Разговарање со родителите во врска со сексот

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Со татко ми не, и никад нема да разговарам. А мајка ми кога и да ми почни нешто и вртам друга тема. Па непријатно ми е. А со тетка ми и братучетка ми неам проблем, муабет као и секој друг ни е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Нема шанси ни со мајка ми ни со татко ми.Единствено некогаш со пријателки.Дури и со нив колку на шала само.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
мајка ми ми има зборено од околу на таа тема ,но никогаш не сме збореле отворено ... поконзервативно мислење има на таа тема ...така да нема што тука...секогаш сум читала за сексот така и сум дознавала работи....а јас кога ќе бидам родител би сакала да бидам другар со моите деца ,да ги упатам и отворено да зборам со нив за секоја тема,и уште од мали да им објаснам дека не ги донел штркот или дека не се родени во зелка ,дека не се најдени пред врата или покрај река....:)
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
мајка ми ми има зборено од околу на таа тема ,но никогаш не сме збореле отворено ... поконзервативно мислење има на таа тема ...така да нема што тука...секогаш сум читала за сексот така и сум дознавала работи....а јас кога ќе бидам родител би сакала да бидам другар со моите деца ,да ги упатам и отворено да зборам со нив за секоја тема,и уште од мали да им објаснам дека не ги донел штркот или дека не се родени во зелка ,дека не се најдени пред врата или покрај река....:)
А што ќе им кажеш?:unsure
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
пааа јас искрено праам муабет со моите
и отворено си кажуам мислам дека тоа е правилно....
а сум против родителите да не прават муабет на оваа тема со децата
мислам на начин да ја одбегнува темата уопште да не се споменува....мислам дека тоа е лошо за децата....
подобро да знаат некои работи...ама не секои....отколку да не знаат ништо :)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Од секогаш сум имала многу либерте однос со моите, поготово со мајка ми.
Јас на 9 години знаев што е менструација, зошто девојките имаат циклус секој месец....бла бла.

Кога ја изгубив мојата невиност,прва личност која дозна за тоа беше мајка ми :)
Секако дека сум разговарала, дека разговарам....сигурно не и ги објаснувам позите кои ги применувам, но сепак во ниеден момент не сум се чувствувала засрамено да не можам да разговарам за било што.
Мислам дека тој момент многу влијаеше на градењето на мојата личност, опуштеноста за разговор,за совет....
Многу е битно детето да биде сигурно дека навистина домот му е најсигурно а истовремено најопуштено место, каде навистина ќе биде свое, да не се препотува, да подголтнува кога сака да праша нешто, да се размислува и собира храброст два часа у соба ..ама тука најголем удел играат родителите. Како ќе се постават,како ќе го воспитуваат...

Ако се прашувам јас, би вовела сексуално образование задолжително.
Батали ти интернет, дрн дрн јариња...
Секој има право на личен избор, ама кога ќе слушнам дека девојчиња од 14 години одат на абортуси, не знам дали да плачам дали да се чудам. На 14 години бре за цицка не помислував машко да ме фати.
Ама тоа е...напредна младина, современ живот живееме. :unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kiril and Реми

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ми имаат спомнато и двајцата во муабет неколку пати, но избегавам на таа тема да збориме, но најнормално го сфакам се ова. Јас од мала знаев дека децата не ги носи штркот, имам дома една книга како настануваат децата и на памет од мала ја знаев. :D Знам пред некое време и на брат ми ја дадоа да си ја прочита. Но и во школо имало многу предавања за секс, заштита, болести...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
и како би изгледало тој.....едемо гра на ручак и викам ги ја мамо тато ај да зборимо за секс :D
па мама ке се задави бре од гра, ск има убаф крупан гра, нејќу мама да ми умре... ххх такој да ке си ќуту и ке си еду гра : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto