Дали треба да веруваме во Тројството??? Како прво, во Библијата никаде го нема зборот „тројство“. Како второ, Исус никогаш не тврдел дека е еднаков со Бог. Напротив, Исус му служел на Бог (Лука 22:41-44). Трет доказ е односот меѓу Исус и неговите следбеници. Дури и откако бил воскреснат како духовно суштество, Исус ги нарекол своите следбеници „моите браќа“ (Матеј 28:10). Дали тие биле браќа на Семоќниот Бог? Се разбира дека не! Но, поради својата вера во Христос — Божјиот првороден Син — и тие станале синови на неговиот Татко (Галатите 3:26).Исус вели дека Таткото знае повеќе од Синот. Меѓутоа, кога Исус би бил дел од Семоќниот Бог, би ги знаел истите работи што ги знае и неговиот Татко. Според тоа, не е можно Синот и Таткото да бидат еднакви. Сепак, некои ќе речат: ‚Исус имал две природи. Овде тој зборува од гледна точка на човек‘. Но, дури и да е така, што да кажеме за светиот дух? Ако и тој е дел од истиот Бог од кој е дел и Таткото, зошто Исус не вели дека светиот дух го знае она што го знае и Таткото?