Шитшитшитшитшит!
Знам дека е рано сабајле и дека од мене се очекува патетичен пост, ама не, напротив.
Ме мава узбуџење. И мене бре ми се случува арно.
Сонував многу добар сон пред некој саат. А мене навистина соништата ми кажуваат нешто.
(Ок, не секогаш. Еве, на пример, не ме оплодија последно кога пишав!
)
Туку остајте тоа. Тетин ми е ѕверче човек, три животи нема да ми се доволни да му се оддолжам. Ми пратил солидна сума евриќи да сум се подновела. Гледам јас, ќе прави некој офанзива.
Цвеќето сепак било за мене. Well...барем никој не се појави да си го земе.
Се решив на две освежувачки промени, ама не ги кажувам дури не ги остварам. Едвај чекам! Ај`з вери ексајт, хај фајф!
Ај, добро ви утро и убав ден.