Психоанализа на форумџии (читај воведен пост)

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не го споменувај неговото име инквизиторско! :zelen

Онака да се убацам само, ама не праам психолоанализи. Не ми е ич домејн.
Муабетот ми беше дека јас можам тебе да ти направам психоанализа, оти те следам, не можам на секој форумски член, сулудо е, не ги следам сите. :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ај јас да пробам за Аркантос.

Еднаш спомнав дека јас си го викам Тате поради тоа што викаше дека бил форумски татко на некој член. Небитно. Ова моето е повеќе stating the facts отколку некоја којзнае каква анализа, ама ај ќе пробам.

Аркантос, дете на 90-тите, дете на пропаднат брак и дете израснато без татко. Сето ова има голем удел во оформувањето на личноста која стои позади тоа име. Претпоставувам дека фразата „безгрижно детство“ за него е само обична фраза. Чинам има спомнато дека има сестра, па растењето покрај две женски особи без машка фигура го направило она што му пишува под никот.

Филолог кој што поголемо внимание придава на значењето на зборовите отколку нивната форма. Му лежат португалски и шпански најверојатно затоа што се некако најзвучни при искажување чувства и звучат меко (за разлика од британски или германски). А и тој е таков, човек што се потпира на емоции и што се препушта на истите без да се прашува премногу каде би го одвеле. Ужива во такви нешта. Мислам и дека лесно се приврзува кон некои ствари и лесно може да им придаде емоционално значење на најобични предмети.
Понекогаш го покажува бунтовникот во себе, ама тоа се само моменти засенети од романтичарот иако јас повеќе сакам кога се бунтува, па макар било и без некоја поента за мене. Интересен е кога води инает, инаетот го води повеќе од инает кон самиот себе за да си покаже дека е цврст отколку кон „противникот“. Има доволно самодоверба и доволно упорност кога ќе запне да заврши тоа што замислил, има пишано во какви услови живеел дур студирал и со што сѐ се помирил но на крај испливал од таму и завршил. Не ужива во досада и сака да се држи до некоја поразлабавена агенда... нешто ко груб план за активности што ми кажува дека не сака баш многу да гледа хаос околу себе.

Мојата слика за Аркантос вели дека е човек кој често знае да премолчи и да си голтне некој збор отколку да каже веднаш тоа што мисли и тоа ми повлекува дека е човек што се грижи да остави добар впечаток и мисли на туѓите чувства па понекогаш „се жртвува“ за туѓо добро. Неговите ставови ми изгледаат на недоволно цврсти и подложни на промени, иако минимално молдирање сепак доволно е за да се разликува од оригиналот. Не е некое злопамтило ама има понекогаш ситуации кои што не ги опростува и чека шанса за да врати, но повеќе сака мир и прогледува низ прсти. Не е некој ситничар и не внимава многу на детали, побитна му е крупната слика отколку деталите.
Го интересираат митови и легенди, приказни, романи... сака да чита и претпоставувам дека веќе има нешто пишано иако не го споделува барем засега. Книгите му се скривалиште од реалноста, книгите му се светост. Попрво би измрзнал од студ отколку да запали некоја книга, тоа затоа што емоционалната вредност на предметите е поголема од нивната сурова вредност како предмети. Не спомнав дека ја слуша Џенис Џоплин затоа што е тоа што го опишував погоре, пацифист кој се потпира на емоции.

Мозокот на Аркантос е преокупиран со емоции уште од мали нозе за да би можел да се развие повеќе логичкиот дел. Да не се разбереме грешка, не сметам дека е глуп човек, туку човек кој што повеќе значење придава на емоционалното отколку рационалното па затоа логичкиот капацитет никогаш не го достигнал својот потенцијал и веројатно никогаш нема да го достигне затоа што годините за развивање на тој дел веќе заминале. Којзнае, ако доволно запне можеби ќе се случи и тоа ама тогаш тоа би бил некој друг лик, не овој досега што го опишував.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Аркантос е лик кој некако го оживува форумот , иако го нема често на него. Тој е човек кој има многу поминато во животот, неколку пати допирајќи го дното за да се издигне се повисоко и повисоко. Најголем роматичар е, секогаш го знае патот до женското срце и не постои женско битие на планетава Земја кое може да биде имуно на него. Тој е свесен за тоа. Во друштво е омилен, но не од машките зашто тие се загрозени од него и го сметаат за најголема конкуренција. Ако за некого важи терминот алфа мажјак , јас би го употребила за него. Сака да експериментира, но си ги знае границите. Семејството му е на прво место. Се грижи безпрекорно за него. Секој проблем го решава темелно и сам се справува со сите проблеми. Работлив, грижлив, финансиски неазвисен, романтичар кој љуби на начин на кој што жената се чувствува за богиња, и заборава на се друго освен дека е жена. Мислам дека треба да стане прототип на македонски маж, затоа што македонските мажи не ја искажуваат љубовта и чекаат некој друг да се погрижи за се(простете но зборам само од свое искуство). Покрај тоа што мисли дека е авангарден сепак Аркантос е класичар, жртва на сфаќања на нашата малограѓанска средина. Преубаво пишува, дајте му лист хартија и пенкало ќе ве однесе на место во кое никогаш не сте ни биле, ќе ве насмее, ќе ве расплаче, ќе доживеете катарза од чувства. Се што прави прави со страст и со цело срце. Го живее животот како што напишал на статусот секој ден како да му е последен. Ако немате идеја како и каде да си поминете убаво, прашајте го, има илјадници идеи за се. Но и посесивец е најголем, љубоморен до безкрај. Тоа му е лошата особина зашто секогаш нема реална основа за љубомора. Реагира на моменти бурно за безначајни работи , но веројатно истите тие работи нему му се многу битни. Кога го засакува некој човек . го сака за навек. Образуван е , никогаш не го губи времето и не се излежува од мрза. Секогаш твори на различни начини. Ако важи 24/7, кај него е 25/7. Пати од несоница и во тие ноќни часови може да украдете некој муабет со него кој ќе ви ја стопли душата. Горделив и самосвесен, духовно спознаен , интересен лик , млад човек со мудрост на старец. Вистински е благослов да го има човек за пријател. Само одбраните го имаат во реалниот живот.
ПС Нека ми прости за искреноста и за правописните грешки.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Struggler е од Прилеп, а знаеме дека тоа не е добро :zelen

Ок, малку е несериозно ова со виртуелниве анализи па затоа се оградувам од било каква точност на истата.:p
Страглер е особа која избегнува да влезе во конфликт, дури и ако знае дека е во право - а ако влезе тогаш брзо се откажува, не од што се плаши или нешто слично, чисто за да не излезе од зона на комфор. Можеби има проблем со самодовербата или со притаено ниско мислење за себеси кое веројатно е засилено од непосредната околина во која живее а која не е склона за валидација на арни луѓе каков што е Струглер. Во ред, оценувањето дали некој е арен или добар преку нет е троа површно, но и не може поинаку да биде, барем кога човек ја гледа само виртуелната страна.
Проблемот со самодовербата си има некои корени од порано, рано детство како и обично, претпоставувам дека избегнува раја со која би се осеќал помалку вредно во нивно присуство а тука е и инсистирањето да биде забележан како личност, на негов начин секако, ненаметливо но постојано. Што би било одлично кога би живееле во колку-толку нормална средина а не во ваква вукојебина.
Што се однесува до другите основни параметри како што се емпатија и алтруизам, веројатно е просечен млад човек на денешното време, не особено перцептивен за туѓите маки, дали како резултат на негативен фидбек на околината кон него или поради општата состојба која се пресликува во многу поединци - и не е важно.

Порани ми беа многу слични во Алтаир, со разлика за тимовите кои навиваат, иако тоа беше само површен впечаток (кој и не мора да е погрешен и не е нешто лошо само по себе:kafe)
Фанството за Манчестер Јунајтед ми е некако чудно, не знам како се одлучил за нив, веројатно уште во ерата на Фергусон како дежурен шампион што значи дека како помал бил лесно импресиониран од ентитети кои се на врвот. За разлика од мене кој сум склон на лузерски и однапред осудени ентитети (Селтик).
Бивш голем хејтер на неговата еминенција, светиот Дејвид Мојс :frantic - во последно време го насочува гневот кон Ван Гал што значи дека знае да разликува магаре од самар, што и не е толку едноставно. Тоа се гледа и по општествено-политичките ставови кои не се најпрецизни - но се против пастиризмот и општото зло кое доминира денес а тоа е за пофалба и знак за добар правец при некое интелектуално-емотивно формирање како личност.
Поради сите тие ствари не е некои оптимист кога станува збор за широките народни маси и сигурно загубил илузии уште од мала возраст, што не е баш добро бидејќи цинизмот би требало да е стран за млада раја.

Приметно е дека во постов врие од поими како `можеби` и `веројатно` али тоа е само можност за plausible denial во случај да лупетам глупости во анализава:pusi
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Struggler

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Mnogo Bitno

Желбата за да биде интересен и да лови жени на форумот е толку голема што почна и да не обрнува внимание што пишува, важно е да напише нешто што е испревртено и што нема логика. Овој член е плашлив. Не сака да зборува за неговите чувства, а и не сака да ги изразува, освен кога ќе се изнервира кога неговиот идол ќе изгуби некоја утакмица. Некоја женска сигурно многу го повредила, па развил некој одбрнбен механизам, со кој смета дека може да ја има која што ќе посака. За него парите и авторитетот се се. Не е важно човек дали е образован, важно е да има врски и да работи и да зема плата.
Под големото его, кое е толку мало и позади гордоста се крие недостатокот на самодоверба и ниско мислење за себе. Сака да биде актер, но глумењето сеедно, нема да му донесе ништо во животот.
Неговото мото е дека не може цел живот со иста жена, дека треба да се менуваат. Оваа личност уште не знае што сака во животот. Нема цел во животот зошто не знае да зборува за некаква цел. Психички слаба личност, која не знае да смисли доволно добра лага за да ве натера да поверувате во истата. Можеби недоволна љубов во детството придонела сите чувства да му се потиснати и да се однесува како најдолемо сељачиште,, да не покажува основни манири и да не знае како да се однесува со луѓе и со жени.
Сака сплетки и социјалните мрежи ги гледа како риби, а тој шкорпијата ги лови сите, па кај ќе успее успее, не е важно дали е девојката грда, дебела или кожа и коски, тој ако има прилика ќе направи нешто со неа, заради што се соменвам дека можеби е и жиголо.
За ваквите недоволно психички развиени личности, кои имаат размислување на дванаесетгодишно момче, животот нема да му донесе никаква среќа, само скапите автомобили кои вика дека ги вози. Многу тешко дека некогаш ќе има сопствена фамилија, а ако има тешко на жената која за жал ќе биде изневерувана, заради тоа што на овој човек не му доаѓа паметот и на луѓето кои живеат со такви мисли никогаш нема да му дојде.
Секогаш ќе настојува да ве убеди дека тој материјално има повеќе, но не дозволува да кажете вие колку имате.
Со инка да се става или да се трансплантира мозок, мислам дека нема да е успешно. Овој човек е осуден на страдање. Сака да биде сакан, но не да сака, но жал ми е што ќе заврши или со јадење многу ќотек додека не се свести што прави и каде меша прсти, или оставајќи некоја што воопшто не ја сака бремена, или заљубувајќи се безнадежно во некоја мажена жена, мислејќи дека ќе си го остави сопругот и децата за да биде со него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy and Priroden