Родители хомосексуалци

Дали сметате дека хомосексуалците треба да имаат право да посвојуваат деца?

  • Да, го имаат тоа право.

    Гласови: 6 33.3%
  • Не, во никој случај. Тоа е против природата на човекот.

    Гласови: 9 50.0%
  • Немам определен став на оваа тема. Нивен живот-нивна работа.

    Гласови: 3 16.7%

  • Вкупно гласале
    18

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
А да ве прашам нешто, оти многу сте ми контрадикторни.
Нели детето треба да е од „нормални“ родители т.е. маж и жена...е, па како тогаш настанале хомосексуалците, ако не од „нормални“ парови?
Каде „погрешиле“ тие родители? Или одеднаш тоа болест беше?
Па ако е болест, тогаш од каде сигурноста дека детето одгледано од хомосексуалци ќе стане исто ко нив? Или сега па до воспитувањето и средината е?
Или па и двете се криви?
Верувам дека без разлика на определбата, секој добар родител е должен убаво му објасни на детето како стојат работите, па тоа после самото ќе знае што сака.
Вие бре сте се закоравиле и се однесувате ко тоа дете да нема да биде пуштено од дома и нема да се меша со остатокот од светот, па нема да знае што сака и ќе мисли дека ќе треба да го следи примерот на родителите. Нонсенс.
Нели, пошто сите сме со свое цврсто јас за кое се чукаме у груда, јасно е дека не може еден хомосексуалец родител да влијае врз изборот на детето, исто како што и неговиот родител - хетеросексуалецот, не можел да влијае врз изборот на сексуалната определба на своето дете.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Природата дала дете да се роди како плод од маж и жена..

Нај ПРОТИВ сум педери и лезбејки да посвојуваат деца, па кој пример ќе го научат тие од нив, и кога ќе оди на школо шо ќе им каже учителката, ајдеее татковците дојдоа да те земат. Секако дека детето одма ќе биде осудено од околината, нормално гледајќи во кои услови и со кого живее.
И да не должам на темата оти можам да пишувам до сабајле, кој сака дете нека си го направи и нека си го роди. А овие обратните да не бараат многу права оти никој ништо не им скратил, нека живеат како нормални луѓе и се ќе им биде во ред.

Фала пријатно
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Природата дала дете да се роди како плод од маж и жена..

Нај ПРОТИВ сум педери и лезбејки да посвојуваат деца, па кој пример ќе го научат тие од нив, и кога ќе оди на школо шо ќе им каже учителката, ајдеее татковците дојдоа да те земат. Секако дека детето одма ќе биде осудено од околината, нормално гледајќи во кои услови и со кого живее.
И да не должам на темата оти можам да пишувам до сабајле, кој сака дете нека си го направи и нека си го роди. А овие обратните да не бараат многу права оти никој ништо не им скратил, нека живеат како нормални луѓе и се ќе им биде во ред.

Фала пријатно
ами ако не може?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco


Има хомосексуални парови кои можат да си направат дете? Трпение-спасение еден ден може да затрудни Митре од Гоцета...или обратно...:D
Брак во ред, ама за деца....некако е претерано. Ако постои некој мал процент на хетеро парови кои поради болештини не може да направи дете, кај хомо паровите ниеден пар не може да направи дете поради биолошка некомпатибилност на органите одговорни за зачнување...
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Да , едноставно мене не ми играат тие работи улога во животот, се додека детето расте во среќна и убава околина. Арно ама ова моево е научна фантастика за овде така да ако збориме за Македонија или поблизок Балкан тоа дете нема да има неубав живот оти родителите се хомо , ќе има неубав живот зошто околината знае дека е дете на хомосексуалци ...така што еве полека полека од Да дојдовме на Не ...у монструм ќе го претворат , којзнае што ќе стане од детево , го жалам, овие не ги надминале класните разлики, националните разлики, религиските разлики, хомосексуалност одма на клада бе шо ви е вас.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Зошто да не, не се тоа луѓе од друга планета, ниту баба роги или чудовишта па да не можат да изгледаат дете.
Подобро да расте со две мајки или двајца татковци отколку без ниеден од нив, па да се мкне по институции, или во онакви семејства што наводно "чуваат" деца само да извлечат пари од државата.
Единствен проблем во цела приказна е само што ќе кажат луѓето, како ќе го прифатат, како ќе се вклопи во средината, ама треба да се научиме дека ако сакаш потекнувај и од кралско семејство луѓето секогаш ќе зборуваат.
И кој ги тркала луѓето што рекле.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Интересна, иако длабоко хипотетичка тема. Исто како дискусија за можноста еден ден тука да се организира трка на Формула 1...:)
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Не треба да им се дозволува на ваквите да посвојуваат дете. Тие луѓе не се способни да одгледуваат дете, а тоа тие самите го избрале.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не треба да им се дозволува на ваквите да посвојуваат дете. Тие луѓе не се способни да одгледуваат дете, а тоа тие самите го избрале.
Зошто, што им фали?
И поради која причина да не им се дозволува на "таквите" да посвојат дете?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy