Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Glorija

Староседелец
11 ноември 2013
28
37
1,023
45
Сакам да ти кажам дека само се правам будала, за да видам до каде можеш ти да се будалиш со мене.
 

Estelle

Полноправен Член
20 октомври 2013
25
75
13
Дел од мене замина со тебе знаеш?
Ми се допаѓа кога го изговарам твоето име.Звучи така..еротично,заведувачки,секси.
Би сакала да го шепотам тивко,додека ме допираш.
Ми се допаѓаше твојата лудост и спонтаност.Искрениот начин на гледање на нештата.
Начинот на кој сакаше да допреш до мене,така перверзен и директен.
Те посакував.Те одбивав од себе.
Те посакувам.Сеуште понекогаш.
Опасен играч си за мене.
Ја подаруваш твојата љубов и внимание тукутака.Се до некоја следна прилика.
Слични сме.Знаеш?
Во тебе се видов себе,мое огледало во кое не сакам да се гледам.
Хммм..Ти..чуден,необичен,несекојдневен.Еден од толпата,но сам во толпата.
Како и јас.
Кога ме допре првиот пат...ммм..кое чувство на страст,копнеж,возбуда,љубов..
...и..зборовите се сувишни.Доцна е за се нели?
Ми фалиш..
 

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
275
663
Wherever you want me to be
Премногу ми е празно, талкам со мисли накај тебе. Знам, сега сум ти само секојдневен човек кој ја изгуби вредноста во твојот живот. Гледам во твоето име и се надевав дека ќе пишеш, но тоа нема да се случи. Си цртам за да го исполнам времето, да ги оттргнам мислите од проблемите и грижите кои моментално ме опкружуваат, кога ми пишуваш тоа брзо го постигнувам, ја имаш таа моќ да ми ги спокоиш мислите. Ќе си цртам додека мислите не ме изедат. Се` би дал сега да го изгубам умот, да изгубам меморија за светот, за се околу мене, затоа што знам дека ќе останам една точка во твојата книга, како една мала ѕвезда на набото. Нема да ми проговориш, а јас несакам да се борам на тешкиот начин бидејќи ме убива полека но сигурно. Седам онлајн цело време за да ме забележиш... барем малку. Се надевам дека нема да го прочиташ ова.
 

Glorija

Староседелец
11 ноември 2013
28
37
1,023
45
Недостига вкусот, допирот, зборовите кои нижеа бисерни огрлици околу вратот, гласот кој милуваше,насмевката, недостига се.
Посакај ми мир и амнезија на се што било, посакај ми соништа и една молитва за душата која умира...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Luckky

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
одамна ти немам пишано...ми фалат твоите допири кои ме излудуваа, тие топли дланки на моево тело...се топев во тие твои страсни бакнежи кои ме излудуваа...ми фали и твојата прегратка во која бев најсигурна од се'...ми фалиш вечерва...ми фалиш разбираш ли? :unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara