Од секогаш сум имала многу либерте однос со моите, поготово со мајка ми.
Јас на 9 години знаев што е менструација, зошто девојките имаат циклус секој месец....бла бла.
Кога ја изгубив мојата невиност,прва личност која дозна за тоа беше мајка ми

Секако дека сум разговарала, дека разговарам....сигурно не и ги објаснувам позите кои ги применувам, но сепак во ниеден момент не сум се чувствувала засрамено да не можам да разговарам за било што.
Мислам дека тој момент многу влијаеше на градењето на мојата личност, опуштеноста за разговор,за совет....
Многу е битно детето да биде сигурно дека навистина домот му е најсигурно а истовремено најопуштено место, каде навистина ќе биде свое, да не се препотува, да подголтнува кога сака да праша нешто, да се размислува и собира храброст два часа у соба ..ама тука најголем удел играат родителите. Како ќе се постават,како ќе го воспитуваат...
Ако се прашувам јас, би вовела сексуално образование задолжително.
Батали ти интернет, дрн дрн јариња...
Секој има право на личен избор, ама кога ќе слушнам дека девојчиња од 14 години одат на абортуси, не знам дали да плачам дали да се чудам. На 14 години бре за цицка не помислував машко да ме фати.
Ама тоа е...напредна младина, современ живот живееме.
