Друга работа е тоа дали некој ќе ја прифати хомосексуалноста како нормална, или не. Вистината е дека е нормална ориентација. Па, со оглед на тоа дека е нормална, дека се способни да основаат семејство, да одгледуваат деца, треба законски да им се даде право на хомосексуалците да основаат семејство. Мислам дека повеќе е за тоа темава, а не дали некој нецивилизирани ќе ги прифатат хомосексуалците или не.
Па затоа и е наменета темата.
Темата е за секој да си даде свое мислење. Секој ќе каже што има да си каже и тоа е. Ќе има мислења што ќе ти се допаднат, ќе има мислења што нема да ти се допаднат. И ако не ти се допаднат не мора одма да ги цитираш/да им одговориш со "НЕ ТИ ГРЕШИШ. ИМАШ ГРЕШНО МИСЛЕЊЕ. ЗОШТО ГРЕШНО МИСЛИШ?"
Така и почнуваат караниците.
Ти си за, јас сум против и сега од една страна ќе направиме 10 страни преполни со цитати и мислења меѓу мене и тебе за како тоа нешто е добро или тоа нешто е лошо, или како треба да биде или не треба да биде. И десет страници ќе пробуваме да си ги смениме мислењата.
Врати се назад. Види како почна темата, и види сега до каде е стигната. А има само 3 страни.
За три страни ние (и јас сум крив) успеавме да ја превртиме темата од "Јас мислам дека..." во "НЕ ТВОЕТО МИСЛЕЊЕ Е ГРЕШНО, ТРЕБА ВАКА ДА МИСЛИШ!".
Едноставно треба да ги оставиш луѓето да си ги искажат своите мислења, да го кажат тоа што имаат да го кажат. Ако ти се допадне - има едно копче со палче на него. Стисни го.
Ако не ти се допадне - јебига, животот продолжува. Ќе сретнеш луѓе кои нема да се согласуваат со тебе за разни работи. Едноставно ќе мора да го прифатиш тоа затоа што нема поента да се расправаш и да се караш со некого за две различни мислења.
Јас одбрав на членот со кој се карав да му се извинам, он ме нарече
идиотски п***р идиот педерски. И сега што да правам? Да се карам со него? Не.
Он има мислење за мене, јас имам мислење за него. Се сомневам дека некогаш во животот ќе ми биде значаен, па не вреди да се замарам со тоа.