Сакам да кажам/Сакам да прашам

Teresa

Староседелец
15 јануари 2016
31
5
1,008
Скопје
Здраво на сите. Ако има некој што работел како турстички водич ако може да ми пише порака. Поздрав
 

Ananas

Истакнат Член
14 јануари 2019
75
33
328
31
Добро утро :)
Сабајлево случајно видов дека има села и градови во други држави (Бугарија, Србија, Украина, итн) кои носат имиња на наши градови (Охрид, Куманово, Кичево, Крива Паланка...).

Дали некој ќе може да направи тема каде секој член ќе внесе податоци за некој од тие градови? Сакам да заживее форумот :)
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Добро утро :)
Сабајлево случајно видов дека има села и градови во други држави (Бугарија, Србија, Украина, итн) кои носат имиња на наши градови (Охрид, Куманово, Кичево, Крива Паланка...).

Дали некој ќе може да направи тема каде секој член ќе внесе податоци за некој од тие градови? Сакам да заживее форумот :)
Во Бугарија поточно Варна има населба Виница и село Кичево, 10тина километри се едното од другото. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ananas

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Периодично се навраќам на форумов, гледам дали има нешто ново, препрочитувам што сум пишувала пред години.
Дури не ми се ни верува дека толку време е пројдено.
За некои работи сум останала 100% иста, за други пак сум 100% различна. Од ракав ја тресам де статистикава, да делува поносталгично. :D
Па си викам ај, да забришам прашинка, да ве поздравам тие што сте останале верни тука, како и по некој нов. Фала што го чувате ова катче да дише, макар и на жабри.
Некогаш висев по цел ден овде, па дури и од мобилен. Пиши, бриши, едитирај... Сега Телемитите слободно може во која сакаат тема да вметнат нешто нивно for the generations to come. :D
Се шалам. Пишувајте си луѓе, бришете си сами ако сте оф топик, за казнени пријавете се само. :D

Љуби вас и грли,
Ваша балканска пророчица Клеопатра
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Одим низ парк со две другарки и наеднаш слушаме, галама, урлање пукање итн, за набрзо да сконтаме дека има утакмица на стадион. По кратка дискусија и мое убедување да не одиме, се најдовме внатре. Пред да влеземе нормално прашавме дали ќе не пуштат затоа што бевме без карти, а чичкото ни вика, "ама ова е влез за западна!" Мене во тој момент ми се враќаат некои слики во глава од пред 10тина години кога погрешка со други две другарки се најдовме на таа трибина, одма викам "А штом така јас не би влегла" ама јас ли зборам канти ли тропаат исто е, :) фино лепо си влеговме. И чичкото пак ни вика, "немојте да одите на лево, таму се навивачите одете само на десно." Аха ок и тргнуваме натаму очекувајќи да видиме цел стадион полн, барем според таа галама... таму што да видиш двајца без тројца и три четири реда полни со навивачи. Секако и мноогу полиција.
Ги гледам фудбалериве, па навивачите, па пак фудбалерите и пак навивачите и си викам "па навивачиве се поголема атракција од самата утакмица" Толку многу се радуваа, толку многу ги подржуваа што едвај некој од тие два тројца ја следеа утакмицата. Фудбалерите и оро да си заиграа мислам дека никој немаше да ги примети. :)
Па си размислував кога Македонската фудбалска федерација би имала барем пола од организацијата и посветеноста на навивачите, можеби фудбалот би бил на многу повисоко ниво, можеби на трибините би имало повеќе од два тројца гледачи, можеби и самите фудбалери би биле повеќе мотивирани кога би гледале барем половина полн стадион, а не празни столчиња, можеби многу можеби ама слаба реализација. Од истиот клуб што денес играше, помладата генерација пред помалку од месец освоија прво место во нивната категорија во Бугарија, како и ред други успеси, а за тоа повторно два тројца знаат...
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Многу падови на ѕвезди од небото има издржано низ бесконечноста оваа Земја по која одиме - која над себе и под себе единствено ја има Големата Бездна - додека ита кон својата конечна смрт.

А јас и ти, дури и богови да сме на Земјата, ќе сме само по еден атом, еден од многуте со своите варијации и промени.
Сепак, и тоа е многу, кога се работи за човекот и неговата бесконечна моќ да се менува и надминува.

Не смее човек да заборави дека не постои поголем грев од тоа свесно да ја отфрла вистината за себе си за да задоволи догми и љубоморни богови во кои верува човештвото.