Епа вакво нешто од тебе не очекував...
Тоа што сум јас геј нема никаква врска со мојот избор да се повлечам и да ги поштедам модераторите од бришење глупави мислења (вклучувајќи ги и моите).
Темите за хомосексуалност секогаш привлекуваат многу внимание и никогаш не завршуваат добро, како што можеш да забележиш.
Твојата потреба за внимание и твојата желба постојано да си опкружен со драма и со расправии е твој проблем, и немаш никакво право да ја мешаш мојата сексуална определба во тоа или пак постојано да набедуваш некого и постојано да сакаш да се расправаш со некого (пр. мелпомена).
Ако си толку храбар колку што сакаш другите да мислат дека си - оди и САМ бори ги своите вербални борби, со свои аргументи и со свои мислења - без да се криеш зад други и да ги користиш како свој штит кога ќе приметиш дека губиш. И кога ќе загубиш прифати го тоа како маж и откажи се.
Јас не можам да се расправам со луѓе кои мразат хомосексуалци и да пробувам да им наметнам мои мислења затоа што нема да успеам.
Сум го пробал тоа; едно време бев многу околу тоа да дознаам зошто луѓето се толку против педери и дали може да се смени тоа мислење. Не може. Не можам јас да го сменам, не можеш ти да го смениш. Кога ќе бидат (ако бидат спремни) спремни да го сменат тоа мислење - ќе го сменат. Нема што да им солиме памет.
Јас искрено ќе му се извинам на членот
990Freak затоа што неколку пати пробав да го навредам. Не очекувам да го прифати извинувањето, ама мое е да му се извинам затоа што пишував мислења со цел да го навредам - не да дебатирам или дискутирам нешто со него.
Сметај го ова како сакаш. Сметај го како пораз или како мое признание (како хомосексуалец) дека хомосексуалноста е болест - ако тоа ти има некаква смисла. Или види ја вистината и сметај го како мој отказ од кавги. Твој избор.