Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
ХАхахах кој рече дека е сум вљубена ???
Вњубена сум ито како...

А каде и кој ти рече дека си? :unsure:zelen моооорееее се што има низ темава:D



Ти биди си оној што си,токму таков те приметив.
Токму таков те ставив онаму каде што си и сега.
Ти биди си,но јас веке неможам да бидам истата.
Додуша,цело време се менувам.
Те сакам се повеке и повеке.
И секогаш си мислам дека од ова повеке нема поголемо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rosana

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Tргни го превезот од очите, зарем не гледаш дека ме смени?
Ме смени..заборави дека моето срце треба да го освојуваш секој ден одново и одново.
Почна да оставаш празнини во мене кои чекаат да бидат пополнети, со нежност, љубов, внимание..
Штета што ти не можеш да се освестиш и да го сфатиш тоа дека оној „шмек“ кој го имаше нашата љубов до пред 1год, веќе го нема..
Ти не се ни трудиш, јас кревам раце...До каде само вака, до каде?
 

Препознатлива

Истакнат Член
27 јуни 2012
119
94
328
Се радувам на секој твој успех, тагувам на секој твој неуспех. Денеска целиш кон успех, ќе се радуваме заедно.
Ти спремив изненадување, тортата ја направив и среќна сум што сум покрај тебе.
Ти си мојата среќа...
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Се држиме заедно со последните сили,јас веќе се откажувам би требало да превземеш нешто затоа што ќе ме изгубиш овај пат навистина !:gjavol
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Не ми се верува дека кренав паника за без врска (facepalm) Арно викат прво питај си,после заклучувај некои работи.Џабе вчерашните нервози.Ама ако,барем денеска убо си се изнасмеавме и јас и ти.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Сега која е?
Нема потреба да знам. Се чудам воопшто зошто и го напишав ова овде.
Не ми е јасно.
Ама датава ме враќа на едно место, во едно друго време, кога се беше поинаку. Јас и ти бевме поинаку еден кон друг. Се сетив на нашата приказна.
Милион пати се ослободував од тебе, но нешто сепак не поврзува. Илогично е да го одречеш тоа. Не можеш, затоа што и ти го знаеш тоа.
Сега веќе не те гледам.
Додуша, те гледам ама од далечина. Со некоја друга. Само сакам да те потсетам дека никоја никогаш нема да го заземе моето место - кое и да било тоа.
Никогаш. Затоа што ниедна не е како јас. Ниедна не ги трпи тие срања за ништо. Ниедна нема да чека толку долго за да се вразумиш. И на ниедна нема да и биде потребно толку време да сфати дека всушност ти била играчка. Ниедна и никогаш. Врежи го тоа некаде во твојот незамисливо дебел и тврд череп.