Скопски фестивал 2014

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Оваа е најдобрата песна шо излегла има многу глупи ама и има и убај песни од евровизија
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Си перат пари МРТ со изборов. Веќе клише е секоја година, нема влезиме во финале на Евровизија.:zelen
 

*Hera*

Староседелец
18 септември 2013
33
32
1,018
Kicevo
Дали се овие нормални? Вака јас ... „уз“ пат да си прашам?
Навистина некој од овие ќе не претставува?
О, мајко мајчице...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Тоа се тие пеачи, и после ќе ми каже некој дека сме имале добри пеачи. Следниот што ќе ми го каже тоа или е луд или глув.
Вера Јанковиќ човече, свеќи пред неа, книга, се беше спремно да почне да го чита секташкиот ритуал. Ова не е нормално. Кајмакоски ќе победи, не заради песната туку дека има милион деца што свршуваат на него.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Неизбежен е секоја година фестивалов, колку и човек да не се труди да го гледа.
Дремев на пс во соба додека траеше неколкукратното бомбардирање со статуси и доскочици на клише муабети и кои само 2-3 ми искрадоа насмевка на лицето. Веќе стопати повторениот евровизиски муабет до толку стана заморен што еве сега очекувам додека сум на тастатурава од принтерот да ми се избаци некој и да почне да ми вергла зошто (не) треба да идеме на евровизија. Дајте бе луѓе, повеќе од 15 години поминаа од првиот наш настап на евровизија и од тогаш се вергла исто па исто.
Сеирот на страна, веќе и тој излитен од доскочиците и 9gag хуморот со photo-swap натпревар кој ќе испадне поголем дворски шут. Не дека настапувачиве не заслужуваат ремет.... Ама реално последниве 2-3 години ништо не се сеќавам, нит памтам кој не` претставувал, нит ме занима. Ама заморно е веќе од попладне да мавам рифреш на Newsfeed и само такви статуси напињаат. А интересно е колку истите луѓе не се замараат со нашата естрада, тропаат контрадикторности live and let live. Дај ти се молам.
Се мислам на крај краева да исклучам компјутеров барем во овие 2-3 дена период да помине очајов од манифестација и барем малку да се врати се` во нормала.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Хоуп*

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Сабајле се возам поспана во автобус и слушам од радио „Овој фестивал прерасна во нешто големо, може слободно да речеме на рамниште со Сан Ремо.“
А? :eek
Јоце Панов - Анаконда на Сан Ремо. Важи.
Ретко фрлав поглед, ама толку исто ми звучеа некои вокали, што мислев да не се вртат истите во круг, само со различни песни.
Песната на Лоба беше прав рип-оф на оние летните тралалајки од Северина кои сите личат една на друга, Мијата ја почитувам онака, ама ми делуваше ко Руслана meets Касандра, а онаа првата песна неодоливо ме потсетува на една постара наша...ќе се едитирам ако/кога ќе ми текне.
Уделот на Тони во песната со Тарабунов...љољ. :frantic
Требаше на времето Маријан со „Подарок“ да си го пратиме без да им се најави и готово. Сега ќе се ваѓаме.
А, овие од стручново жири од странство ако знаат дека гласале, па ете. :D
Ајдее, јас дури да се искажам, тинејџерската хистерија победи...
Јако се опари типов годинава.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Што ви реков. Свршија во публика готово, пискотници се слушаат до Виена, исто и по дома тие дечиштата што гледаат. Го наместија и овој, е**а мамата овие.
 
Последна промена од модератор:

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Среќа што не сум гледала...
Абе ко да знаев дека Данчо ќе победи, ко да знаев. Страв ми беше да ја пуштам песната сега, зашто знаев дека е некое срање. А и среќа го немало она ретардирано лигавење и нервозно пелтечење на сцена: Амм сите ве сакам, амм фала на сите амм, и успат две три вадења на јазик.
За песната ништо нема да коментирам, само ќе кажам дека Данчо покрај тоа што убаво пее, тој знаел и да игра. 2:58 е моментот. (facepalm) :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo