@Struggler е од Прилеп, а знаеме дека тоа не е добро
Ок, малку е несериозно ова со виртуелниве анализи па затоа се оградувам од било каква точност на истата.

Страглер е особа која избегнува да влезе во конфликт, дури и ако знае дека е во право - а ако влезе тогаш брзо се откажува, не од што се плаши или нешто слично, чисто за да не излезе од зона на комфор. Можеби има проблем со самодовербата или со притаено ниско мислење за себеси кое веројатно е засилено од непосредната околина во која живее а која не е склона за валидација на арни луѓе каков што е Струглер. Во ред, оценувањето дали некој е арен или добар преку нет е троа површно, но и не може поинаку да биде, барем кога човек ја гледа само виртуелната страна.
Проблемот со самодовербата си има некои корени од порано, рано детство како и обично, претпоставувам дека избегнува раја со која би се осеќал помалку вредно во нивно присуство а тука е и инсистирањето да биде забележан како личност, на негов начин секако, ненаметливо но постојано. Што би било одлично кога би живееле во колку-толку нормална средина а не во ваква вукојебина.
Што се однесува до другите основни параметри како што се емпатија и алтруизам, веројатно е просечен млад човек на денешното време, не особено перцептивен за туѓите маки, дали како резултат на негативен фидбек на околината кон него или поради општата состојба која се пресликува во многу поединци - и не е важно.
Порани ми беа многу слични во Алтаир, со разлика за тимовите кои навиваат, иако тоа беше само површен впечаток (кој и не мора да е погрешен и не е нешто лошо само по себе

)
Фанството за Манчестер Јунајтед ми е некако чудно, не знам како се одлучил за нив, веројатно уште во ерата на Фергусон како дежурен шампион што значи дека како помал бил лесно импресиониран од ентитети кои се на врвот. За разлика од мене кој сум склон на лузерски и однапред осудени ентитети (Селтик).
Бивш голем хејтер на неговата еминенција, светиот Дејвид Мојс

- во последно време го насочува гневот кон Ван Гал што значи дека знае да разликува магаре од самар, што и не е толку едноставно. Тоа се гледа и по општествено-политичките ставови кои не се најпрецизни - но се против пастиризмот и општото зло кое доминира денес а тоа е за пофалба и знак за добар правец при некое интелектуално-емотивно формирање како личност.
Поради сите тие ствари не е некои оптимист кога станува збор за широките народни маси и сигурно загубил илузии уште од мала возраст, што не е баш добро бидејќи цинизмот би требало да е стран за млада раја.
Приметно е дека во постов врие од поими како `можеби` и `веројатно` али тоа е само можност за plausible denial во случај да лупетам глупости во анализава
