Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Вечерва сум исклучиво на Плеј ен Вин :) човече ја обожавам песнава:


инаку стандардно, денес среда, по навика си појдов нерасположен, мислам дека полиестерот ме убива по малку, воопшто не јадам, ми се гади од јадење и се. Исклучиво сум на сок од лимон. Дури и пржени компири (кои ги обожавам) ми се одбивни.... Наебав. Јебига, такви се времињата. Девојката што ја запознав додека чекав ред за лична карта е премногу досадна, со нејзиното кафе. Јебига, доволно ми беше што ја запознав. Не ми е погодена годинава за љубов. Фак. Долг пост. Се надевам никој не чита.

Не го нарекувај ова долг пост те молам :)))
НЕкои форумџии( па и јас) ќе треба да смислуваме ново име за вистински одлгите постови :giggle
И девојката... сигурно не е досадна, само не ти е привлечна : )
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
СДК: Мора да смо много богата нација чим за дрва демек биле наши бели дробови, одработуемо суботе. Влада е решила само да боде, те у дрва, те не учи да бодемо плодни днови за многодетни фамилие. Док у свет се произведуе од бивола млеко, руси летив около орбиту сс што стигнев, а свет ствара од попа уши ми куписмо нову мијачницу за двоспратни автобуси. Цена на струју у Македонију е висока како да врти три пута около земњу пред да стигне у наш штекер. А, зашто да штеду? За да палу машину за прање у 10 навечер и да гу држу док не ми ги одлепи бубрези, затој што од нерамни плочке, скака како разјарен бик у шпанску арену. Бензин па, тој па. Годину дна возу авто у лер низбрдо, мислиш ке атерирам кој минут. Храна? Месо ти е 300 денара, пиперке су ти 50 денара. Пунети пиперке су ти 5 евра комад. Јабуке поскупи од банане. Па маму ги е*у, од коју дубину ги вадив тија плодови бре ? Ваљда три километра од под земњу, док власт копа тражејки га гроб на Ацета....


Извадено и модифицирано од страну на кумановски муабети
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly and МиГ 21

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Значи навистина не ги разбирам луѓево.

Значи денес решив и покрај тоа што имам милион работи кои морам да ги завршам да бидам позитивна и да го туркам денот со насмевка. И добив коментар "тебе лесно ти е, јас што да речам"...

На кого бре на денешницава му е лесно? Кој човек во нашава мила Македонија нема некој проблем? Ама тоа е, Македонски синдром, за се да се туфка, за се да се жали. Во ред, разбирам дека има пероди кога навистина ти е преку к. од се, ама нон стоп да си таков, нон стоп да труеш, нон стоп да се жалаш не можам да го разберам. И ако одлучиш да кажеш шега и да се насмееш, тебе лесно ти е.

Не, не ми е лесно, имам еден куп проблеми со кои што сама се борам. Сама. Не сум зависна ниту од мама, ниту од тато, ниту од некоја 3та персона. И сум нашла сила покрај сите тие маки, сепак да најдам причина денот да го гледам светло. Тоа проблем ли е? Како да е неубава работа што сум нашла секој ден причина да се борам и да не дозволувам отепанава ситуација во државава и мене да ме отепа?

Убаво викаат постарите, на никој човек не му ја знаеш маката, затоа не донесувај заклучоци пребрзо.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Ги замолувам гостите од соседната зграда да си одат дома,посебно пијаниот тип што урла и се корне на некоја песна ко да му е послењи дан живота (facepalm) Се надевам славава ќе заврши во најскоро можно време (facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21
Статус
Затворена за нови мислења.