Вистината е дека е толку и толку степени. Затоа што е поддржана со факт.
Тоа на кој колку му е топла или ладна е прашање на перцепција.
донекаде, но не сосема.
Перцепцијата е дејство, а не резултат.
Јас имам коцка. Во зависнот од тоа како ќе ја поставам пред тебе, ти ќе видиш коцка, или ќе видиш само квадрат.
Во зависност од колку си „флексибилна“ личност и во зависност од тоа колку си отворен кон нови и поинакви идеи, ќе се сетиш дека треба да ја накривиш главата или да се поместиш 5 милиметри потаму од таму кај што си и ќе видиш дека не е само квадрат, ами е коцка.
толку и толку степени на водата се само факт, кој сам по себе не значи ни дека е водата топла, ни дека е ладна. Значи само дека е толку и толку степени.
За да се одреди дали е топла или ладна, треба да имаш нешто во однос на што тоа би се одредило.
Во случајот, во однос на мене и во однос на тебе.
Од мојата целокупност, од сите мои сетила и од поставеноста на прагот на дразба, лично мој, зависи дали ќе ја чувствувам водата како ладна или топла. И тоа е мојата реалност, моја вистина.
Твоите сетила иако функционираат на ист начин, сепак не восприемаат на исто.
И тука да, восприемањето, односно перцепирањето, игра улога. Но, повторно како дејство, а не како резултат.
Твојот праг на дразба е различен од мојот. Затоа резултатите се различни.
Според тебе е тамам, според мене е ладна.
Ако дојде Трајко и праша каква е водата, ќе добие 2 различни одговори.
А сепак, каква ќе му биде нему водата, зависи од неговата целокупоност.
Кога јас и ти би изнесувале само ставови, тогаш би било возможно Трајко, врз основа на неговиот ментален склоп, да дојде до заклучок каква е водата. Има факт -толку и толку степени и има 2 „ставови“, мојот и твојот.
А сепак, Трајко треба да влезе и самиот во водата за да дознае каква е. Можеби нему ќе му биде премногу топла. И тоа ќе биде неговата реалност, неговата вистина.
Во случајот, кој би бил во право?
Јас, ти или Трајко?
Каква е водата?