Јасно. Ама ние нема да го промениме мислењето на мнозинството преку ноќ. Зошто да страдаат невини души додека останатата популација со описменува и опаметува?Тоа е проблем во нивната глава и стар проблем во општеството, каде секогаш аргументот е: зошто кај некој друг е вака а кај мене си цветаат рози. Зошто викам дека е стар проблем? Затоа што веќе во западните држави се пробува и на одредени места е успешно совладан. Тоа што кај нас затуцаноста и конзервативноста не ни дозволува да не погледнеме подалеку од дворот на комшијата е исклучиво наш проблем. Да бидам конкретен. Ако утре се деси брак помеѓу двајца стрејт (маж и жена) со различна расна определба, веднаш ќе се дојде до осуда. За се` некогаш се доаѓа до осуда. Било да е за геј брак, различна боја на кожа.. Дури и брак со жител од соседните држави доаѓа до осуда.
Сѐ е супер на хартија. Хомоген брак, посвоено детенце(спасено од агонијата на домовите за деца без родители) прифатено од општеството. Прекрасно семејство, родители што му даваат љубов, топол дом, сѐ. И кога реалноста би била поинаква би бил и јас за.
Ама додека гледам како функционира свеста на наше тло, едно големо Не.
Бидејќи се повика на мој личен податок што одлично го знаеш. Бидејќи јас знам најдобро, ќе ти кажам дека едно дете минува милиони часа без спиење и плачење затоа што ДРУГАРЧИЊАТА не прифаќаат деца различни од нив.Кое дете знае што е хомосексуалност и кое дете место да си игра со врсниците се замара со домашните проблеми на другите?
И каква личност да е човекот, и колку и да осудува не верувам дека ќе го труе своето дете со такви работи како не играј со тоа дете татковците му се педери и слично?
Како ја опиша ситуацијава ти како детево да е од Марс, па нема да биде прифатено, па ќе биде осудувано или не знам што. Децата не се такви, ти треба да знаеш најдобро
Јас и сестра ми не бевме од Марс ама само затоа што не си го знаевме името на едниот родител бевме омаловажувани па дури и од професорите. И влијае тоа на психата и те како влијае.
Значи една таква ситуација предизвикува избегнување на децата а замисли што би се случило ако во кичевската гимназија влезе дете од геј родители.
Јас не го оправдувам ова, не е добро. Не чини. Заостанати сме. Ама не можам да сторам ништо да го сменам тоа. Тоа што јас не би го исмевал и јас не би му забранувал на моето дете да се дружи со такво детенце(кое не е по ништо различно) не значи дека сите размислуваат исто - всушност не размислуваат сите исто.
Реалноста ни е многу грда тука, токму затоа како што му реков на Саладин... Едно големо Не за посвојувањето деца од страна на геј парови - ама на наше тло. За во светот каде што им е поразвиена свеста таму е супер... и мило ми е што се стигнати до тој стадиум.