Скопје 2014

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Дали ви се допаѓа проектот ,,Скопје 2014"

  • Да

    Гласови: 24 42.1%
  • Не

    Гласови: 33 57.9%

  • Вкупно гласале
    57

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
Знаеш шо е интересно? шо и уште не се осеќа кризата. Ама за неполна деценија коа ќе удри ама тоа така добро што ни за агрегат нафта нема да имаш да си го осветлиш домот, тоаш ќе се чешаме. Но тоа е.
ти мора да си ВАНЃА , почит брат, и наклон:kafe
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
па тоа е добра работа
пари дадени за градење
и пари кои потоа ќе бидат давани за одржување и конзервација
се пари кои ќе бидат некому плата, односно пари од кои одреден број на семејства живеат и ќе живеат
не можат сите да работат во производство
Не е работата дека можат/не можат. Туку распределба на добрата на есенцијалното. А ова што сега го гледаме не е баш есенцијален проблем туку повеќе расфрлање на доброто.
Неколку семејства ќе живеат... Мислиш тоа така обичен работник иде и го премачкува споменикот со формалин и тој свети. Не. За тоа треба години и години школување. Во македоонија имавме една од најдобрите школи во 80тите за конзерваторство. Но тоа не е како во индустријата. Се бара далеку поголема стручнст и надзорност. Башка за еден споменик не се потребни толку луѓе, но времето да се обичат толкав број еголемо. А кризата сите ја знаеме. Поготово за онаа која тек допрва (енергетската) информирани сме. Но дали применуваме нешто за да воведеме мерки на штедење? Нови автобуси? Кинески двоспратни? Улиците ќе ги видиш за 5 години. Прекратковиди сме за да гледаме еден чекор понапред. Споменици? Шо ќе не спаси споменикот на Димитрија Чуповски, лавовите? Што? Ќе не спаси од кризата со своето рикање, стоење на плоштадот? Башка сета таа естетска несиметричност. Како целиот живот да се сведува на тој плоштад. Глупост над глупостите. Фонтаната, ај некако сосе Цане, Ама понатака? Шах? Да не зборам за фасадите.
И за крај... не посакувам никому да влезе во клиника. Или во некој студентски дом. Да не зборам за училиштава во пригртсиве нселби/ селата/ помалите градови. Очај.
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Си била некогаш во Индија? Знаеш за реките и се` што плива во нив? Таџ Махал да. Но што кога постојат цели населби натрупани со лешеви?
Така да Индија е земја каде што не би ја посочил за пример. Зборам прво за раслојувањата и поделбите на касти, после тоа вистинската „успешност“ зад која стои Таџ Махал.
Македонија сеа е мала во државни рамки. Така да, не е потребно премногу да се инвестира за подобрување на инфраструктурата. Но не се инвестира доволно. Или скоро и да не. Само мачкање очи.
За Културното наслество знам дека се инвестира(ше) за ископувањето. Некаква си блиц-криг кампања за Калето. Денес е затворено, и тоа не поради нередите што беа, туку поради недостаток на пари. Башка ископувањето е изведено да не речам аматерски, многу набрзинка. Тоа не се прави така. За Стоби е веќе друг муабет.

Немој да мислиш дека јас одобрувам нерационално трошење на пари. Но спомениците (најголем дел од нив) ги одобрувам. Палми и врби, се веќе смешни (во моментов, што знам, може ќе ми се свиѓаат), но зборувам од аспект на историја и културно наследство - никогаш не е доста. Јас сум антимодернистички тип во тој поглед. За историјата што ја пишуваме денес, за 50 години нека прават обележја. Да речеме, дебилно би ми било, на Џорџ Буш да му изградат споменик. Но музејот е, и те како потребен.

Се согласувам дека немаме обучени луѓе за распределба на парите со кои располага Министерство за култура. Но за 20 години, и тоа е добро. Таџ Махал, Фонтана Ди Треви, Ајфелова Кула.... многу, многу одамна се правени, кога ние живеевме во куќи од кал и камен.
Кога сме кај Ајфелова Кула, народот е добро познато дека ја бојкотирал изградбата на истата. Се нарекувала ,,срам,, за Париз. Кој би знаел, дека денес, ќе биде едно од најпосетуваните места на светот?
 
Не окривувам да се даде некоја пара за естетика на градот но.... ова што сега се прави е расфрлање, во прав смисол.
ДА, експериментирање може, како што викаш во случајот со Ајфеловата кула... Но во време кога тие експерименти би привлекле мног многу повеќе туризам. Ова со барокот/неокласицизмот не ми изгледа на експеримент, туку неукост. Поготово во време кога секое парче метал е вредно.
 
Пред точно една година, моја пријателка (доста постара од мене) беше во Скопје. Прво што сакаше да види беше плоштадот. А тогаш, Аце уште не беше ,,качен,, све беше затворено, немаше што да се види едноставно. Се беше во фаза на изградба. Таа е, инаку, од Белград.
На недовршено ништо, беше воодушевена. Да му се невиди, на кружните клупи се радуваше.
Така што, не верувам дека не е интересно тоа што се прави, мислам дека од туристички аспект е друг проблемот. Странците мислат дека е ова Недојдија, од грмушка ќе им излезе некој со каљаш и ќе ги пуца, ќе им пукне гума и нема кој да им помогне. Во принцип, такво е главното мислење на ЕУ граѓаните во поглед на Балканот.

А се согласувам, дека некои работи, нема потреба да се прават. На пример шмизли, врби, палми... Но не само проектов, да речеме, Аеродром не е дел од овој проект, погледни како добро средуваат. Карпош воопшто не е дел од владините активности (опозиција ,,го држи,,) па супер си ја врши работата градоначалникот, Карпош е навистина средена општина. Има и многу други работи кои не се дел од проектот, а се добри - кружниот во Ѓорче со споменикот на Ѓорче, прв парк кај мене во населба од нејзиното постоење (а постои од отворање на фабрика Железара)........................
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: iskra

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Мене лично ми се допааѓа овој проект.
Барем нешто се прави.
Е сега со скулптурите на плоштадот малце претераа.Има ставено премногу.
Фонтаната е преубава.
Згради се потребни секогаш.Дури мислам дека се премалку во Скопјево.
 
iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
Јас и предходно си кажав дека сум мнооогу против проектов, во ред е тоа што се одржуваат некои општини во смисла на паркови, зеленила и сл. работи ама тоа се пари од општината која што полека си ги средува работите а не се задолжува како што е случајов со владава за да направат се одеднаш, ај за Аце и фонтаната се јаде некако, ама какво обележје се бикот, шмизлите, чистачот на кондури , девојката на тел. што збори мислам каков впечаток сакаат со нив да остават на ЕУ пошто нели најважно е тие што ке речат...демек кај нас само шмизли се девојките?? во тој случај бикот кого би претставувал..народот??? некои работи стварно ми се бесмислени! А и плоштадчето наше колкаво е па уште и го пренатрупаа со споменици да не може човек на раат да се прошета
 
Во глобала се согласувам со овој пост. Биковите и шмизлите и останатите неисториски споменици, ако не се лажам, беа дела на млади уметници, дал студенти, дал дипломци, не ни паметам веќе. Тоа како замисла е супер, но можеше да се направи цел парк или да се искористи Градски Парк за истите. Вака, сами по себе, немаат смисла и не ја носат пораката која би требало да ја носат, дека се афирмирале млади уметници, им се дал поттик за работа.
Инаку да, конкретно мене Самуил ми боде очи, премногу блиску е до Александар.

Ние како лаици овде си коментираме, можда од архитективе знаат многу подобро чим одлучиле така, но на моето око, не му праи ќеиф Самуил толку близу до Аце, ни шмизлите под Аце. Ни недефинираната скулптура кај Камени, исто така.
 
Одлучиле.. И тоа спротивно од ова.. Но кој да ги праша коа ги натепаа пред да се започне иницијативава. Така да....
 
iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
Факт е дека нас никој за ништо не не прашува...они за името нема да распишат референдум сами ке си решат а не па за споменици !!