Психоанализа на форумџии (читај воведен пост)

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153

- побарано, добиено :)
Сонувалка. Традиционалното и модерното во ненормален судир. Традиционалните принципи преземени од нејзините учители и водичи и модерниот дух кој вирее во неа многу често ѝ создаваат дури и депресии. Кој победува? Тоа е интересното. 1:1 е резултатот веќе со години. Традиционалните принципи ја тераат многупати да си го прегази сопственото јас и да премолчи многу работи, а модерното во неа ја тера на тивок бунт кој го прави, па потоа се повлекува повторно.

Жена која не е родена со златно лажиче во устата, но тоа наместо да ја направи пасивна во секој план – ја направило жена борец. Интересен е фактот што желбата за успех и сопствена душевна, како и професионална надоградба до ден денес не е згасната. Таа е дел од оние луѓе што убаво сфатиле дека животот не е вреден да се живее ако во секој ден не се обидуваш да се надоградиш на било каков начин.

Ако речам дека нејзината позитивност доаѓа од тоа што не гледа со реални очи кон работите, Зевс ќе скокне и со молња ќе ме убие. Нејзината позитивност не доаѓа ни од тоа што празната чаша ја гледа полу-полна. Убаво ги знае капките кои се бројат во чашата, и нејзините очи можеби се оние со најреален светоглед кои ги познавам, но свесна е дека солзите и тропкањето во место од нервоза нит чаша ќе наполни, нит проблем ќе реши, па затоа одлучува да се смее и кога ѝ се плаче, да игра и кога нозете откажуваат и сака да се струполи на подот. Затоа и успева да ги преброди сите бродоломи кои ѝ се случуваат.

Се сеќавате ли на Велика од „Пиреј“ на Петре М. Андреевски? Нејзината силина и цврстината на Сонувалка се скоро па идентични. Многупати кога разговарам со неа, добивам чувство дека дури и крајот на светот би го преживеала и божица би станала благодарение на нејзината издржливост.

Зошто себе си се нарекла Сонувалка? Чинам затоа што колку и да минуваат години во неа не умира оној детски дух кој пред да заспие се транспортира во еден друг свет, светот на бајките, каде проблемите не постојат, сивилото на хоризонтот се бои во боите на виножитото. Таквите соништа го држат нејзиниот дух буден и цврст.

Сонувалка е оној тип на луѓе кои љубовта ја замислува како силуета која е опколена со ореол кој свети со заслепувачка светлина. За неа љубовта постои некаде далеку и никогаш не може да биде извалкана од гнасотијата на овој свет. Токму затоа и често во неа минуваат оние мисли дека „Таа љубов не може да стигне до неа, не ја заслужува“. Всушност, таа мисла дека таа не заслужува таква љубов потекнува од тоа што на местото на човечкото самољубие кај неа е развиена највисоката форма на самокритичност. Според неа, сите се подобри луѓе од неа, а не сфаќа дека е обратно.

Долго се бори со многу внатрешни демони. Дел од нив се предизвикани од желбите кои ги имала, а не успеала да ги оствари. И чудно, наместо реално да погледне и да забележи дека некои од тие желби и замисли ги одвеал заборавон не само по нејзина вина, таа сѐ си препишува себе си. Тоа ја измачува – во оној класичен начин на измачување – во тивките ноќни часови кога и свеста и потсвеста како молци ти ја гризат душата и како што малечките луѓе во Лилипут го оковуваат Гуливер, така нејзи ја оковуваат лошите мисли.

Си поставив себе си прашање, дали Сонувалка е подобар говорник или подобар слушател. Не ја знам лично за да можам со сигурност да кажам, но чинам дека таа секогаш е онаа која апсорбира содржини искажани од соговорниците, а многу ретко себе си се става во ситуација да зборува, зборува, и зборува. Како да се базира на она што Шопов го кажал, а јас често го повторувам „Ако носиш нешто неизречено, нешто што те боли и пече, закопај го во длабоката тишина, тишината сама ќе го рече“.

Не ја сака динамиката која ја налага денешното општество. Ги мрази деновите преполни со обврски, а без нив се чувствува празно. Се чувствува празно затоа што не знае што да му прави на слободното време. Кога човек ќе навикне да биде надвиснат со толку обврски – колку што не е возможно да се исполнат во заокружените 24 часа од денот, кога ќе има бар и 1 час слободен се чувствува избезумен. Повеќе го сака селото, отколку градот. Градот како што напомнав – премногу е хаотичен за нејзината природа, мирноста на селото ѝ го смирува и духот.

Колку што е силна личност, толку е и плашлива. Ќе згрешам ли ако ја споредам со срна? Многу работи сака да направи, а не ги прави само од страв. Од што се плаши? Од губитокот. Смета дека сѐ што изградила ќе се сруши во истиот миг, ако престане да им угодува на тие околу неа и почне барем малку да ја храни сопствената душа. Тоа ѝ е всушност и најлошата особина која ѝ ја познавам. Плашејќи се од осудата и губитокот на миг заборава да живее, а оправдувањето си го наоѓа во она што претходно го кажав – таа смета дека среќата е создадена за другите, нејзи боговите ја заборавиле кога ја креирале среќата.

Многу често кога размислувам за Сонувалка се сеќавам на мајка ми. Бидејќи кога се работи за мајчинството – таа е иста каква што беше мојата. Пожртвувана до степен на лудило. Мислам дека ако некој ѝ рече дека во мигот треба животот да го положи како жртва за среќата на нејзиното дете – нема да размислува ниту една секунда, со раце ќе си ја откорне душата и ќе ѝ се предаде на немилоста. Но, на момент е строга. Толку строга – колку плашлива. Стравот дека нејзиното дете ќе ги повтори истите грешки, ја тера да ги стегне забите и дури кога душата ѝ бара да попушти, таа го крева прстот и дава забрана. За жал, мислам дека последица од тоа што многу работи не си дозволила во животот, а можела, само не се осудила, тие ги проектира во детето и очекува од него – тоа да го исполни.

Сега кога подобро ги анализирам нејзините искази, мислам дека не бев во право кога на почетокот викав дека традиционалноста и модерноста во неа водат изедначена борба. За жал, таа е дел од оние кои мислат дека жените помалку заслужуваат од мажите. Многу работи кои ги прави „посилниот“ пол ги оправдува, а истите работи да ги направи една жена – ќе ја осуди.

Во што ужива нашата Сонувалка? Во среќата на другите, во утринско чајче испиено во мир и тишина. Во книга која ја опишува нејзината бајска замисла за љубовта и животот, во песна која ќе ѝ донесе душевна катарза преку солзи на очите.

Како да го привршам ова анализирање? Хм..хм...хм... Сонувалка – жената која поради внатрешната борба на она што „треба“ и она што „сака“ се лишува себе си од многу овоземни задоволства.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Јас ќе ти направам :)
Веднага.
-
Виолетмун. Месечината има четири мени. Така и Виолетмун има многу променливо расположение. Во рок од неколку часа може да прејде од максимална среќа до максимална тага, може сега да те гушка, после да те удира.
Виолетовата боја... најчесто се поврзува со некои цветови - затоа и покрај нејзиниот лавовски разбеснат карактер таа е и толку нежна... како листовите од цветовите. Кога ќе земеме предвид дека виолетовата боја се добива при мешање на сината и црвената, тогаш тоа што погоре го кажав веќе станува појасно. Сината симболизира смиреност, хармонија, а црвената страст... Две сосема спротивни работи сплотени во една личност.

Тргнав од анализа на нејзинот ник затоа што верувам дека тој многу зборува за секоја личност, но сега, ајде да зборувам нешто - за она што се крие под тој ник.
Виолетмун е личност која сака да биде силна, да се претстави на светот како „челичната лејди“(не за џабе се здробува од ставање амазонки на аватар :) ), но во основа е премногу кревка, и иако некогаш вика дека „тоа што мислат другите не ја интересира“, и тоа како ја интересира - и повредува. Всушност, нејзината желба да се покаже како силна личност паѓа во вода во мигот кога ќе се спомне колку романтична душа има таа. А романтичарските души обично се најкревките што постојат на планетава.

Многу е неодлучна. Секогаш кога носи одлуки размислува од сто аспекти и тие ја збунуваат и ја носат во ситуација „И што сега?“ и таа ситуација може да трае со месеци - години. Сепак, тоа не ја прави личност што е „вејка на ветров“. Нејзината неодлучност оди до оној миг додека не се разгледаат сите можни ситуации, последици и придобивки - откако еднаш ќе ги исчешла сите опции - она што ќе го одлучи - го тера до крај.
Таа е една од најостроумните личности кои што ги познавам. Животот го сфаќа како партија шах - затоа и е толку неодлучна. Секогаш се обидува да го изнајде најдобриот потег.

Знае да љуби со иста сила како што знае и да мрази. И тоа кај неа е толку изразено и во зборови и во постапки што човек може да се чувствува најсреќниот на планетата кога е љубен од нејзина страна - и да се чувствува како најдолното суштество кога ќе пробуди негативна емоција. Овој нејзин начин на љубење е вид во изумирање денес. Луѓето сѐ помалку знаат да љубат како неа, и тоа е за секоја пофалба, но... не е сѐ така сјајно. Лошото е во тоа што... за љубов е спремна да си ја згази гордоста... и да ѝ ја згазат и да прости работи што инаку, пред да се случат сметала дека никогаш не би ги простила. Да направи работи што инаку, рака во огин ставала дека не би ги направила. Уште еден лош дел од нејзината љубов е тоа премногу очекува. Се дава целата кога љуби, и очекува истото да го прими назад – било да е тоа еротска љубов, другарска љубов... и ако не го добие посакуваниот фид-бек ... се уништува...
Голема лутка е. Дури и кога таа е виновна, таа е таа што има право да се лути, не другиот :).
Премногу е попустлива. Знае да замижи пред многу работи што ги мрази – сѐ додека човек е искрен со неа. Мрази тајни, лаги и маскирања. Чинам дека помалку ќе се налути ако некој во афект ја отера во три лепе, отколку да ѝ молчи.
Премногу е самокритична. И цел свет да ја фали, таа ќе си најде некој „недостаток“ за кој ќе се фати и за кој ќе си замерува.
Обично, оние што се водени од страст - често забораваат да го приклучат разумот. Кај неа, тоа не е така(со ретки исклучоци :) ). Таа ја има најдено онаа совршена средина помеѓу светот на страстите и светот на реалноста. Затоа и успева да функционира толку добро.
Не знае да поседува половично нешто. Сака да е потполен сопственик на своето. Дури и кога тоа не е возможно се обидува да гледа на ситуацијата низ своја призма која ќе ѝ покаже дека таа го чува кормилото.
Ги сака долгите разговори, но не оговарања, туку длабоко и истрајни муабети, ама ги сака и уште подолгите тишини. Кога е сама ужива да си враќа спомени, да се пресметува себе си и другите. Многу често во таквите мигови знае буквално да си ги цитира сопствените зборови и да анализира дали некаде згрешила. Затоа, иако е љубител на гужвата, често има потреба од самување.
Спремна е многу да жртвува за среќата на најблиските. Таа е една од најдобрите мајки што ги познавам. Бидејќи е добар слушател, добар соговорник, добар советник – има разбирање за сечиј проблем – таквите личности секогаш се добри родители, бидејќи детето сака да го слушаш, да му зборуваш и да му даваш совети како другар – а не како инспектор.
Има развиена емпатија, до тој степен што некогаш може да заборави на своите маки, од соживување со маките на блиските.
Обожава да чита книги - на тој начин бега од проблемите кои што ѝ ја мачат свеста; Обожава да танцува – ова и да не го кажев, веќе кога кажав дека е романтична душа, се подразбираше :) ; Обожава да пешачи сама, да се губи низ луѓето и да не мисли на ништо.
Во суштина, сѐ што прави во слободно време е за да полни батерии и да успее да ја скрие кревката внатрешност и да доследно да ја покаже цврстата појавност.
Можам уште три години да си бројам особини на милата моја Виолетмун, ама за да не ми побудали од исчекување тука завршувам :)


ЕДИТ, ЕДИТ, ЕДИТ: Заборавив да напомнам, т.е. мислев дека сум напомнал, ама кога препрочитав сфатив дека сум го скокнал тоа. Многу тешко се отвара на луѓето. Се сомневам дека и воопшто не се отвара. До некаде тоа е предизвикано од тоа што смета дека никој не е должен да ги слуша нејзините внатрешни неволји, а од друга страна затоа што многу тешко ја дава довербата на луѓето. Не е од оној тип на луѓе што одат со паролата „Верувам во доброто на луѓето“, таа верува во доброто на луѓето - откако ќе ги запознае убаво, а не од „прв поглед“.

E ова ти е анализа, ни самата не би се опишала подобро со мааали исклучоци ама за тоа ќе се разбереме (ќе видиш ти што е лутка).:)(hug)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
E ова ти е анализа, ни самата не би се опишала подобро со мааали исклучоци ама за тоа ќе се разбереме (ќе видиш ти што е лутка).:)(hug)
Ете... ете оти толку чекаше за анализава...
Пиши - бриши да праи чоек, од страв да не му излета некоја рака од монитор и му влепи шамар :):giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
И јас че уплатам, не ме потценувај, you... mortal being! :mad:
Ќе ти пратам сега во пораки жиро сметка, уплати, сликај уплатница па ќе стигне анализата :)
Шала на страна, не можам тебе да те анализирам вака брзо, прво треба да ти ги исчитам малку постовите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler