Родители хомосексуалци

Дали сметате дека хомосексуалците треба да имаат право да посвојуваат деца?

  • Да, го имаат тоа право.

    Гласови: 6 33.3%
  • Не, во никој случај. Тоа е против природата на човекот.

    Гласови: 9 50.0%
  • Немам определен став на оваа тема. Нивен живот-нивна работа.

    Гласови: 3 16.7%

  • Вкупно гласале
    18

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Тоа е проблем во нивната глава и стар проблем во општеството, каде секогаш аргументот е: зошто кај некој друг е вака а кај мене си цветаат рози. Зошто викам дека е стар проблем? Затоа што веќе во западните држави се пробува и на одредени места е успешно совладан. Тоа што кај нас затуцаноста и конзервативноста не ни дозволува да не погледнеме подалеку од дворот на комшијата е исклучиво наш проблем. Да бидам конкретен. Ако утре се деси брак помеѓу двајца стрејт (маж и жена) со различна расна определба, веднаш ќе се дојде до осуда. За се` некогаш се доаѓа до осуда. Било да е за геј брак, различна боја на кожа.. Дури и брак со жител од соседните држави доаѓа до осуда.
Јасно. Ама ние нема да го промениме мислењето на мнозинството преку ноќ. Зошто да страдаат невини души додека останатата популација со описменува и опаметува?
Сѐ е супер на хартија. Хомоген брак, посвоено детенце(спасено од агонијата на домовите за деца без родители) прифатено од општеството. Прекрасно семејство, родители што му даваат љубов, топол дом, сѐ. И кога реалноста би била поинаква би бил и јас за.
Ама додека гледам како функционира свеста на наше тло, едно големо Не.
Кое дете знае што е хомосексуалност и кое дете место да си игра со врсниците се замара со домашните проблеми на другите?
И каква личност да е човекот, и колку и да осудува не верувам дека ќе го труе своето дете со такви работи како не играј со тоа дете татковците му се педери и слично?

Како ја опиша ситуацијава ти како детево да е од Марс, па нема да биде прифатено, па ќе биде осудувано или не знам што. Децата не се такви, ти треба да знаеш најдобро :)
Бидејќи се повика на мој личен податок што одлично го знаеш. Бидејќи јас знам најдобро, ќе ти кажам дека едно дете минува милиони часа без спиење и плачење затоа што ДРУГАРЧИЊАТА не прифаќаат деца различни од нив.
Јас и сестра ми не бевме од Марс ама само затоа што не си го знаевме името на едниот родител бевме омаловажувани па дури и од професорите. И влијае тоа на психата и те како влијае.
Значи една таква ситуација предизвикува избегнување на децата а замисли што би се случило ако во кичевската гимназија влезе дете од геј родители.
Јас не го оправдувам ова, не е добро. Не чини. Заостанати сме. Ама не можам да сторам ништо да го сменам тоа. Тоа што јас не би го исмевал и јас не би му забранувал на моето дете да се дружи со такво детенце(кое не е по ништо различно) не значи дека сите размислуваат исто - всушност не размислуваат сите исто.
Реалноста ни е многу грда тука, токму затоа како што му реков на Саладин... Едно големо Не за посвојувањето деца од страна на геј парови - ама на наше тло. За во светот каде што им е поразвиена свеста таму е супер... и мило ми е што се стигнати до тој стадиум.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Licno taa

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753

Еј воопшто не мислев на тие работи, многу погрешно се разбираме јас и ти.
Мислев ти најдобро знаеш дека децата не се такви пошто си родител и подобро ги знаеш децата. :)

А за заостанати сме навистина, осудуваме, коментираме, оговараме, ама ќе биде исто и ништо да не фали во семејството.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Еј воопшто не мислев на тие работи, многу погрешно се разбираме јас и ти.
Мислев ти најдобро знаеш дека децата не се такви пошто си родител и подобро ги знаеш децата. :)

А за заостанати сме навистина, осудуваме, коментираме, оговараме, ама ќе биде исто и ништо да не фали во семејството.
Не, не ме сфаќај погрешно, на хомогено семејство јас воопшто не мислам дека му фали нешто. Ама мнозинството мисли.
Значи јас искрено сметам дека дур стигнеме до стадиум да може да се посвојуваат деца од страна на такви парови треба муви да лапаме... Прво да се воведе сексуално образование, курсови за родителите како да зборуваат со секс за децата. Прво таа табу тема да се тргне, е тек тогаш може да настапи на сила тргање на стегите и синџирите во врска со стереотипите за хомосексуалците... И после тоа да се мисли за посвојување...
До тогаш, секое дете кое би било дете од хомоген брак, би било унаказено, осудувано, отфрлано, и да, многу повеќе од што би било отрфрлано дете родители се маж и жена(па дури и да се со најнизок морален статус).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Добро, ама ова испаѓа како да го припремаме општеството за да ги прифати ваквите случаеви, а зборуваме и тежнееме кон тоа да не не занима туѓото мислење.
Точно е дека има личности што можат да го омаложуваат детето, да го нарекуваат чудак и што уште не, ама што влијае тоа, ако има исполнето и среќно детство, родителска љубов, кров над глава и полн стомак? Воопшто не ме секира мене осудувањето и неприфаќањето од околината. Сите сме биле осудувани и исмејувани 100% во некој дел од детството. Некој бил дебел, некој срамежлив, некој помалце напредувал, па не сме израснале во некои посебни категории различни од другите.

Не ми е битно воопшто родителот со кој спие и кој му е изборот за љубовен партнер, се додека е добар родител.
 
:) Сето ова е многу многу добро кажано на хартија драга, навистина. Ама не е така во реалноста, и што побрзо го прифатиш тоа - тоа подобро.
Не е секое дете исто и не секое дете реагира исто на предизвиците.
Ратко ќе им се насмевне во лице кога ќе го омаловажуваат ќе отиде дома ќе си ги прегрне родителите и ќе биде баш ме брига.
Ама Петко ќе се врати дома ќе се затвори во соба ќе плаче, потоа ќе има проблеми со социјална фобија, па за да функционира добро ќе сфати дека една чашка коњак му помага, потоа ќе стане имун на тоа, па ќе му помага цело шише коњак - и ете ти девијантна појава.

Да, јас тежнеам кон тоа туѓото мислење да не ми влијае, ама немој да ми кажеш дека ако денес не ти е гајле дали другарка ти ќе ти рече дека црната боја на коса не ти стои убаво, исто си се чувствувала и во прво одд... Јасно е дека помалите деца се почувствителни и поранливи.

И, да, општеството мора прво да го припремиме па потоа да се внесат новитети. Прво теорија, пракса па примена :)
Ајде да се вратиме п.н.е и да им однесеме лап топ на батките од тој период. Има да го скршат и тоа без око да им трепне, затоа што ќе мислат дека е чудовиште од Хад.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Друга вера, боја, раса, преку се може да се помине..ама истополов брак НЕ. Не е дека некој е конзервативен или патријахално воспитан, напротив. Сите сме свесни за новите брзи промени во нашиот социјален живот, и сите се носиме со истите, брзи бракови, разводи, врски, мувања, менување партнери, и пак ништо не е полошо од хомосексуалност.

Пример: маж и жена се запознаваат во локал. Мажот со своите манипулативни моќи успева да ја заведе жената, таа останува трудна. Мажот во најмала рака ја остава жената самохрана мајка. Во полошо сценарио, останува со нејзе. Живее двоен живот со минимум една швалерка, за која нормално жената претпоставува. Во најлош но и за жал најчест случај, тој има швалерка, жената знае, тој е агресивен и ја тепа неа. Тоа насилство е гледано со очите на едно невино детенце.

Arkantos
Се додека владее оноа ако другиот не може, не мора и јас, ние ќе си стоиме во онаа жабокречина на приученоста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Пример: маж и жена се запознаваат во локал. Мажот со своите манипулативни моќи успева да ја заведе жената, таа останува трудна. Мажот во најмала рака ја остава жената самохрана мајка. Во полошо сценарио, останува со нејзе. Живее двоен живот со минимум една швалерка, за која нормално жената претпоставува. Во најлош но и за жал најчест случај, тој има швалерка, жената знае, тој е агресивен и ја тепа неа. Тоа насилство е гледано со очите на едно невино детенце.

Arkantos
Се додека владее оноа ако другиот не може, не мора и јас, ние ќе си стоиме во онаа жабокречина на приученоста.

А оние педерите па оти мирни ќе бидат и детето ќе живее во мир и спокој :eek
Имаме примери, со швалерки тепања и слично и нормално кој не сака да трпи си има право на развод и фала пријатно. Како бе ова најде да го споредуваш (facepalm) не ми се веруе...
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
А оние педерите па оти мирни ќе бидат и детето ќе живее во мир и спокој :eek
Имаме примери, со швалерки тепања и слично и нормално кој не сака да трпи си има право на развод и фала пријатно. Како бе ова најде да го споредуваш (facepalm) не ми се веруе...
Гледано од гледната точка на Саладин - си има право човекот.
Подобро да живее во мирен брак од двајца мажи/две жени него да биде тепано/да биде неговиот родител малтретиран. Разводот е комплексна работа не е лесно, ниту да се одлучиш за развод ниту па процесот е лесен, така да детето ќе биде истрауматизирано многу повеќе отколку во геј браковите.
Ама вака може да се збори за во напредно општество дефинитивно не за во Македонија, затоа што тука детето ќе биде исто истрауматизирано и во геј брак и во дисфункционален брак.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
А оние педерите па оти мирни ќе бидат и детето ќе живее во мир и спокој :eek
Имаме примери, со швалерки тепања и слично и нормално кој не сака да трпи си има право на развод и фала пријатно. Како бе ова најде да го споредуваш (facepalm) не ми се веруе...
А што ако мајката одлучи да остане во таков брак, само за децата да не растат одвоени од едниот родител?
И тука таа трпи, децата гледаат?

А од друга страна што може да гледа дома дете на хомосексуалци, а да пати поради тоа и да се трауматизира?
Освен, како и кај сите нормални парови ако нема семејно насилство, кавги и расправии, друго посебно нешто што можат само хомосексуалците да му го направат на детето нема...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Бреј
А кој гарантира дека двоица од ист пол ке имаф миран брак. Па замисли двоица мушкарци скараф се за треќога мушкарца : ) покољ
И дете ке глеа куде му се тепаф таткофци за шфаљера : ) цц
Сфе е могуќе у било какф брак, али за мене брак кој не е сс природни нагони не е добра средина за да расне едно мало дете
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty