Десет дена ко десет минути. Летнаа одма...
Можам да кажам дека ова беше за мене едно од најубавите патувања кои сум ги имала...
Плажа, море, ново друштво. Кој вели дека гаранција за добар одмор е старата добра екипа?!
А нешто што значи многу повеќе од десет дена журкање е да запознаеш личност која е човек. Вистински човек.
Која нема да те заборави утре... Мене ми стана нешто како сестрата која ја немам. Потраен спомен од едно летување, здравје!
И додека ги збирам впечатоците со музиката на Чола во позадина (мала подготовка за утре), си викам дека дождов го донесов јас. Не требаше да се вратам, требаше да си ја исполнам желбата и да останам уште некој ден. Па, како не би сакала кога беше најубаво...?!
Но, не жалам зашто заврши туку среќна сум што се случи. Среќна сум што ова 2012то лето ми го одбележа едно прекрасно летување, едни прекрасни луѓе и се надевам дека и 2012та зима ќе ми помине исто така добро само малку позападно, накај Алпите.