Религија (oпшта дискусија)

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Тука ќе позборуваме за религијата од општествен, социолошки и психолошки аспект.


Определба на религијата

Религијата е еден од најраспространетите културни и духовни феномени. Таа е присутна во секоја човечка заедница во текот на целиот историски развој. Се јавува во најразлични форми на верувања и ритуали. Таа тешко може да се дефинира. Честопати се определува како вера во еден Бог, како објаснување за тоа како настанал светот, се изедначува со натприродното, со моралните норми кои го контролираат однесувањето на верниците.

Религијата може да ја дефинираме како цврсто поврзан систем на верување и практики кои се однесуваат на светите нешта и кои ги поврзуваат приврзаниците на овој систем во единствена морална заедница.

Постојат различни видови на религии. Во основа, тие имаат заеднички елементи, верувања и ритуали.

Треба, исто така, да се каже дека религиите се облик на свест кој настанал со немоќта на човекот рационално да ги објасни природата и светот и заради тоа барал натприродни сили кои наводно нив ги создале и уредиле како што се уредени. Оттука, религиската свест битно се разликува од научната свест и објаснување на светот и природата.

Верувањата се идеи што луѓето ги имаат во врска со природата на светите нешта и со начините на кои треба да се комуницира со нив.

Ритуалите се активности кои се преземаат со намера да се оствари саканиот однос со светот на светото.

Тоа значи дека луѓето треба прво да веруваат во некое натприродно битие, а потоа да изведуваат активности со кои воспоставуваат однос со него. Секоја религија е во функција на задоволување на некои реални потреби на човекот. Секоја има религиски симболи во смисла на ознаки на некоја човекова стварност. Функциите на религијата можат да се поделат на индивидуални и општествени.

Индивидуалните му овозможуваат на поединецот:
- да го надмине стравот од непознатото и неизвесното во иднината
- да ја осмислува својата егзистенција преку насочување кон морални вредности
- да ги надмине кризните моменти од животот како што се раѓањето, пубертетот, бракот и смртта

Општествените функции на религијата се:
- таа го поддржува општествениот поредок преку вредностите коишто се традиционални
- религијата помага во контрола на општествената девијација
- таа ја афирмира идејата за еднаквоста меѓу луѓето. Таквата свест помага да се развие чувство на припадност во заедницата, чувство на помош и поддршка
- религијата ги поврзува луѓето преку ритуалите кои овозможуваат заедничко учество
- религијате често со своите догми ја спречува иновативната општествена свест и слобода на мислење на човекот

Религијата игра извесна улога кога во општеството доаѓа до општествени нарушувања, кога ослабува општествената контрола. Сите овие функции зборуваат дека религијата има голема улога во одржувањето на општествената интеграција. Историски гледано, тоа е нејзина основна функција и таа е понагласена во постарите и потрадиционалните општества.


Забелешка - на оваа тема нема потреба да објаснуваме дали постои или не Бог, која религија е најправилна итн. Оваа тема се наоѓа во подфорумот Психологија, и затоа би сакала да обрнеме внимание на психолошкиот и социолошкиот аспект на религиите врз животот на поединецот и општеството во целина.


Според мене, основен мотив зошто некој би бил религиозен е стравот, најчесто стравот од смртта. Човекот тешко може да си признае себеси дека не е толку значаен и дека по гаснењето на неговиот живот - нема ништо. Во религијата, на некој начин, бара утеха.
Религијата е значајна за моралните вредности кај луѓето и детерминирање на нивното однесување - но во денешни услови, исполнувањето на голем дел од овие вредности, претставува и несреќа за човечкото суштество.
Затоа, мора да се класифицираат и верниците - на посветени и традиционални.
Посветени се оние верници кои бескомпромисно ги следат правилата на нивната религија, и целосно го живеат животот во склад со истата. Традиционални се оние кои ја примиле религијата на своите родители, но, во глобала, не се однесуваат целосно според моралните правила на својата религија.

Тука морам да обрнам внимание на склопот на личноста на ID, EGO и SUPEREGO.
Верувам дека на повеќето ви е познато за што зборувам.

Мислам дека кај луѓето битката е секогаш помеѓу егото и суперегото, ID како биолошка основа, не би смееле да кажеме дека превладува кај психички здрави личности.

Кај луѓето кои повеќе се водат според своето его, поверојатно е да бидат неконформисти и критички да се настројат кон религијата и тоа што ја негира и понижува човековата природа. Тука би рекла, и дека се јавува коренот на деизмот - верба во Бог, но не и во Божјите институции и наметнати правила, кои се далеку од суштината на човековото битие.

Кај луѓето кај кои преовладува супер-егото (односно јас-идеалот), поверојатно е дека не само што ќе се наследи религиозноста, туку и ќе се зацврсти овој став. Луѓето со изразено супер его се убедени дека се способни да се однесуваат сосема во склад со религиозните морални вредности и дека ќе добијат награда (задгробна) за истото. Очекуваат пофалба од средината - и целосно се трудат да се вклопат во општеството.

Оваа тема има многу за зборување, се надевам дека ќе видам повеќе мислења.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ГоспоТ

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Многу добар пост не ти го прочитав цел али читав до пола и многу реално и правилно..ја се сметам за верник иако не сум некој фанатик или нешто слично..знам да отидам во црква да се помолам да запалам свеќа и сл..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас мислам дека стравопочитта е крива. Честопати ми имаат речено „Па ништо не губиш ако веруваш“ но дали е баш така? Јас не го делам тоа мислење. Ако ништо не губиш да веруваш, тогаш зошто би верувал? Демек ако постои „страшниот“ суд ти ќе бидеш оној осудениот. А ако не постои? Дали овде се работи само за страв од „Страшниот“ суд? Исто така речиси сите религии налагаат понижување пред Боговите. Дека треба да им бидеш слуга на боговите за да подоцна бидеш награден како што кажа авторот на темава. Лично јас не можам да се понижам пред никого (вклучувајќи ги и божествата). Тоа ми е како да признаам дека сум нечие милениче или глувче врз кое се експериментира и тоа ќе направи така како што сака оној што контролира. Не, не, тоа не е за мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and TheKitten

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Стравот од смртта го натерал човекот да верува во рајови,зелени ливади каде што безгрижно ќе трчка цела вечност,но и да верува во вечни маки заработени поради 60 +/- години непослушен живот.Океј,мислам дека и најзакоравените атеисти во моменти од кои е доведен животот во прашање,призиваат виша сила и молат за чудо да ги извади од срањето.Баш вчера гледав Џон Отауеј у Д’Грејс кој иако беше атеиста,ко го опколија волците почна да се дере по Исуса да му дојде напомош.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93

И јас, но тоа не е темата.
Атеизмот, исто така, е дел од ,,религиозното влијание,, врз структурата на личноста на човекот.
Атеизмот, сам по себе, повлекува карактеристики како неконформизам (сите слават Божиќ, а јас не), поголема способност за критички став, анализа на информациите, скептичност итн.
Од друга страна, атеизмот сам по себе не значи ништо, атеист си дури и ако веруваш дека човекот настанал како резултат на сексуален однос меѓу мајмун и свиња, ако мислиш дека вонземјани ни вбризгале интелигенција, или едноставно - не знаеш.

Сепак, општо, атеистите се посклони на уживање на своите слободи, затоа што немаат грижа на совест (или имаат помалку) за разлика од верниците.

Стравот од смртта го натерал човекот да верува во рајови,зелени ливади каде што безгрижно ќе трчка цела вечност,но и да верува во вечни маки заработени поради 60 +/- години непослушен живот.Океј,мислам дека и најзакоравените атеисти во моменти од кои е доведен животот во прашање,призиваат виша сила и молат за чудо да ги извади од срањето.Баш вчера гледав Џон Отауеј у Д’Грејс кој иако беше атеиста,ко го опколија волците почна да се дере по Исуса да му дојде напомош.

Сосема е ирелевантно во темата дали Бог постои или не.

Какви се психичките доживувања, размислувања на верникот?

Факт е дека сите имаме ,,мрсни мисли,, и ,,мрсни желби,, - но верникот (мислам на посветениот) би требало да има грижа на совест. Верниците не смеат да мастурбираат, но го прават тоа. Би требало да имаат грижа на совест затоа што се едноставно - биолошки суштества.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Не може кога човек ќе го надваса нагонот да не мастурбира па колку сака нека биде побожен,и папа нека биде.Ако на јаве се воздржува тогаш нека се припреми за мрсни сонови и ноќна полуција.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
И јас, но тоа не е темата.
Атеизмот, исто така, е дел од ,,религиозното влијание,, врз структурата на личноста на човекот.
Атеизмот, сам по себе, повлекува карактеристики како неконформизам (сите слават Божиќ, а јас не), поголема способност за критички став, анализа на информациите, скептичност итн.
Од друга страна, атеизмот сам по себе не значи ништо, атеист си дури и ако веруваш дека човекот настанал како резултат на сексуален однос меѓу мајмун и свиња, ако мислиш дека вонземјани ни вбризгале интелигенција, или едноставно - не знаеш.

Сепак, општо, атеистите се посклони на уживање на своите слободи, затоа што немаат грижа на совест (или имаат помалку) за разлика од верниците.



Па можеби сум и затоа атеист.Немам грижа на совест и сакам секс што има тука да лажам.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Па можеби сум и затоа атеист.Немам грижа на совест и сакам секс што има тука да лажам.

Сите сакаат секс :) Верниците чувствуваат грижа на совест после него ;)

Не може кога човек ќе го надваса нагонот да не мастурбира па колку сака нека биде побожен,и папа нека биде.Ако на јаве се воздржува тогаш нека се припреми за мрсни сонови и ноќна полуција.

Да, тоа е и лицемерието.
Но како тоа лицемерие (кое не е мало...) делува врз човекот?
Дали побожните се посреќни, или не?
 

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Има една реченица поврза со религијата и господ ми се допадна па еве да споделам.

Ако постои ГОСПОД би немало РЕЛИГИИ!

Образложението е јасно, сите ке веруваме дека постои, затоа и лугето се делат на веруваче и атеисти и разни други религии кои исто како и нас, веруваат во Господ а со нивни истории само другачиј го нарекуваат.
То је.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Emma.T