Секој има своја вистина?

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Целава тема е една бесполезна семантичка расправија. Прво треба да утврдиме дефиниција за вистина, па потоа да разглабаме дали секој има своја вистина. Дискусија без дефинирани поими е млатење празна слама. Вистината е само квалитет на одредено тврдење и ништо повеќе. Вистинитосна вредност се оценува пред се преку критичка мисла, здрав разум и логика.

Едит: Да се надополнам. Зборот вистина изваден од секојдневниот јазик каде опишува квалитет на исказ губи секаква смисла. Реченицa како "Збирот на моите ставови, сфаќања и доживувања е моја вистина" е бесмислена, празна реченица, фразата "моја вистина" е бесмислена. Тој збор ја опишува вистинитосната вредност на одреден исказ и тоа е тоа, зборот вистина сам по себе не значи ништо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Ај вие довршете си ја дискусијата,ја би поише за keep it simple,затоа ќе се дислоцирам :)
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Целава тема е една бесполезна семантичка расправија. Прво треба да утврдиме дефиниција за вистина, па потоа да разглабаме дали секој има своја вистина. Дискусија без дефинирани поими е млатење празна слама. Вистината е само квалитет на одредено тврдење и ништо повеќе. Вистинитосна вредност се оценува пред се преку критичка мисла, здрав разум и логика.

Едит: Да се надополнам. Зборот вистина изваден од секојдневниот јазик каде опишува квалитет на исказ губи секаква смисла. Реченицa како "Збирот на моите ставови, сфаќања и доживувања е моја вистина" е бесмислена, празна реченица, фразата "моја вистина" е бесмислена. Тој збор ја опишува вистинитосната вредност на одреден исказ и тоа е тоа, зборот вистина сам по себе не значи ништо.
добро. Во право си.
Збирот на моите ставови, сфаќања и доживувања не е моја вистина.
Збирот на моите ставови, сфаќања и доживувања е.......... што?
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
добро. Во право си.
Збирот на моите ставови, сфаќања и доживувања не е моја вистина.
Збирот на моите ставови, сфаќања и доживувања е.......... што?
Збирот на твоите ставови, сфаќања и доживувања... :D

Поентата ми е дека зборот вистина си има строго дефинирано значење, ако го растегнувате тоа значење како ви одговара, самиот збор губи смисла. Можам јас да кажам дека зборот вистина ја опишува Месечината, но која е поентата ако сакаме добра дискусија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Solstice

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Збирот на твоите ставови, сфаќања и доживувања... :D

Поентата ми е дека зборот вистина си има строго дефинирано значење, ако го растегнувате тоа значење како ви одговара, самиот збор губи смисла. Можам јас да кажам дека зборот вистина ја опишува Месечината, но која е поентата ако сакаме добра дискусија.
јас не се спротивставив. реков во право си.
Но, ти не ми одговори на прашањето :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and slb_bobo

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
За темава ме инспирира самиот форум,нема да образложувам зошто оти тоа е и не толку битно.
Сакам да ги видам вашите размислувања околу оваа тема.
Дури си мислев и дека веке ја имам отворено,но пребарав и не ја најдов.

-Јас ја зборувам вистината!
-Не,јас ја зборувам вистината,рече вториот.
-Не е точно,двајцата ја зборувате вистината,рече третиот.
-Како е возможно тоа?..го запрашаа.
-Па и двајцата сте толку убедени и тврдите дека ја зборувате вистината.
-Но ние не зборуваме исто!
-Вистината се разликува понекогаш,секој си има своја вистина.

-Не се работи за научно докажана вистина.
Овде сакам да подискутираме околу личната вистина.
Се работи за ситуации кога една личност се обидува да и докаже на другата дека нејзиното размислување е исправно,дека некогово гледиште на работите е правилно.
Немора да значи дека едниот лаже а другиот ја зборува вистината,туку двете страни се толку убедени дека ја зборуваат вистината.

Што мислите,дали секој има своја вистина?
Дали доколку некој ја прифати тугата вистина со тоа ке и наштети на својата?
Зошто ние лугето неможеме едноставно да ја прифатиме тугата вистина како точна туку имаме потреба да ја докажуваме својата?




-
да одговорам на прашањата :D
Јас сум стално убедена дека грешам. И, ретко ми докажале дека сум во право. :D

Немам проблем да прифатам туѓи размислувања, видувања, убедувања. Сѐ додека тој што ми објаснува што и како мисли, умее да ми објасни зошто баш така мисли.

Секое “не“ и секое „да“ отвараат соодветни прашања. :D
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
да одговорам на прашањата :D
Јас сум стално убедена дека грешам. И, ретко ми докажале дека сум во право. :D

Немам проблем да прифатам туѓи размислувања, видувања, убедувања. Сѐ додека тој што ми објаснува што и како мисли, умее да ми објасни зошто баш така мисли.

Секое “не“ и секое „да“ отвараат соодветни прашања. :D
Јас пак не сум забележала некој да успее да ти докаже односно објасни дека не си во право.
Ми се допага и начинот на кој пробуваш да ја искажеш ,,својата вистина,,.
Секогаш комплетно образложување,без разлика дали е подолго или до два збора.
Со други зборови пред твоите факти и боговите молчат :D (се разбира,ако се при чиста свест) (wasntme)

Што мислите,дали секој има своја вистина?
Дали доколку некој ја прифати тугата вистина со тоа ке и наштети на својата?
Зошто ние лугето неможеме едноставно да ја прифатиме тугата вистина како точна туку имаме потреба да ја докажуваме својата?

Сметам дека во некои случаеви навистина секој си има своја вистина.
Во воведот на темата пробав да доловам за во какви случаеви сакам да дискутираме,но некако пак како да ги мешаме научно докажаните вистини.
Не сметам дека доколку ја прифатам нечија вистина ке си наштетам на својата од причина што,ако таа ,,вистина,, е поубедлива откако некој друг ке ми ја покаже или проба да ми ја долови,подобро да ја прифатам таа отколку да си останам тврдоглаво на мојата,само од причина што била моја.
Имам потреба да ја докажувам мојата вистина,и тоа пре пре премногу :sram.
Но само онаа што можам да ја поткрепам со факти,но само онаа за која не наидел некој да ми ги сузбие моите факти,за да и во моите очи неговата вистина стане и моја.
Ме чудат лугето кои се спротивставуваат и на фактите во една искажана вистина.
Тоа не е смелост,тоа јас би го нарекла дрскост,но тоа е веке друга тема.
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
јас не се спротивставив. реков во право си.
Но, ти не ми одговори на прашањето :)
Кое прашање? Со кој термин да го ословиш збирот на твоите сфаќања, ставови, доживувања? Па ете, со збирот на твоите сфаќања, ставови, доживувања. :zelen Потполно ми е сеедно, се што сакав да кажам е доколку се придржувате до дефинирани поими, 90% од постовите на темата стануваат излишни. На таков начин не доаѓа до заблуди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Solstice

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Кое прашање? Со кој термин да го ословиш збирот на твоите сфаќања, ставови, доживувања? Па ете, со збирот на твоите сфаќања, ставови, доживувања. :zelen Потполно ми е сеедно, се што сакав да кажам е доколку се придржувате до дефинирани поими, 90% од постовите на темата стануваат излишни. На таков начин не доаѓа до заблуди.
Можеш ли тогаш да дефинираш вистина?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Кое прашање? Со кој термин да го ословиш збирот на твоите сфаќања, ставови, доживувања? Па ете, со збирот на твоите сфаќања, ставови, доживувања. :zelen Потполно ми е сеедно, се што сакав да кажам е доколку се придржувате до дефинирани поими, 90% од постовите на темата стануваат излишни. На таков начин не доаѓа до заблуди.
добро. во право си и за ова.
имам уште само едно прашање :
дали збирот на твоите сфаќања, ставови, доживувања е вистинит или лажен?