Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Драг пријателе...
Денеска, случајно додека пребрарував низ домот, низ некои стари предмети кои мислам дека ке ми притребаат во иднина, налетав на некои стари добри спомени, кои длабоко беа продреле низ мојава душа. Чувството на смиреност и присеќањето на тие убави моменти од мојот живот, ми осветлија еден нов пат, по кој ке почнам да одам, се надевам за краток период...Нема да имам никој близок, ниту личност да се потпрам, но јас верувам во себе и во моите способности. Имам само една дилема... Дали вреди се што имам овде да оставам, за да живеам во некој нов поинаков свет, далеку од сите, далеку од блиските и далеку од она што ми вели срцето...Дали вреди љубовта што ја чувствувам кон една драга личност, покрај сите подвизи и падови, да ја оставам неповратно да замини...Дали вреди да се откажам од неа? Посветата од 03.01.2013 година ми е една од најважните во мојот живот....Мастилото веќе почнало да бледнее...Врати се, ако сеуште имаме иднина, јас верувам во нас.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
До каде ќе одиме драга?
До бескрај? Има ли бескрајот пат за назад?
Изгледа нема... да имаше ќе се вратевме на местото каде што застанавме пред една година, и ќе почневме одново, без истите грешки, без истите падови на истите препреки...
До каде одиме драга?
До крај? А нели ти ми беше приказна со преубав почеток но без крај? :(
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ми недостасуваш, ми недостасуваш, ми недостасуваш... колку и да не сакаш, колку и да не сакам...
Посилно е од мене. Битка која не завршува, војна во која не знам повеќе како да војувам...
Ме боли кога знам дека не ти е гајле што копнеам, ме боли кога знам дека одамна ја помина станицата на која бевме јас и ти...
Како ли да извојувам победа во битка која ја водам сама со себе....
Љубов моја, зошто ли воопшто ме остави толку многу да те љубам... зошто, зошто, зошто...
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
-“ Извини летен Убавецу, дали би ми дозволил да те прашам едно речиси премногу ноншалантно прашање, кое што би сакала да го поставам на што посуптилен, префинет начин и пред се да ја затскријам мојата летна апатичност ? “
Не знам кое од прашањата да го упатам прво и да се именува како „едно“, и најверојатно би споила две-три во една реченица, од мојата чиста никогаш задоволена радозналост. Најпрво, би сакала да ми ветиш дека никогаш нема да ми го кажеш името, немам место за уште еден запишан, неуспешен обид. Можеби се прашуваш од каде го знам тоа претходно. Не го знам, едноставно, речиси сум сигурна дека јас и ти не можеме да отидеме подалеку од овие песоци, дека заедно нозете не можат да ни излезат од морските бранови, дека надвор од ова лето, мојата приказна е друга. Нема да се вклопиш.
Знаеш … јас не сум од оние што ја примаат љубовта како дрога, јас сум од оние што не можат да му одолеат само на старото, сигурно, добро познато задоволство, она што знае каде бара кога ја бара љубовта, неговата љубов.
Прашањето…- „ Можеш ли да се обидеш да стигнеш до неа без да ме допреш , да стоиш толку близу до мене така што ќе знаеш дека мирисам на тукушто расцутена роза, а да не го почувствуваш нејзиниот вкус, да ја бараш љубовта низ плажава, со мене … вечерва, и да се надеваш дека никогаш нема да ја најдеш ? “
Јас можам, всушност, тоа е мојата летна професија … а ти, треба да си луд за да го прифатиш овој сизифов труд.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
бооо од ко се истрижа ко пес си станата..ако таква и заслужваш никој да те неќи како и што е сега никој не се интересира за тебе беше нешто некогаш ама сега си ништо и немој да се обидваш да имаш нешто со мене оти никогаш немада го имаш сега јас сум онај шо е среќен а ти таа што пати..:)
 

Lovely*-*

Староседелец
27 мај 2012
230
164
1,043
34
Ohrid
kimmyqueen98.tumblr.com
бооо од ко се истрижа ко пес си станата..ако таква и заслужваш никој да те неќи како и што е сега никој не се интересира за тебе беше нешто некогаш ама сега си ништо и немој да се обидваш да имаш нешто со мене оти никогаш немада го имаш сега јас сум онај шо е среќен а ти таа што пати..:)
ХАхахах кој рече дека е сум вљубена ???
Вњубена сум ито како...