Секој има своја вистина?

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Зошто мислиш дека ако јас да речеме,ти покажам видео од самото убиство и ти негираш,тоа ќе биде твоја вистина? Што,ќе речеш дека е преработено видео? До каде води тоа? :)
Па еве гледаш дека мислењата ни се разминуваат, секој човек си има своја сопствена перцепција на нештата од таму и ова за вистината. Вистината всушност и не постои. Јас погоре напишав еден цитат од еден писател и тој цитат кажува се.
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Toa се нарекува став,гледиште,перцепција,не се нарекува вистина нешто што не се основа на цврст факт.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153

водата во езерото е толку и толку степени - факт.
Тебе ти е тамам, мене ми е неподносливо ладна.
Твоја вистина, моја вистина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
водата во езерото е толку и толку степени - факт.
Тебе ти е тамам, мене ми е неподносливо ладна.
Твоја вистина, моја вистина.
Вистината е дека е толку и толку степени. Затоа што е поддржана со факт.
Тоа на кој колку му е топла или ладна е прашање на перцепција.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

И самиот знаеш дека дури и чаша вода ако ја диференцираме на неколку стотици делови, тие делови нема да имаат иста температура (ако сакаш и ќе ти објаснувам зошто, ама ќе забегаме од темата). И сега која е вистинската температура на водата во чашата? Која е апсолутната вистина? Замисли дури и мерните единици се земени како релативни во споредба со референт.
Мојата вистина е дека температурата на водата во чашата ако ја поделиме на делови не е иста, твоја вистина (така тресам, не буквално твоја) е дека целата вода има иста температура, на lady_blue вистината е можеби дека водата во чашата е ладна, melpomena можеби би рекла дека водата на таа температура е најпогодна за правење нескафе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and melpomena

Ако ги комплицираме до толку работите,не постои ништо апсолутно. Али според мене тоа е глупост и млатење празна слама,бидејќи нема никаква цел. Јас си го кажав моето :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Вистината е дека е толку и толку степени. Затоа што е поддржана со факт.
Тоа на кој колку му е топла или ладна е прашање на перцепција.
донекаде, но не сосема.
Перцепцијата е дејство, а не резултат.
Јас имам коцка. Во зависнот од тоа како ќе ја поставам пред тебе, ти ќе видиш коцка, или ќе видиш само квадрат.
Во зависност од колку си „флексибилна“ личност и во зависност од тоа колку си отворен кон нови и поинакви идеи, ќе се сетиш дека треба да ја накривиш главата или да се поместиш 5 милиметри потаму од таму кај што си и ќе видиш дека не е само квадрат, ами е коцка.

толку и толку степени на водата се само факт, кој сам по себе не значи ни дека е водата топла, ни дека е ладна. Значи само дека е толку и толку степени.
За да се одреди дали е топла или ладна, треба да имаш нешто во однос на што тоа би се одредило.
Во случајот, во однос на мене и во однос на тебе.

Од мојата целокупност, од сите мои сетила и од поставеноста на прагот на дразба, лично мој, зависи дали ќе ја чувствувам водата како ладна или топла. И тоа е мојата реалност, моја вистина.
Твоите сетила иако функционираат на ист начин, сепак не восприемаат на исто.
И тука да, восприемањето, односно перцепирањето, игра улога. Но, повторно како дејство, а не како резултат.
Твојот праг на дразба е различен од мојот. Затоа резултатите се различни.
Според тебе е тамам, според мене е ладна.

Ако дојде Трајко и праша каква е водата, ќе добие 2 различни одговори.
А сепак, каква ќе му биде нему водата, зависи од неговата целокупоност.
Кога јас и ти би изнесувале само ставови, тогаш би било возможно Трајко, врз основа на неговиот ментален склоп, да дојде до заклучок каква е водата. Има факт -толку и толку степени и има 2 „ставови“, мојот и твојот.

А сепак, Трајко треба да влезе и самиот во водата за да дознае каква е. Можеби нему ќе му биде премногу топла. И тоа ќе биде неговата реалност, неговата вистина.
Во случајот, кој би бил во право?
Јас, ти или Трајко?
Каква е водата?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and slb_bobo

А замисли колку би било добро сето ова да се сведе на 2 реченици? :)
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
А замисли колку би било добро сето ова да се сведе на 2 реченици? :)
моите ставови се дел од мојата вистина.
мојата вистина е многу повеќе од збир на моите ставови.
:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and slb_bobo

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
А замисли колку би било добро сето ова да се сведе на 2 реченици? :)
А замисли ја поентата да филозофираш само со по една реченица:) Сепак сме во форум каде што поентата е да филозофираме по малку повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and lady_blue