"Religion is regarded by the common people as true, by the wise as false, and by rulers as useful"
Се е кажано.
- Seneca the Younger
Се е кажано.
Мислам дека не се разбираме.За мене бог е нешто во кое кога би верувале, можеме да се пронајдеме, бог како сила ок, или јас би рекол секој за себе си е бог нели. Ако некој со слиа нешто не ти даде сигурно дека ако нешто што не сакаш нема да посегнеш кон него. Затоа низ времево како што човекот ја сваќа смислата за бог, на почетокот биле над природни нешта бог за човекот, нешто што е над него. После низ времето се упростува тоа гледиште и е повеќе кон анимализмот, т.е. се зема животното во конотација со некое митолошко суштество или нешто замислено, додека денес како што гледаме па и од антика се зема човечкиот карактер и се мисли дека бог е оној дедо со брада, т.е. мудрецот. Сега ако зборме за религија, мислам дека религијата е многу убаво гледиште па и бога ми е филозофско, но во определени граници да не се навлегува до толку, а за многу да ги има денес многу богови, а особено религи. Мислам дека пробав да ти доловам како е мојата моментална појдовна точка за бог и религија - се во свои граници, не мора ако не го почитувам да го плукам, пеким , за некој е свето ако не е за тебе... а за тебе што е бог, само еден обичен збор?
Мислам дека не се разбираме.
Не реков дека Бог е перење мозок,
туку реков дека религиите се перење мозок.
Бог за мене е универзалната енергија
која постои и во сите нас и таа енергија во нас се вика душа.
Ме интересира само како луѓето кои веруваат во Бог, го замислуваат истиот.
Библијата на пр.
се смета за Божји глас.
Не би рекла дека е така.
Таму пишува(во Новиот завет)
Покорете им се на властите на држава за да си го поминете полесно животот..
??????
За жените:
Покорете им се на своите мажи и служете ги
како да го служите Исус.
???????'
Мислам дека Библијата постои само за тоа
да профитира власта и главите на државите од неа.
и мажите, нормално.
Друго,
црквата.
Незнам за православната, но католичката црква е самата мафија.
Се случуваат работи во Ватикан, кои ако би се поштувала Боблијата не би смееле да се случуваат.
Во католичките училишта за деца,нон стоп
се случуваат силувања од страна на пратрите те свештениците.
Значи педофилија до максимум.
Поповите возат најнови коли,кулираат
по одмори и слично, а се сметаат за чеда божји,
и после јас како јас, одам на исповед кај некој кој едвај чека да помине исповедта за да оди на кафе.
И значи ништо од тоа.
Не припаѓам на ниедна религија,
и верувам на свој начин во Бог.
Ах да, сега прочитав нешто од slb_bobo
па ми текна.
Судењето на небото после смртта и
рајот и пеколот,
мислам дека се скроз погрешно протолкувани
и сфатени од верниците.
Нема никој кој ќе не суди после смртта.
Се работи за пеколот и рајот на земјата.
Пеколот и рајот кој ние самите си го ствараме во нашите глави.
Се зборува за ангели и демони.
Епааа...
Во секој од нас постојат и ангели и демони.
Тоа се нашите сопствени гласови
( кои ги имаме во главата)
и кои знаат да не дигнат или уништат.
Нема потреба од покорување и страв од Бога.
Бог не казнува бар не универзалната енергија.
Ние самите се казнуваме со нашите постапки.
Така да Библијата е многу погрешно протолкувана и преведена.
Запознав пастир кој знае еврејски и ка има Библијата прочитано и обработено на еврејски.Ми кажа дека постојат грешки( огромни грешки во преводите, кои и воопшто не наликуваат на оригиналот)
Кога ќе замислиме колку пати е само од еврејски преведена,
ќе сфатиме дека можеби 20 страници се навистина така напишани како треба да бидат напишани.
Така да, останувам на тоа дека
религиите( не само православната туку и сите останати се навистина перење мозок)
исто како и Библијата, Куранот итн...
Универзалната енергија,Ако ништо друго, објасними кој е твој БОГ? го повикувам чукам три пати во дрво...
Универзалната енергија,
веќе напишав во горниот пост која постои во секој од нас и е она што се нарекува душа што значи Бог е во секој од нас, и секој од нас е дел од универзумот.
За митологијата е доволна само добра фантазија и креативитет, и оооп имаш сервираноСупер заклучивме дека сите религии, кои растеле како дрво без разлика дали се негативни
денес треба да ги фрлиме, и на крај ке нема за што да правиме мулабет. Не знам дали имаш слушнато
само на колку луѓе им има помогнато некако тој бог, што се сведоци за себе.
Но едно е интересно со религијата ајде да ја оставиме зад нас, таа манипулација со народот, тоа е јасно. Колку само е богот водата,
која е нај централно поставена .
Нормално во среден век на пример се има извршено најголем геноцид на жената, жалам...
Но како и да е ајде објасними што без митологијата...?
Ако ништо друго, објасними кој е твој БОГ? го повикувам чукам три пати во дрво...
А би можел ли да ми ги дефинирашПробувам да те сватам, но тешко ми оди. Многу големо нешто да го објасниш со еден универзум, ми нема логика, душа е сосема друго а бог друго, ако ги дадам најконкретен одговор мислиш дека нема да го променам твоето мислење?
А би можел ли да ми ги дефинираш
трите нешта:
Универзална енергија
Бог
и душа?
Па после ќе ти објаснам на што и како мислам
и верувам дека ќе се согласиш со мене
Ќе се обидам накратко да ти го објаснам сето ова, затоа што гледам дека неможеш да ја најдеш жичката која ги спојува трите поими.
Поимот Бог опишува висок принцип на космосот.
Бог е мистерија, без одговор.
Универзумот е исто така мистерија, без одговор.
Универзалната енергија, е моторот на нашите животи и постои во секој молекул и атом.
Значи нема кај ја нема.Таа енергија
постои во целиот космос, поминува те продора низ него и му дава интелегенција.
Висока интелегенција.Тоа е божјата совест.
Целта на секој од нас, дали свесно или несвесно е спојувањето со таа пре-енергија.
У.Е е природната енергија на универзумот.
Тоа е есенцијална храна за духот и телото
(потсеќа на душа и е душа)
Оваа енергија ги содржи сите формули и фрекфенции на физиката и постојано се труди да ја усоврши рамнотежата( балансот)
на енергијата на нашето тело(МАТРИКС познат коплекс на формули за изедначување на двете страни на равенките).
Квантната физика ја опишува оваа енергија како органска нулна единка, која е семоќна
и продира низ целиот универзум.
Таа е бескрајна и никогаш не умира.
"Нулна точка на енергија"
така е наречена и никогаш не умира, значи вечна е.
Содржи се што е потребно за функционирање на светот те комплетниот потенцијал на универзумот.
Дали сето ова не те потсеќа на Бог?
Без таа енергија не е можен живот.
Без Бог не е можен живот.
Енергијата е во сите од нас, значи Бог е во сите од нас.
Се надевам сфати кон што целам.