Секој има своја вистина?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
За темава ме инспирира самиот форум,нема да образложувам зошто оти тоа е и не толку битно.
Сакам да ги видам вашите размислувања околу оваа тема.
Дури си мислев и дека веке ја имам отворено,но пребарав и не ја најдов.

-Јас ја зборувам вистината!
-Не,јас ја зборувам вистината,рече вториот.
-Не е точно,двајцата ја зборувате вистината,рече третиот.
-Како е возможно тоа?..го запрашаа.
-Па и двајцата сте толку убедени и тврдите дека ја зборувате вистината.
-Но ние не зборуваме исто!
-Вистината се разликува понекогаш,секој си има своја вистина.

-Не се работи за научно докажана вистина.
Овде сакам да подискутираме околу личната вистина.
Се работи за ситуации кога една личност се обидува да и докаже на другата дека нејзиното размислување е исправно,дека некогово гледиште на работите е правилно.
Немора да значи дека едниот лаже а другиот ја зборува вистината,туку двете страни се толку убедени дека ја зборуваат вистината.

Што мислите,дали секој има своја вистина?
Дали доколку некој ја прифати тугата вистина со тоа ке и наштети на својата?
Зошто ние лугето неможеме едноставно да ја прифатиме тугата вистина како точна туку имаме потреба да ја докажуваме својата?




-
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
[quote="melpomena, post: 195503, member: 613"
-Јас ја зборувам вистината!
-Не,јас ја зборувам вистината,рече вториот.
-Не е точно,двајцата ја зборувате вистината,рече третиот.
-Како е возможно тоа?..го запрашаа.
-Па и двајцата сте толку убедени и тврдите дека ја зборувате вистината.
-Но ние не зборуваме исто!
-Вистината се разликува понекогаш,секој си има своја вистина-[/quote]

Имам заприметено дека сите филозофски мисли ги прават или еден или тројца, се некој непарен број чоечина. Ептен филозофски и бандитски изгледат непарниот број, на пример 3цата мускетари, 7те јариња, 3те прасиња и слично.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Смени го насловот ’’Секој има свој став’’ и ќе ти станат појасни работите. :)
Се работи за ставови. И секој си има свои, било да му се наметнати или самиот промозгал пред да оформи. За една иста работа имаме различен став (или вистина, по твое) оти различно гледаме на тие работи, од различни извори сме црпеле информации. Се менува став, но зависи колку е уверлив. Ако не е многу уверлив, полесно се менува. Исто така колку тешко ќе се промени ставот зависи и од карактерот на самата личност.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Што мислите,дали секој има своја вистина? - Секако дека да. Секој човек има различно гледиште. Тоа гледиште е неговата вистина, безразлика колку таа вистина се разликува од вистината на другите.
Дали доколку некој ја прифати тугата вистина со тоа ке и наштети на својата? - Дефинитивно да. Ако некој рече „да во право си, не било така“ и тоа го рече само затоа што некој го убедил со зборови а не со докази, значи има слаб карактер и не спто на реченото. А ако сам увиди дека греши и ја прифати туѓата вистина, тогаш не, нема да и’ наштети.
Зошто ние лугето неможеме едноставно да ја прифатиме тугата вистина како точна туку имаме потреба да ја докажуваме својата? - Која е смислата на живеењето ако дозволиме друг да ни го диктира дури и размислувањето?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Смени го насловот ’’Секој има свој став’’ и ќе ти станат појасни работите. :)
Се работи за ставови. И секој си има свои, било да му се наметнати или самиот промозгал пред да оформи. За една иста работа имаме различен став (или вистина, по твое) оти различно гледаме на тие работи, од различни извори сме црпеле информации. Се менува став, но зависи колку е уверлив. Ако не е многу уверлив, полесно се менува. Исто така колку тешко ќе се промени ставот зависи и од карактерот на самата личност.
Напомнав дека во темава сакам да дискутираме за личните видувања,не за научно докажани работи :)
Иначе,да,се согласувам дека се работи за еден вид ставови,но за да биде појасно напишав вистини.
Сите тие наши вистини зависат од нашата перцепција,нашето искуство,карактер...
Не ги доживуваме сите на ист начин случувањата,а поготово кога не се работат лично за нас туку на работите гледаме субјективно.
The_Mayor прости ми но овој пат ништо не те разбрав :sram:unsure
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Нормално дека има секој своја вистина оти секој човек различно ја доживува својата средина.Секој си знае работи за себе што ни родената мајка не ги знае. Така да секој може да има право и да ја кажува вистината во тој случај неговата вистина. Но се зависи за каков случај се работи. Ако се работи за прељуба и има докази дека било прељуба тогаш нема твоја и моја вистина тогаш доказите зборуваат за неа. Но како што велат старите подобро вистина во очи отколку дел живот со лага да живееш
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
И да се дополнам:
Ако немавме сите своја вистина, општествово немаше да оди во прогрес.
Ако сите викавме „планетата не се врти и не е округлеста“ уште ќе останевме на тоа знаење. И слично.
Така да, оној кој не си ја слуша и не си ја почитува сопствената вистина, за мене е слабич.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ставови ко што рече Мортидо.
И како што вика Роџер Бејкон, цитат:
If in other sciences we should arrive at certainty without doubt and truth without error, it behooves us to place the foundations of knowledge in mathematics.
Тоа е таа вистина. Другото е се` став кој се гледа само субјективно како целосна вистина. Но во реален свет, секоја запирка го одделува од „вистините“ на другите субјекти.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
За темава ме инспирира самиот форум,нема да образложувам зошто оти тоа е и не толку битно.
Сакам да ги видам вашите размислувања околу оваа тема.
Дури си мислев и дека веке ја имам отворено,но пребарав и не ја најдов.

-Јас ја зборувам вистината!
-Не,јас ја зборувам вистината,рече вториот.
-Не е точно,двајцата ја зборувате вистината,рече третиот.
-Како е возможно тоа?..го запрашаа.
-Па и двајцата сте толку убедени и тврдите дека ја зборувате вистината.
-Но ние не зборуваме исто!
-Вистината се разликува понекогаш,секој си има своја вистина.

-Не се работи за научно докажана вистина.
Овде сакам да подискутираме околу личната вистина.
Се работи за ситуации кога една личност се обидува да и докаже на другата дека нејзиното размислување е исправно,дека некогово гледиште на работите е правилно.
Немора да значи дека едниот лаже а другиот ја зборува вистината,туку двете страни се толку убедени дека ја зборуваат вистината.

Што мислите,дали секој има своја вистина?
Дали доколку некој ја прифати тугата вистина со тоа ке и наштети на својата?
Зошто ние лугето неможеме едноставно да ја прифатиме тугата вистина како точна туку имаме потреба да ја докажуваме својата?




-

Сите имаме своја вистина, но колку таа вистина ќе егзистира зависи од неколку работи како: егото, подложноста на влијанија, начинот на спознавање на околината, личната самосвест и сл.
Човек со големо его никогаш нема да признае дека нечија вистина е подобра од неговата. Од друга страна пак ако некој е многу подложен на влијанија, својата вистина ќе ја изгуби некаде во кашата од туѓи вистини. Да не набројувам натаму, мислам дека е непотребно.

Но својата лична вистина никогаш не може да биде апсолутната вистина. Личната вистина и нејзиниот век на траење за мене се еден од основните фактори за креирање на карактер. Околу последното прашање, не сите имаат потреба да ја докажуваат личната вистина. Лично јас речиси секогаш чувствувам потреба да ја покажам мојата вистина (еве баш сега со постов го правам тоа) затоа што сметам дека мојата вистина треба да биде резултат на она што јас сум го спознал досега. Кога би прифатил туѓа вистина, тоа значи дека би го негирал своето спознание и би прифатил туѓо кое исто како моето никогаш нема да ја достигне апсолутната вистина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba, Saladin and melpomena

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Да де,на планетава земја за се постојат околу 6,973,738,433 вистини.
Ставот го нарекуваат вистина само тврдоглавите луѓе. Вистината е една,гледиштата се различни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: elizabetta