Немам некое искуство со слаби оценки. Сум имала слаби преку годината, ехеее, ама на крај ги правев добри оценките. Одлична бев, ама не скроз. Никогаш не ми била целта да набубам на памет, да ги наредам сите петки и потоа се да заборавам. Секогаш сум учела со разбирање и кога нешто не ми беше по кеиф секогаш се контрав со професорите. Поради тоа и ги немав сите петки. Е сега на бубачите им е тешко на факултет, епа како нема да биде. Не ми е јасно па и да го поминат факсот некако со бубање, што ќе прават на работа? Ама важно они ги наредиле петките во основно и средно...