Скопје 2014

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Дали ви се допаѓа проектот ,,Скопје 2014"

  • Да

    Гласови: 24 42.1%
  • Не

    Гласови: 33 57.9%

  • Вкупно гласале
    57

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
немојте да ме осудувате за ова што ке го кажам, една историска личност заборавија да ја вклучат во споменициве, а има големо значење......../:sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Snape

Snape

Истакнат Член
14 февруари 2012
285
401
63
29
Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry
немојте да ме осудувате за ова што ке го кажам, една историска личност заборавија да ја вклучат во споменициве, а има големо значење......../:sreken
Oгромно , иако владеачката гарнитура го смета тој период за црн или незнам каков сепак да не беше тој човек денес немаше да имаме своја држава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Foxboro

st_kire

Нов член
23 февруари 2013
3
0
1
31
... сега (мислам за летно време) добро е да се излезе, да се седне на клупите, има што да се види, можеш и лап топ да си земеш, да посурфаш... да пуштиш камера на пријатели од странство, да видат дека и ние имаме свој убавини ...
сума сумаре - го подржувам проектот !

Ако тебе ништо не ти значат, стоби, хераклеа и уште 6000 археолошки локалитети, ако не ти значат музеите на градовите гевгелија, штип, струмица, охрид, дебар, националниот музеј на Македоинија, ако не ти значат староградски и староселски куќи. Има многу работи што да се видат во Македонија.Сега пардон ако за тебе Македонија=Скопје, тогаш не велам ништо.
 

st_kire

Нов член
23 февруари 2013
3
0
1
31
секогаш ќе фалат пари за урбанизам
еднаш треба
заправо постои правило
ВЛАДЕТЕЛОТ СЕКОГАШ ГРАДЕЛ ПО СВОЈОТ ЌЕФ, И НАРОДОТ СЕКОГАШ ГО ПЛАЌАЛ ТОА ( улици, палати, пирамиди, паркови...ецт ецт)
А ШО Е НАЈИНТЕРЕШНО НИКОГАШ НЕ ГО ПРАШАЛ НАРОДОТ ДАЛИ САКА
.
тоа било 2000 години, тоа е и денес, така ќе биде и во иднина

Не. воа не е правило.
Минатото може да ни послужи да не ги повторуваме грешките во иднина.
Постои изрека „Оној кој не го познава минатото е осуден да го повторува“.
 

st_kire

Нов член
23 февруари 2013
3
0
1
31
Плоштадот - место каде се демонстрира (или на наше покажува) моќта на владетелот. Во Европа се случувало тоа, кај нас сега се случува. Изгледот на плоштадот и таму и тука е политичка одлука. Е сега, кај нас друг е проблемот, тоа што сиот тој концепт е направен од лаик по урбанизам и архитектура. Такво третирање на срцето на градот за мене е невозможно да не го разгледаат професионалци од својата област што цел свој живот го дале за просторното планирање.
Јас не ја гледам причината за вакво интерпретирање на плоштадот. Единствена работа што многу ми прече проектот е непочитта кон веќе-изграденото, како: камен мост, македонската опера и блет, даут-пашин амам.
Распеаните скопјани во една работа најмногу ги подржувам: нивната желба да се врати ’63.
Видете, и да ги извадите сите споменици и ново-изградени објекти од „Скопје 2014“ плоштадот пак ќе функционира најнормално.
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Ако тебе ништо не ти значат, стоби, хераклеа и уште 6000 археолошки локалитети, ако не ти значат музеите на градовите гевгелија, штип, струмица, охрид, дебар, националниот музеј на Македоинија, ако не ти значат староградски и староселски куќи. Има многу работи што да се видат во Македонија.Сега пардон ако за тебе Македонија=Скопје, тогаш не велам ништо.

Насловот ти е "Скопје 2014" ... имаш други теми за македонските богатства и убавини .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Redhead

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Проектот Скопје 2014 на владата , уште од почетокот беше цел на напади и од едната страна и фалења од другата страна. Долго време се мислев дали да почнам да го пишувам текстот зашто секој оној кој не го дели мислењето со премиерот е предавник.
Јас лично ја поддржувам идејата за проект но не и самиот концепт на проект. Нема да се задржам тука на спомениците зашто сметам дека сите споменици кои се изградија се на личности заслужни на некој начин за Македонија. Исто така нема да се задржам на цената на самиот проект зашто сметам дека тоа е пукање во празно, односно ниту јас имам сигурни информации колку сето тоа ке чини ниту пак кој било друг ‘ обичен смртник’ тоа си знаат само оние наши лидери во власта.
Она на што повеќе ќе се задржам е стилот во кој се веќе изградени зградите кои се дел од овој проект. Додека секаде во светот се градат згради со нов,интересен и футуристички изглед ние градиме во Барокен стил што е изумрен веќе со векови. Додека во цел свет се градат згради какви што само има во научно-фантастичните филмови, ние си играме со нешто веќе мртво.Една од многу причини поради која е погрешна изградбата на згради во Барок стилот во Скопје е тоа што овој барок никогаш и не бил присутен кај нас, па и да бил тоа е во минимални количини. Доколку во Скопје и во држава имаше згради оригинално изградени во тој стил мислам дека ке беше ок и градењето на други згради со изговор дека се грижиме за нашата историја ама вака..
Flag_of_Azerbaijan.svg

И да не должам многу да покажам еден пример. Сте слушнале за градот Баку? Е за оние што не слушнале Баку е главен град на државата Азербејџан. Државата Азербејџан се наоѓа во регионот Кавказ.Оваа држава се наоѓа на крстопатот на Западна Азија и Источна Европа и е опколена со Каспиското Езеро на исток, со Русија на север, со Грузија на северозапад, Ерменија на запад и Иран на југ. Се прашувате каква врска има ова со Скопје 2014? Има и тоа голема зашто и таму има ваков сличен проект. Прв пат слушнав за тамошниот ваков проект преку discovery каналоти емисијата extreme enginering. Во Баку последниве неколку години се работи на изградба на трансформирање на градот од еден обичен советски град во еден ултра модерен град по ликот на Дубаи.
Значи да не должам многу и да не јадам пуканки за џабе повелете слики, па видете за што зборувам…
2-2-300x225.jpg

plaza-294x300.jpg

Kompleks_001_1-300x241.jpg

heyder20eliyev20merkezibx9-300x178.jpg

dsc016041fg5ci7-225x300.jpg

20070614202609_98-283x300.jpg

3-1-272x300.jpg

И тоа не е се, ова се само дел од проектите кои веќе се започнати со изградба, инаку во Баку се планираат уште голем број на вакви проект исо цел да се разубави градот и да се направи една светска метропола. Искрено мислам дека ова погоре е многу пати поубаво од овај нашиот барок ( уствари воопшто не е наш и никогаш не бил ама ке си го викаме наш ).
И се прашувам доколку во Дубаи наместо познатите згради Бурџ Ал Араб и Бурџ Калифа се изградеа некои згради типични за тоа поднебје, дали Дубаи ке станеше светски позната метропола како што е познат сега? Мислам дека не, затоа и е погрешно градењето во овој стил кај нас. Доколку се градеа згради како што се во Баку и кај нас , Скопје и нашата држава ке беа повеќе познати низ светот и тогаш можеби ке имавме метропола и исто така мислам дека ке беше подобро прифатено низ народот зашто ке се гледаше на тоа како будење на Македонија и излегување од оној 20 годишен период на транзиција и влегување во друштвото на оние земји и градови кои се неколку децении напред во иднината со својот дизајн на згради и други објекти .Вака наместо да одиме напред во иднината ние се враќаме во минатото.Ништо чудно ние 20 години тапкавме во место,конечно мрднавме но во погрешна насока.. Метропола се гради со новитети , со нешто досега не видено, а не со нешто веќе мртво..
Се сложувате со мене или мислите дека барокот е подобар? кое е вашето мислење?
Поздрав со љубов
Ш !!!


...само што во набројаните места ги користат суфицитите од извоз на нафта и гас кои им овозможуваат на тамошните диктатори,шеици и тирани да си играат Барон Хаусман и Кристофер Рен.
Овде нема суфицит од нафта но има позајмување и наголемување давачки.
Освен тоа, далеку од доволно е со градење неколку објекти некој град да стане метропола. Баку метропола, really? Дубаи е само шоу на можноста за екстремно трошење на петродолари, ништо повеќе.
Тоа е процес кој трае со векови. Париз не станал метропола поради Хаусман, уште помалку поради Ајфел.

Но тоа и не е поентата. Поентата се категориите `јавни набавки` и анекси на договори.
А преку тоа и наголемување на контата на оф-шор дестинациите на поединци од власта и полнење на партиски каси.
Во меѓувреме нека се занимава народ со кич естетика и метрополизација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Јас само да се издемантирам во постовите од 2012. Тогаш многу меко настапував и имав толеранција за додавкиве што се накотија, сега сум гласно против од неговиот зачеток на лист хартија.