Актер да, пеки. Шоумен, пробува да го засени Џамбаз, не му оди. Музичар? шо знам, јас барем не можам да го замислам во тоа поле.Не навлагам во неговите изјави,статуси,партиска,верски или национални определба, ама Тони Михајловски ни е еден од најдобрите македонски глумци, човекот е талент кој не го добиваме често.
Далеку е од глупак. Е сега не знам што е дефиниција за тебе за глупак.
Тоа што Евровизијата има свои политики и се претвора повеќе во реално шоу а не во музичко (што беше првенствено до некое време) не ни дава за нас за право да го оправдуваме учеството на Тони во наше музичко шоу.
Целата грешка потекнува што ние скопскиот фестивал го поврзуваме со евровизијата, и затоа оттука мораме да се повинуваме во истите политики што ги има европското (реално) шоу. Макфест дише на апарати и буквално е „саботиран“ од скопскиот поради скриената желба на публиката да гледа дворски шутови како се глупираат на сцена, додека реалната ситуација кажува дека буквално Македонија не може економски да си дозволи два фестивала во годината, па затоа ќе кратиме каде што публиката ќе фрли помалку пари на телевоутинг.