Сакате ли Чет на форумот?

Сакате ли Чет на форумот?

  • Да

    Гласови: 40 51.3%
  • Не

    Гласови: 38 48.7%

  • Вкупно гласале
    78
  • Poll closed .
Статус
Затворена за нови мислења.

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ова на пример можевте на чет да го сторите :D А не со оф топици :)
На чет вака ќе изгледа разговорот.

-Здравооооооооо, има некој?
и од таму сите

-па да
-даааааааа
-да бе живи сме....
-шо се праи, арни сте?
и сите ко у градинка -Даааа

нема, нема и па истово почнува, која е поентата ем сите ве читаат од форумот. Па ќе се зачленуваат некои за да тролаат. Вака во теми или по ПП.
Крај краева напрај еден ФБ со име и со ник од форум како презиме и во груапата зачлени се.
Фала, пријатно. :)
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Јас пак мислам дека тој што сакал да пише пост ќе пише без разлика дали постои чет или не.
Во случај да се додаде чет, ако не ти прај мерак, не го користи. Незнам зошто толку паника? :)

Некако коментариве повеќе против, а гласовите повеќе за :)
П.С. Анкетата ќе биде отворена 2 недели.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Зашто кога ќе се решам да одморам од се’ и да не пишувам, никнуваат вакви теми на кои морам да пројадам нешто? ]:)

Е сега, малку поопширно да објаснам за оние кои никогаш не биле дел од чет на форум и не знаат.
Најлошо нешто што може да се воведе на еден форум е четот.
Ги сфаќам мислењата „за“ - ќе се запознаеме подобро, ќе се дружиме, може ќе упецаме нешто, ама исто ви е и по ПП бе, и Кафе-бар Црно-Бело и Харемот...
На чет ќе настане општ хаос, секој ќе сака да се искаже и да биде прочитан, па ќе се наметнат „главни“ на четот, па другиве ќе се лутат што се во сенка, па ќе изникнуваат сочни муабети, ќе се подели форумов буквално.
Еве, не ги плукам, дел сум и од тој форум, ама на фемина е ужас, чист ужас, токму поради тој чет.
Се наоѓаат изберени багри, си лижат задници, па онда на секое кажано си фрчат лајкови (фактот поради кој се лижат задниците), па другиве се лутат за тие лајкови, па се делат: е па вие ѕвездички ли ви значат, е па вие па љубоморите ли што немате толку...А темите на разговор се шта да ти причам: која што правела денеска, зачинети со сочни оговарања за други членки, и најјакото е кога оговараната ќе се вклучи и во историјата си го прочита името.
Е тука настанува ривалство, па се контраат на секоја можна тема, очи си вадат да се покажат кој е појак.
Не само тоа, туку и администрацијата се подели. Си имаат омилени членки со кои си џаболебарат на чет, и на тие членки се’ им е дозволено во темите, а кога друга која ја оговарале и не е толку омилена пише нешто ни пола навредливо како првава, веднаш следат казни, опомени и бришење мислења. Објективноста и неутралноста се сведени на нула.
Повеќето поквалитетни членки си отидоа изреволтирани поради тој факт, и во глобала останаа само оф-топиците и кафе муабетите да се полнат, со тук-таму по некој нов член кој ќе каже глупост некоја за сите да се насоберат да пукнат сеир и пак да продолжат со џаболебарење.
Не ми го правете и овој форум трачарска кафетерија, жити се’.
Ах да, немојте да мислите дека оф топиците ќе се намалат. Напротив, покрај толку офтопичарење на чет, ќе почнат да се уфрлаат муабетите и во темите, па после снајдете се.
Мислам, вие си знаете, мене не ми ни смета толку, знам дека нема да го користам и крај.
Фала и кај вас.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Јас сметам дека доколку има чет на форумов дискусиите ќе опаднат многу. Ако сака некој чет побогу има скајп, мсн, ете и фејкбук има. Сметам дека треба да се задржи смислата на зборот „Форум“.

Го делам истото мислење.
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
не ми се чита ама просто и едноставно форум и чет не го бива. ќе замрат сите дискусии ... форум е ова не е мирц канал...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and DisturbeD

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Категорично не.
Не сме на форумов дојдени да четуваме туку да дискутираме на одредени теми. За четување се знае-скајп, мсн, па помодерново фб и слично.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DisturbeD and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Зашто кога ќе се решам да одморам од се’ и да не пишувам, никнуваат вакви теми на кои морам да пројадам нешто? ]:)

Е сега, малку поопширно да објаснам за оние кои никогаш не биле дел од чет на форум и не знаат.
Најлошо нешто што може да се воведе на еден форум е четот.
Ги сфаќам мислењата „за“ - ќе се запознаеме подобро, ќе се дружиме, може ќе упецаме нешто, ама исто ви е и по ПП бе, и Кафе-бар Црно-Бело и Харемот...
На чет ќе настане општ хаос, секој ќе сака да се искаже и да биде прочитан, па ќе се наметнат „главни“ на четот, па другиве ќе се лутат што се во сенка, па ќе изникнуваат сочни муабети, ќе се подели форумов буквално.
Еве, не ги плукам, дел сум и од тој форум, ама на фемина е ужас, чист ужас, токму поради тој чет.
Се наоѓаат изберени багри, си лижат задници, па онда на секое кажано си фрчат лајкови (фактот поради кој се лижат задниците), па другиве се лутат за тие лајкови, па се делат: е па вие ѕвездички ли ви значат, е па вие па љубоморите ли што немате толку...А темите на разговор се шта да ти причам: која што правела денеска, зачинети со сочни оговарања за други членки, и најјакото е кога оговараната ќе се вклучи и во историјата си го прочита името.
Е тука настанува ривалство, па се контраат на секоја можна тема, очи си вадат да се покажат кој е појак.
Не само тоа, туку и администрацијата се подели. Си имаат омилени членки со кои си џаболебарат на чет, и на тие членки се’ им е дозволено во темите, а кога друга која ја оговарале и не е толку омилена пише нешто ни пола навредливо како првава, веднаш следат казни, опомени и бришење мислења. Објективноста и неутралноста се сведени на нула.
Повеќето поквалитетни членки си отидоа изреволтирани поради тој факт, и во глобала останаа само оф-топиците и кафе муабетите да се полнат, со тук-таму по некој нов член кој ќе каже глупост некоја за сите да се насоберат да пукнат сеир и пак да продолжат со џаболебарење.
Не ми го правете и овој форум трачарска кафетерија, жити се’.
Ах да, немојте да мислите дека оф топиците ќе се намалат. Напротив, покрај толку офтопичарење на чет, ќе почнат да се уфрлаат муабетите и во темите, па после снајдете се.
Мислам, вие си знаете, мене не ми ни смета толку, знам дека нема да го користам и крај.
Фала и кај вас.
Case closed.

Нејќу да испаднам дека демек се улизувам сеа, ама ваков одговор се бараше. (bravo)

n.b. Ме интересира сеуште која е добрата страна на четот (од оние што го прифаќаат)
 
Статус
Затворена за нови мислења.