Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
I miss this moments...

giphy.gif


tumblr_mcmygdwzgQ1rr6ev6o1_500.gif


tumblr_m4ud975lXq1rn0y7so1_500.gif


tumblr_m3b4ead4Ed1rq4lc6o1_500.gif


13596409131214784899.GIF


tumblr_mlfa53cvst1snk4ngo1_500.gif
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Конечно го слушнав од тебе тоа што сакав и што мислев дека никогаш нема да го сфатиш дека ти го мислам. Конечно ми кажа дека ти сум голема пријателка и дека пријателка како мене вреди да ја имаш во животот. Ох ми кажа толку работи што сакав да ги слушнам. Мило ми е... Имав прекрасен ден со тебе за кој ти одлучи да го поминеш со мене ден пред да заминеш на зимовање. Покрај девојка ти, другарка ти за шемење, другарка ти која ја сакаш...Од сите три, ти денот го помина со мене. Ти благодарам и за тангото :*
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Има ли некој наречен Љубов?
Некој што овојпат нема да ја побрка мојата верба со незаинтересираност и ситна љубомора. Вечерва него, него моите очи сакаат да го љубат. Сосема случајно, поради обична банална причина.
Да го соберам во дланка, да се борам, а не само залудно да сонувам.
Некој изграден од љубов поради кој нема да знам дали паѓам или се возвишувам, зошто низ прстите го допирам само небото.
Ти си, нели?
Пред мене се движиш како дишењето за тебе да е наједноставната работа на светот. Ако некоја барем на кратко, макар на секунда се обиде да ги повтори моите невешти погледи би можела целосно да се заљуби. Додека мојата уста молчи како и секогаш, проклета и сува – ги впиваш молитвите од моите полу-изгубени очи. Не сакам поезија, не сакам ѕвезди ниту ветувања за утре – сакам љубов. Само толку. Сирова и непреработена. Само љубов.
Давам се, ти велам. А немам многу – челична верба, мојата несигурност и капки недоверба дека можеби сето ова е само уште еден добро одсонуван сон во мојата преполна глава.
Зошто баш мене наеднаш ми се случува ваква среќа? Среќа што не знам како, не знам од каде дошла и не знам зошто сум ја заслужила. Сега сфатив и разбрав. Ангелите на себе носат маска насекојдевени очи кои не се среќаваат туку-така. Не. Тие цело време ја носат љубовта да ја споделат со сличната на себе.


Во дланките на ангелите вечерва... Дај ми го него. Дај ми Љубов.
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Вечерва умира дел од мене, а ти остани и вечно живеј во моиве соништа...ниту една не може да те замени. Среќен Роденден моја малечка барбико.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Те Обожавам, се што правам произлегува од се што чувствувам за тебе
Од кога те имам полесно функционирам и се
има смисла
Претходно имаше измислена смисла, некоја што сама ја наоѓав за да не се чувствувам бесмислено
Тоа претходно и ова сега, не се споредува
...
Не се нервирај зашто се нервирам и јас за тебе, се твое се одразува на мене
Биди насмеан, здрав и среќен за да бидам и јас... или црпи од мене.
Нека сум твојот извор на сите благодети на овој свет.
Твоја сум.
Те љубам.
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Бев несреќна со новиот,бидејќи тагував по бившиот.Тој ги искористи сите орудија за ме придобие мене и мојата љубов.Се дадов со усни но не и со срце.Телото себично го чував за себе,плашејќи се дека кога ќе го дарам ќе биде погрешно искористено...и така би точна интуиција.Не жалам за тоа,но не требаше да се случи за да не дојде до ова каде што сме сега.Во неговите раце гледав убиец,иако беа исцелителни.Бившиот се користеше со секакви интриги да ме оцрне и да ме открие што навистина се случува со мене.Знаев дека многу му значам и дека многу ме сака,но не сакаше така лесно да го пушти нештото кое долго време му припаѓало нему.Точно знаеше што се случува со мене и само нагодуваше,имаше реална интуиција,ми ги кажуваше речениците низ шега а јас се смрзнував и скаменував во ист момент,затоа што тоа беше проклета вистина.Машка психа-на девојките гледаат како на своина,а не како на живи битија.А јас со залет би притрчала во неговите прегратки,и одново и одново......но прегратка негова ја заменив со друга,затоа после си го отплатив долгот.Никогаш не ме замени со друга......а јас проклет да е денот кога те сретнав тебе и се заљубив,и паднав во искушение.И сега тежината е поголема отколку што можеше да биде....и ќе биде....тешкото допрва доаѓа.Штета што јас ти бев само една играчка од многуте во случајот,а велеше дека ме сакаш и на ни еден начин не ми го докажа тоа никогаш.А тој.....тој никогаш не престана да ме сака и да ми го докажува тоа.И тогаш помислив женска психа-го сака оној кој ја повредува,го повредува тој што ја сака.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
сдтк... ме ставаш во незгодно! Многу многу многу незгодно! Ме тераш да избирам меѓу две работи кои не ги сакам.... зошто!?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer