Скопје 2014

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Дали ви се допаѓа проектот ,,Скопје 2014"

  • Да

    Гласови: 24 42.1%
  • Не

    Гласови: 33 57.9%

  • Вкупно гласале
    57

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Плоштадите секаде во свето се слика на едно, а не на 101 време како кај нас.
Па не е баш така. Плоштадите се места на многу времиња и многу периоди. Почнувани со една мисла во еден период, а дооформувани, менувани во следните периоди. Додавани се објекти таму каде што ги немало, а посточките се доградувани, па дури и сосема менувани според идеите и видувањата на тие во чии раце била власта и моќта.
Плоштадите се места на кои секаде во светот, од архитектурата и скулптурата, може да се чита историјата.
 
Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
Се надевам само дека ќе ги разредат споменициве, мал ни е плоштадот за толку ;) Или нека направат уште поголем плоштад.
Се друго.. сеуште ми е добро. Ќе видиме како ќе биде кога ќе се финализира.
.
и да туриме 10 пати по толку колко што сме ставиле на плоштадот, пак нема да го стигнеме бројот на скулптурите на пример на плоштадот во Прага, кој е и помал од нашиот
.
изгледа појма си немаме колку скулптури има во еден главен град
.
санкт петерзбург или бивши ленинград се нарекува ГРАД НА 1000 ЛАВА, оти има 1000 скулптури на лавови по целиот град и сепак не се нашол некој генијален русин да каже- претерано
.
кога зборевме за смешни скулптури во скопје, како шмизла, бикот, чистачот, дека се глупави, побарав модерни скулптури низ главните градови во европа, и ќе ви кажам нашите беа уште најкултурни.
.
така да не се занесујме дека сме кретени, НЕ СМЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ

samo na eden most KARLOV imaat 18 skulpturi
karluv_most_1.jpg

Па не е баш така. Плоштадите се места на многу времиња и многу периоди. Почнувани со една мисла во еден период, а дооформувани, менувани во следните периоди. Додавани се објекти таму каде што ги немало, а посточките се доградувани, па дури и сосема менувани според идеите и видувањата на тие во чии раце била власта и моќта.
Плоштадите се места на кои секаде во светот, од архитектурата и скулптурата, може да се чита историјата.
.
на нашите плоштади времето застана во 1945
овие решиле да надокнадат
некој би рекол.. лангзам, полека, чини многу пари
па чини
но за 2о години никој нема да се сети дека било градено пребрзо
.
има доста луѓе кои мислат дека плоштадот би требал да биде модерен, ама ина и други кои не сакаат модерно на плоштадот
.
збориме а баркот
.
ние сме европејци и барокот е европски, измислен во РИМ 1600 равно, го земале сите европски дрќави оти и ним им припаѓа
.
барок е нивен колку и наш
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
Луѓе не не споредувајте со Русија, милслам тие каква економија имаат, ние каква имаме.:eek Русите можатда си дозволат лавови на секој чекор ама кај нас каде што многу големи проблеми не се решени, уште не е време за реконструкција на градот, ставање споменици, менување улици и сл.Мислам парите се даваат во неповрат а државата ни тоне.Уште не е време за тоа
 
Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
Луѓе не не споредувајте со Русија, милслам тие каква економија имаат, ние каква имаме.:eek Русите можатда си дозволат лавови на секој чекор ама кај нас каде што многу големи проблеми не се решени, уште не е време за реконструкција на градот, ставање споменици, менување улици и сл.Мислам парите се даваат во неповрат а државата ни тоне.Уште не е време за тоа
секогаш ќе фалат пари за урбанизам
еднаш треба
заправо постои правило
ВЛАДЕТЕЛОТ СЕКОГАШ ГРАДЕЛ ПО СВОЈОТ ЌЕФ, И НАРОДОТ СЕКОГАШ ГО ПЛАЌАЛ ТОА ( улици, палати, пирамиди, паркови...ецт ецт)
А ШО Е НАЈИНТЕРЕШНО НИКОГАШ НЕ ГО ПРАШАЛ НАРОДОТ ДАЛИ САКА
.
тоа било 2000 години, тоа е и денес, така ќе биде и во иднина
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten and lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
.
на нашите плоштади времето застана во 1945
овие решиле да надокнадат
некој би рекол.. лангзам, полека, чини многу пари
па чини
но за 2о години никој нема да се сети дека било градено пребрзо
.
има доста луѓе кои мислат дека плоштадот би требал да биде модерен, ама ина и други кои не сакаат модерно на плоштадот
.
збориме а баркот
.
ние сме европејци и барокот е европски, измислен во РИМ 1600 равно, го земале сите европски дрќави оти и ним им припаѓа
.
барок е нивен колку и наш
кога нешто премногу долго стои во место, треба нешто ептен силно за да го придвижи
сега да, изгледа пребрзо, но со време ќе навикнеме и ќе го чувствуваме како наше
а и не значи дека она што ќе се направи, така и ќе остане, дека тука ќе запре процесот на градење
се менуваат видувањата и доживувањата и размислувањата и идеите
можеби во некој следен период ќе се изградат и некои други и сосема поинакви објекти
ама то е друг муабет
не е барок, туку неокласицизам :)
и да, секој има право на секој стил
а и така се распространувале и менувале и напредувале
и стиловите и идеите

Луѓе не не споредувајте со Русија, милслам тие каква економија имаат, ние каква имаме.:eek Русите можатда си дозволат лавови на секој чекор ама кај нас каде што многу големи проблеми не се решени, уште не е време за реконструкција на градот, ставање споменици, менување улици и сл.Мислам парите се даваат во неповрат а државата ни тоне.Уште не е време за тоа
Ама има и еден психолошки момент кој не смее да се потцени, ниту да се занемари.
Ај пример, едно семејство, живее просечно и сите финасии му се предвреме пресметани за што ќе ги потроши
и ќе ги троши на значајни работи, исхрана, сметки, школување на деца, здравје итн
Не му остануваат речиси ич финансии за „луксузи“.
А сепак, зема кредити и си дозволува луксуз - телевизор, компјутер, мобилни, облека повеќе од неопходното, козметика, по некое излегување во кафана, автомобил, одмор, па дури и по некое патување за сопствено задоволство.
Истото тоа семејство, да речеме годинава има матурант/ка. Па имало или не, сепак троши еден куп пари, за скапа облека, скапа козметика, чевли, штикли, фризура, шминка.... иако целта на матурската прослава е да се помине вечерта убаво и забавно. Зошто тоа семејство си ги дозволува тие „луксузи“?
М?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
тоа го прават за да се "покажат" пред другите дека можат..да не заостануваат од нив, ама мене лично тоа ми е голема глупост, да земам кредит што ке го отплаќам со години за да одам на одмор или да си купам фустан од 10 000.тоа ми е апсурдно!
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
да е уз чекор со цивилизацијата
да
ама и оти смета дека на сета мака заслужува да си дозволи и нешто убаво
оти смета дека иако финансиски е подолу од другите, не е подолу во своите човечки квалитети
и дека има право дури и на луксуз и има право да му се радува на тој луксуз
и оти така си се поттикнува себеси да напредува, колку и да звучи тоа безврска
шо фајде ако се помири со мачната судбина и ако прифати пораз и ако си рече - ех, не е тоа за мене сега, оти има поважни работи
секогаш ќе има поважни работи
луксузот никогаш не е финансиски оправдан, затоа е луксуз
ама па има моменти кога е потребен
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
да
ама и оти смета дека на сета мака заслужува да си дозволи и нешто убаво
оти смета дека иако финансиски е подолу од другите, не е подолу во своите човечки квалитети
и дека има право дури и на луксуз и има право да му се радува на тој луксуз
и оти така си се поттикнува себеси да напредува, колку и да звучи тоа безврска
шо фајде ако се помири со мачната судбина и ако прифати пораз и ако си рече - ех, не е тоа за мене сега, оти има поважни работи
секогаш ќе има поважни работи
луксузот никогаш не е финансиски оправдан, затоа е луксуз
ама па има моменти кога е потребен
Во контекст на муабетот имам еден пример, едвај врзуваа крај со крај пошто само мажот работеше, кога дојде лето женава запна на одмор да иделе пошто и она заслужувала од дома да излезе итн. и овој се позајми зада одат...е ама после дојде време да се враќаат парите а +и бебе им се роди, и сега кај едвај го поминувале месецот, кај +долг за враќање + бебе..кај им е крајот :nah затоа луѓето рекле пушти си ги нозете колку што ти е чергата. Отприлика така ми изгледа и нашиов случај со државава, да сме во тек со другите а после кога ке дојде време да се враќаат кредитите пошто се вложени како неповратни средства, удри по народот, качувај камати по банките, намалувај плата, качувај цени на производите, на бензинот и така кој знае до кај ке тераме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

да, добро, пушти си нозете колку шо ти е чергата
ама не зборавај дека имаш памет во главата и две раце за работење
не зборам напамет, сум била лично во секакви ситуации и финансиски поволни и финансиски ептен неповолни
постојано зборуваме дека се нема работа
ама искрено, никој не може да ме убеди дека навистина нема работа
тој што сака да работи ќе најде работа
тој што сака да си најде изговор ќе си го најде
е сега има секакви крајности и лоши судбини, заради една или друга причина кои ете ги направиле работите безизлезни
ама дека млади луѓе немаат можност за работа, тоа не е точно
дека сме некогаш прегорделиви за да прифатиме работа која ни е под ниво, тоа е точно

инаку, да се вратам на муабетот, мислиш дека во минатото, кога се граделе плоштадите во Рим, Венеција, Виена итн итн, народот нешто многу бил финанскиски силен? Обичниот народ, мислиш дека луѓето пред 4-5 века живееле во некаква благосостојба?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten