Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.
Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
- Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
- Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
- Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.
Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.
Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.
Се кладам ако се рестартира анкетата и сите горенаведени повторно гласаме, разликата би била минимум 9 према еден против проектов. Народов се свестува лека полека.Мене ме интересираат никовите на оние 22 што гласале дека им се допаѓа проектот.
Ова е само тригерот што нон стоп го чуваат кога работата им загустува по фотељите. Одлично спин оружје против разумниот дел на народот.http://fokus.mk/gtts-sepak-ke-se-menuva-vo-barok/
На што ќе личи ова бе.
Тукушто спомнаа на вестиве, се работи за реновација на паркот. Патеки, зеленило и осветлување.http://www.libertas.mk/foto-ograda-...va-barokoto-ruvo-dodeka-skopjani-se-na-odmor/
Што убаво ќе изгледа ГТЦ леле, ќе се наполниме туристи.
И јас викам така, ама да не испадне после ај заедно со патеките и барокче да направиме.Тукушто спомнаа на вестиве, се работи за реновација на паркот. Патеки, зеленило и осветлување.
Дај боже да е ова второво.
ГТЦ мутреба како вечити спин кон личности кои очи нејќат да му видат. Кога ќе почне да го гради, тогаш спин материјалот со сигурност му се потрошил.И јас викам така, ама да не испадне после ај заедно со патеките и барокче да направиме.