Дојде време...дојде човек...
Се е нешто што е било поминато,
ама сепак е ново и полно со возбуда...
Дојде време...
За повторно љубовта да го добие
своето место...
Да добие нов изглед...
Ех љубовта...
Не може човек да бира
во кого ќе се вљуби,
кого ќе засака...
Нема правила...
Има само чувства,
кои неповикано доаѓаат,
кои повторно се појавуваат
иако биле потиснати таму некаде...
А сепак се живи...
И се почнува да се движи,
се заживува и се разигрува...
Мисли милион низ глава минуваат,
за она што било и што ќе биде...
Животот е виножито од прекрасни бои,
само кога си до оној кој прави
црното и белото да добијат и нијанси...
** Јас само да ве поздравам се надевам не сте ме заборавиле..
Љубете се бескрајно многу во овие врнежливи денови...
И ширете љубов, дупло ќе ви се врати! ......