Ја дефинирав претходно, вистина означува квалитет на исказ. Еден исказ може да биде вистинит, невистинит, полувистинит итн... зависно од неговата обемност, односно колку премиси и заклучоци опфаќа.Можеш ли тогаш да дефинираш вистина?
Правите грешка што го одделувате тој збор од концептот каде што припаѓа и го применувате врз некоја апстрактна идеја и формирате празни реченици како - збирот на моите сфаќања, ставови, доживувања е моја вистина, со што доаѓа до заблуди и непотребни дискусии.
Пак ја правиш истата грешка, не можеш логички да ја оцениш вистинитосната вредност на ваква празна апстракција. Одредени ставови се вистинити зошто се докажани преку научни методи, други ставови се производ на здрав разум и елементарна логика, моите доживувања се чисто субјективни и не можат да бидат оценети на истиот начин етц етц. Не се собира се на купче, тоа е поентата. Нема нешто како 'моја вистина' - тоа е празен збор.добро. во право си и за ова.
имам уште само едно прашање :
дали збирот на твоите сфаќања, ставови, доживувања е вистинит или лажен?