Сабајле се возам поспана во автобус и слушам од радио „Овој фестивал прерасна во нешто големо, може слободно да речеме на рамниште со Сан Ремо.“
А?
Јоце Панов - Анаконда на Сан Ремо. Важи.
Ретко фрлав поглед, ама толку исто ми звучеа некои вокали, што мислев да не се вртат истите во круг, само со различни песни.
Песната на Лоба беше прав рип-оф на оние летните тралалајки од Северина кои сите личат една на друга, Мијата ја почитувам онака, ама ми делуваше ко Руслана meets Касандра, а онаа првата песна неодоливо ме потсетува на една постара наша...ќе се едитирам ако/кога ќе ми текне.
Уделот на Тони во песната со Тарабунов...љољ.
Требаше на времето Маријан со
„Подарок“ да си го пратиме без да им се најави и готово. Сега ќе се ваѓаме.
А, овие од стручново жири од странство ако знаат дека гласале, па ете.
Ајдее, јас дури да се искажам, тинејџерската хистерија победи...
Јако се опари типов годинава.