Целата дискусија се провлече во барање дефиниција за вистината ...а колку што разбрав не и’ беше тоа поентата на
melpomena...ставовите ги замени со зборот вистини...
Факт е дека сите ние скоро за се’ си имаме свое мислење, свој став, своја вистина...
Таа сме ја граделе цел живот, на неа влијаело нашето опкружување, родителите, школото, друштвото, општеството итн...
Тие ставови и вистини се менливи (или треба да бидат) зашто мислам дека е глупаво и детски да се држиме за некој став, некоја вистина само затоа што егото не ни дозволува да го прифатиме туѓото мислење и туѓата вистина...тоа е како туркање со главата во ѕид...
Поентата ми е..
Еве прост пример...кога сме биле во пубертет родителите на сите нас ни’ велеле да не пушиме цигари, зашто се штетни и зашто ќе ни остане чивија за цел живот...арно ама, ние не сме ги послушале оти сме си имале своја вистина која ни велела дека немаме гајле од цигари, демек стариве тресат глупости...
Тука имаме два става, две вистини...едната базирана на искуство, едната базирана на претпоставка и лична перцепција на пушењето...за покасно, ние како зрели личности да сфатиме дека родителот бил во право, дека неговата вистина држела место и дека нам ни останало пушењето како чивија и лоша навика...
поентата ми е...по години ќе речеме, да беше во право, значи сме го прифатиле туѓиот став и вистина....значи ако сме поотворени и пофлексибилни да го прифатиме туѓиот став или вистина може нешто полезно да излезе од него...некогаш туѓата вистина можеби повеќе држи место од нашата...
Јас лично по природа бев многу тврдоглава и стоев цврсто на своето и на својата вистина дури и кога знаев дека грешам, сепак жолчно го бранев својот став за да не ми биде повредено егото нели...но со тек на времето се сменив и јас...и туѓите мислења ги прифаќам чисто за да истата работа околу која ни се раидуваат вистините, да ја согледам од нивен агол, да направам споредба и за да увидам дали туѓата вистина е пологична од мојата....