ја сакам како следната после мајка ми
и ја почитувам навистина многу.
додека живеевме заедно, сфатив една работа - една куќа може да има само една „главна“ (не ми текнува подобар збор, па зато е во наводници)
не може двете да се на исто рамниште, барем кога се однесува на домаќинлукот, оти сепак, тоа е нејзин дом, таа го „водела“ долги години пред да се вклучи снаата, си воспоставила некој ред и глупо е кога новата госпожа сака да наметнува нови правила и да почнува нова приказна.
Колку сака нека е модерен и современ светот, во еден дом, сечиј, секогаш и секаде, постои одредена хиерархија.
На својата мајка секогаш остануваш ќерка. Исто е и со синот, зошто би било поинаку?

Многу од проблемите не се заради свекрвите, туку се заради мајките на снајките. Тие така суптилно влијаат на ќерките, но многу ретко се посочени како фактор за несогласувањата меѓу свекрвата и снаата. :D
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
http://forum.crnobelo.com/threads/Снаи-и-свекрви.914/

Спојте ја темава, очигледно е иста. Љубам си лајкнала во оваа тема некое мислење и сепак отворила нова со ист контекст...Како и да е...

Почитувам затоа што е пред се постара личност, мајка на мојот засега иден сопруг, здравје боже и баба на моите деца.
Се разбира дека прагот на мојата толеранција зависи од границите кои суптилно би ги поставиле и јас и таа.
Не можам да ја сакам како мајка, ни па очекувам да ме сака како ќерка, единствено сакам да функционираме како нормално семејство, да почитуваме компромиси, да одржуваме баланс и тоа е тоа.

Јас искрено не верувам дека ќе издржам долго во таква заедница од причина, што долго време живеам одвоена од моите, дури и кога живеев со нив, си го љубев мојот мир и оделеност, едноставно таква сум.
И не може да биде ниедна свекрва причина за развод, доколку сопружниците се разумни и изградени луѓе и свесни за своето делување.

Вистината е дека некои мајки не можат да сфатат дека нивните деца не се веќе бебиња, дека се возрасни со оформени фамилии и не престануваат да го пикаат носот и да се дрзнуваат да одлучуваат во нивно име. Ова важи и за свекрви и за мајки.
Затоа на крај се се сведува, на однесувањето на децата.