Сакам да кажам/Сакам да прашам

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Едно триесет пати ставив лабело. Онака автоматски, без размислување.
Всушност, сите сме бре некако автоматизирани, ко да го нема она „Е ,абе, ај ова...“ „Ај...“ туку сè мора да е однапред испланирано, исклиширано до даска со нереални очекувања, и после Бранко е крив оти не излегло по замисла.
Не е разумно планирање, страв е!

Ја гледам Валентајнскава треска низ град и се смешкам од страна.
Основци уште сега се разлетале со срциња, лепојка му се обесила на братов за рака дури ја шета низ рафтовите на Космо со „Ексклузивно! Специјални Валентајнски понуди!“, а пустиот стокмил еден поглед со кој убива сè живо од страна.
Па се купуваат нови, секси гаќи и утешни подароци за сингл другарките, пример вибратор, оти смислата за хумор ни се споила со чувството за емпатија.
А вака и оние бабини гаќи вршат работа, што знам, и онака на под никој не ги гледа.
Ама убедливо врвен подарок ми е шоља со ликот на партнеров или заедничка слика.
Мислам, де бе, overly attached couple, при секое пиење вода да се потсетат еден на друг.
Не знам, мене би ми било крипи, онака у стил:
34501439.jpg

И утре после раскин, извршуваш физиолошка потреба во шољата, ја кршиш во налет на нервоза, пропратено со „Чаше ломим, руке ми крваре“ и...што? Ќе најмат некој да им го наслика бившиот партнер на шољата во ВЦ? :frantic
Зошто не почнат да си ги штампаат ценетите ликови на гаќи бе? Барем нема да е толку клише.
Онака, еднобојна гаќа и ти искезен/а на неа. Единствено најголемата дилема би била дали да се стави ликот напред или позади, ама еве, некој натпис секогаш ќе ја извади ситуацијата. Пример, нешто у стил: „Љубави, ти ја посветувам гачава, за да знаеш оти сум со тебе и при најголемите срања.“
И? Ништо, од утре сè по старо.
И сонцево лаже, мраз е надвор.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Го мразам денов. Роденден ми е. Роденден на бившата. Два родендени сум славел со неа. :) некако некои идиотски спомени ми навираат. Од утрово сум збунет, дечко и ми го честита роденденот на работа. фак :) чудно ми беше :) Спомени си се спомени :)не се забораваат :) Сум начукал 22 години. Снег врнел ко сум се родил, а и денеска :)
Некако убаво е кога таа што ја сакаш прва ти го честита роденденот :)
***
да ве поканам на торта. (cake)
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Не им ја разбирам љубомората на луѓево. Уствари во ред, разбирам донекаде да љубомориш на некој што има повеќе од тебе. Ама како е воопшто возможно да му љубомориш на некој што има помалку, да му љубомориш за тоа малку што го има? Абе златни, какво изненадување ве чека, има болни да легните.

On a completely unrelated note, интересно е да дознаваш нови работи за тебе бе. Кај си бил, со кого, кај ќе си одел, што ќе си правел. |-( Ќе се организирало некое зимување/летување, јас сум била прва на списокот? Whaaaa? Сум била некаде, со некого..? Фала барем шо бев известена, иначе ќе се срамев ако ме прашаше некој кај сум била, а јас да не знам. :giggle

Мене пак ми е убо, вие терајте си како сакате. (sun)

Иии да, следна дискографија на листата за спуштање ми е таа од Breaking Benjamin. music-124.gif
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Петок е луѓеееееееее :igra.Денов поубав никогаш не ми бил фак јеа :D ќе си умрам.Ветувам,значи шо сака нека биде ама на Red Hot Chili Peppers на концерт ако не отидам,ќе се кољам.У позадина слушам нивна музика,песните се наредени,вотката е спремна,јадењето тукаа и журката може да почне.Сестра ми се спрема,од време на време ме замара да ја сликам :D.
Убаво да си поминете вечер кај и да одите.:*
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Тешко на оние кои си мислеле дека лугето се менуваат.
Ма какво менување,ич нека не ве лажат.
Лугето не се менуваат,само се прилагодуваат.
Ваму,таму,понаму.
Денес,вчера,оломнани.
А знае ли некој да напише пример за идно минато време?
Ако те фатам,ја *бав сестра ти.:eek:
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Сакам да кажам испадна документарецот за thepiratebay .. тоа значи симнување и гледање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сум живеел во заблуди, they said.
Сум се прилагодувал, they said.

А јас тоа да сум ти откривал топла вода.

Не бре реков еднаш, не е интересно. Одење по помал отпор. Тотално извртување на работите. Релативизирање во се`.
Speak up. Only truth will set you free!