Значи навистина не ги разбирам луѓево.
Значи денес решив и покрај тоа што имам милион работи кои морам да ги завршам да бидам позитивна и да го туркам денот со насмевка. И добив коментар "тебе лесно ти е, јас што да речам"...
На кого бре на денешницава му е лесно? Кој човек во нашава мила Македонија нема некој проблем? Ама тоа е, Македонски синдром, за се да се туфка, за се да се жали. Во ред, разбирам дека има пероди кога навистина ти е преку к. од се, ама нон стоп да си таков, нон стоп да труеш, нон стоп да се жалаш не можам да го разберам. И ако одлучиш да кажеш шега и да се насмееш, тебе лесно ти е.
Не, не ми е лесно, имам еден куп проблеми со кои што сама се борам. Сама. Не сум зависна ниту од мама, ниту од тато, ниту од некоја 3та персона. И сум нашла сила покрај сите тие маки, сепак да најдам причина денот да го гледам светло. Тоа проблем ли е? Како да е неубава работа што сум нашла секој ден причина да се борам и да не дозволувам отепанава ситуација во државава и мене да ме отепа?
Убаво викаат постарите, на никој човек не му ја знаеш маката, затоа не донесувај заклучоци пребрзо.