Едно триесет пати ставив лабело. Онака автоматски, без размислување.
Всушност, сите сме бре некако автоматизирани, ко да го нема она „Е ,абе, ај ова...“ „Ај...“ туку сè мора да е однапред испланирано, исклиширано до даска со нереални очекувања, и после Бранко е крив оти не излегло по замисла.
Не е разумно планирање, страв е!
Ја гледам Валентајнскава треска низ град и се смешкам од страна.
Основци уште сега се разлетале со срциња, лепојка му се обесила на братов за рака дури ја шета низ рафтовите на Космо со „Ексклузивно! Специјални Валентајнски понуди!“, а пустиот стокмил еден поглед со кој убива сè живо од страна.
Па се купуваат нови, секси гаќи и утешни подароци за сингл другарките, пример вибратор, оти смислата за хумор ни се споила со чувството за емпатија.
А вака и оние бабини гаќи вршат работа, што знам, и онака на под никој не ги гледа.
Ама убедливо врвен подарок ми е шоља со ликот на партнеров или заедничка слика.
Мислам, де бе, overly attached couple, при секое пиење вода да се потсетат еден на друг.
Не знам, мене би ми било крипи, онака у стил:
И утре после раскин, извршуваш физиолошка потреба во шољата, ја кршиш во налет на нервоза, пропратено со „Чаше ломим, руке ми крваре“ и...што? Ќе најмат некој да им го наслика бившиот партнер на шољата во ВЦ?
Зошто не почнат да си ги штампаат ценетите ликови на гаќи бе? Барем нема да е толку клише.
Онака, еднобојна гаќа и ти искезен/а на неа. Единствено најголемата дилема би била дали да се стави ликот напред или позади, ама еве, некој натпис секогаш ќе ја извади ситуацијата. Пример, нешто у стил: „Љубави, ти ја посветувам гачава, за да знаеш оти сум со тебе и при најголемите срања.“
И? Ништо, од утре сè по старо.
И сонцево лаже, мраз е надвор.