Реков не одам, реков ќе одам на друго место, реков не сакам со нив...Реков...и пак одреков!
Не можам бе, не можам да не одам. Срцево не ми е мирно ако не одам! Таква сум, сегде сакам да бидам!
И покрај непокасуваното друштво, има луѓе кои не се непосакани. Луѓе со кои сакам да го минам времето, тие пет-шест дена таму и нема да дозволам некој тоа да ми го упропасти!
Јас да не одам зашто тие оделе... О Господе, кај ми беше паметот кога реков „јас не идам“?
Денес си водев краток монолог пред огледало, се преиспитав и сфатив дека сакам да одам.
Решив: одам. Соопштив на тато: одам. Нив не. Нека чекаат до понеделник. Сакам да им го загорчам тој понеделник!
И знаете што? Се ќе биде наопаку! Во понеделник нема да има место за мене!
Ама здравје, така ќе бидам помирна! Подобро да нема место отколку нонстоп во глава да ми се врти дека имало место, а јас не отидов!
Ќе ми држите среќа, дечки?? Соберете ја сета од викендов и во понеделник нека биде на моја адреса во 8 и 30!!