Тука ќе позборуваме за религијата од општествен, социолошки и психолошки аспект.
Определба на религијата
Религијата е еден од најраспространетите културни и духовни феномени. Таа е присутна во секоја човечка заедница во текот на целиот историски развој. Се јавува во најразлични форми на верувања и ритуали. Таа тешко може да се дефинира. Честопати се определува како вера во еден Бог, како објаснување за тоа како настанал светот, се изедначува со натприродното, со моралните норми кои го контролираат однесувањето на верниците.
Религијата може да ја дефинираме како цврсто поврзан систем на верување и практики кои се однесуваат на светите нешта и кои ги поврзуваат приврзаниците на овој систем во единствена морална заедница.
Постојат различни видови на религии. Во основа, тие имаат заеднички елементи, верувања и ритуали.
Треба, исто така, да се каже дека религиите се облик на свест кој настанал со немоќта на човекот рационално да ги објасни природата и светот и заради тоа барал натприродни сили кои наводно нив ги создале и уредиле како што се уредени. Оттука, религиската свест битно се разликува од научната свест и објаснување на светот и природата.
Верувањата се идеи што луѓето ги имаат во врска со природата на светите нешта и со начините на кои треба да се комуницира со нив.
Ритуалите се активности кои се преземаат со намера да се оствари саканиот однос со светот на светото.
Тоа значи дека луѓето треба прво да веруваат во некое натприродно битие, а потоа да изведуваат активности со кои воспоставуваат однос со него. Секоја религија е во функција на задоволување на некои реални потреби на човекот. Секоја има религиски симболи во смисла на ознаки на некоја човекова стварност. Функциите на религијата можат да се поделат на индивидуални и општествени.
Индивидуалните му овозможуваат на поединецот:
- да го надмине стравот од непознатото и неизвесното во иднината
- да ја осмислува својата егзистенција преку насочување кон морални вредности
- да ги надмине кризните моменти од животот како што се раѓањето, пубертетот, бракот и смртта
Општествените функции на религијата се:
- таа го поддржува општествениот поредок преку вредностите коишто се традиционални
- религијата помага во контрола на општествената девијација
- таа ја афирмира идејата за еднаквоста меѓу луѓето. Таквата свест помага да се развие чувство на припадност во заедницата, чувство на помош и поддршка
- религијата ги поврзува луѓето преку ритуалите кои овозможуваат заедничко учество
- религијате често со своите догми ја спречува иновативната општествена свест и слобода на мислење на човекот
Религијата игра извесна улога кога во општеството доаѓа до општествени нарушувања, кога ослабува општествената контрола. Сите овие функции зборуваат дека религијата има голема улога во одржувањето на општествената интеграција. Историски гледано, тоа е нејзина основна функција и таа е понагласена во постарите и потрадиционалните општества.
Забелешка - на оваа тема нема потреба да објаснуваме дали постои или не Бог, која религија е најправилна итн. Оваа тема се наоѓа во подфорумот Психологија, и затоа би сакала да обрнеме внимание на психолошкиот и социолошкиот аспект на религиите врз животот на поединецот и општеството во целина.
Според мене, основен мотив зошто некој би бил религиозен е стравот, најчесто стравот од смртта. Човекот тешко може да си признае себеси дека не е толку значаен и дека по гаснењето на неговиот живот - нема ништо. Во религијата, на некој начин, бара утеха.
Религијата е значајна за моралните вредности кај луѓето и детерминирање на нивното однесување - но во денешни услови, исполнувањето на голем дел од овие вредности, претставува и несреќа за човечкото суштество.
Затоа, мора да се класифицираат и верниците - на посветени и традиционални.
Посветени се оние верници кои бескомпромисно ги следат правилата на нивната религија, и целосно го живеат животот во склад со истата. Традиционални се оние кои ја примиле религијата на своите родители, но, во глобала, не се однесуваат целосно според моралните правила на својата религија.
Тука морам да обрнам внимание на склопот на личноста на ID, EGO и SUPEREGO.
Верувам дека на повеќето ви е познато за што зборувам.
Мислам дека кај луѓето битката е секогаш помеѓу егото и суперегото, ID како биолошка основа, не би смееле да кажеме дека превладува кај психички здрави личности.
Кај луѓето кои повеќе се водат според своето его, поверојатно е да бидат неконформисти и критички да се настројат кон религијата и тоа што ја негира и понижува човековата природа. Тука би рекла, и дека се јавува коренот на деизмот - верба во Бог, но не и во Божјите институции и наметнати правила, кои се далеку од суштината на човековото битие.
Кај луѓето кај кои преовладува супер-егото (односно јас-идеалот), поверојатно е дека не само што ќе се наследи религиозноста, туку и ќе се зацврсти овој став. Луѓето со изразено супер его се убедени дека се способни да се однесуваат сосема во склад со религиозните морални вредности и дека ќе добијат награда (задгробна) за истото. Очекуваат пофалба од средината - и целосно се трудат да се вклопат во општеството.
Оваа тема има многу за зборување, се надевам дека ќе видам повеќе мислења.