Секој има своја вистина?

Хари Халер

Нов член
4 јануари 2013
3
2
3
42
Вистината е својство на една реченица. Нема никакво квазиромантичарско мистично значење надвор од ова.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Целата дискусија се провлече во барање дефиниција за вистината ...а колку што разбрав не и’ беше тоа поентата на melpomena...ставовите ги замени со зборот вистини...
Факт е дека сите ние скоро за се’ си имаме свое мислење, свој став, своја вистина...
Таа сме ја граделе цел живот, на неа влијаело нашето опкружување, родителите, школото, друштвото, општеството итн...
Тие ставови и вистини се менливи (или треба да бидат) зашто мислам дека е глупаво и детски да се држиме за некој став, некоја вистина само затоа што егото не ни дозволува да го прифатиме туѓото мислење и туѓата вистина...тоа е како туркање со главата во ѕид...
Поентата ми е..
Еве прост пример...кога сме биле во пубертет родителите на сите нас ни’ велеле да не пушиме цигари, зашто се штетни и зашто ќе ни остане чивија за цел живот...арно ама, ние не сме ги послушале оти сме си имале своја вистина која ни велела дека немаме гајле од цигари, демек стариве тресат глупости...
Тука имаме два става, две вистини...едната базирана на искуство, едната базирана на претпоставка и лична перцепција на пушењето...за покасно, ние како зрели личности да сфатиме дека родителот бил во право, дека неговата вистина држела место и дека нам ни останало пушењето како чивија и лоша навика...
поентата ми е...по години ќе речеме, да беше во право, значи сме го прифатиле туѓиот став и вистина....значи ако сме поотворени и пофлексибилни да го прифатиме туѓиот став или вистина може нешто полезно да излезе од него...некогаш туѓата вистина можеби повеќе држи место од нашата...
Јас лично по природа бев многу тврдоглава и стоев цврсто на своето и на својата вистина дури и кога знаев дека грешам, сепак жолчно го бранев својот став за да не ми биде повредено егото нели...но со тек на времето се сменив и јас...и туѓите мислења ги прифаќам чисто за да истата работа околу која ни се раидуваат вистините, да ја согледам од нивен агол, да направам споредба и за да увидам дали туѓата вистина е пологична од мојата....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ете,и чичко Петре ќе ви каже колку вистини постојат :)

...Ова е само една вистина,зошто вистини има стопати по толку,којзнае колку пати по толку,вистини има колку што има и луѓе. Живи и Мртви.

,,Небеска Тимјановна"-Петре М.Андреевски
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Секој си има своја вистина... Вознемирен од тоа што се случи пред некое време низ кичевската околина ќе кажам нешто за тоа „секој си има своја вистина“.
Да го оставиме на страна фактот дека секој треба своето верување да го заснова само на она што сам го перцепира и што смета дека е праведно и оправдано. Дека не треба да дозволува другите размислувања да му го заматат умот... Сепак постои една друга страна во ова „Секој си има своја вистина“
Значи, се случува определено нешто во нечиј живот. Пример... човек раскинал со долгогодишната му девојка; си фатил друга женска; после еден месец си им се соарнило па си се запишале во матично; патот под нозе си заминале да си ја бараат среќата (надвор од нашата ни драга татковина).
И бидејќи секој си има своја вистина(свое гледиште) на нештата и бидејќи на сите им е подобро да застанат затскриени на балконот и да коментираат за туѓите животи, а не да застанат пред огледалото и да ја согледаат сопствената вистина за сопствениот живот, почнуваат да се шират вистините:
1. Да ти се плукнам во човекот. Се продаде за пари. Златна жена остави; за што? За во Австралија да замине;
2. Е*ати материјалистот. И што? Ќе замине во Австралија ќе се разведе оти не ја сака... а тука можеше живот да види со тоа златно девојче.

И редици и редици други „сопствени вистини“ на граѓаните од ова мало гратче...
И на што ме наведува тоа мене? Ме наведува да сфатам дека... можеби и не е баш така добра таа појава„сопствена вистина“ кога ќе премине во „сопствено режирање на настаните“.


melpomena Еве(чек како те викаат другиве...) Мелче(ама не ти звучи убаво вака...) Еве Мелпомениште, ти побара јас напишав цитат со филозофија наменет за собирање лајкови, па ако можеш да го лајкнеш ќе ми биде мило (wasntme)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Arkantos
И? Тоа што твојата „вистина“ не се совпаѓа со туѓите те вознемирило? Да те понудам со блага водичка да се смириш (затоа што ти мене не ми даваш капучино)? За нив тој секогаш ќе остане „глупиот што го остави девојчето за да замине во Австралија со онаа“ па ако сакаш ти и на газ влечи се среде Кичево.

И пред да ги осудиш дека режираат настани, си се запрашал дали можеби ТИ режираш настан околу тоа? Од каде знаеш дека навистина не ја оставил девојка му затоа што се полакомил? Ах да, ти си во право зашто те нервира оговарање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
http://en.wikipedia.org/wiki/Consensus_reality

Горе долу `вистината` е консензус, променлива и превртлива, нешто за што некој би бил обесен во Нигерија истото би му донело признание во Данска, вчерашните вистини заминале на отпадот на историјата, некои вистини убивале милиони, нечии вистини донесоа напредок за човештвото......

Консензус.
Браќата Рајт, чудни дечки, повлечени и загледани во небото, по птиците, си имале една вистина, сите наоколу во гратчето, во државата и во светот - сосема друга...биле исмевани и `сожалувани` и од комшии и од врвни научници........чии потомци денес го паркираат дебелиот газ во Боинг 787 кој сосема вистинито лета...
Некогаш консензусот доаѓа покасно, откако станува очигледно....а најчесто очигледноста не е доволна за нов консензус.

Некои `вистини` кои ја преживеаа индустриската а богами и дигиталната револуција сеуште сеат зло и страдање (идејата за задгробен живот на пример) а за нов консензус нема кворум, сеуште, поради страв.
А тука се и телемитите, тие ја знаеле вистината ама не ја кажуваат, чунки ја пишуваат со големо В.:D
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Вистината е една.
Но чинам дека проблемот лежи во аголот/перспективата на гледање на истата.


Знаеш што го праша Исуса - Понтие Пилат, римскиот гувернер на Јудеја пред судењето?
И дали имаше Исус одговор?

`Што е вистината`?