Психоанализа на форумџии (читај воведен пост)

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Ќе треба да банкротирам како си тргнал :zelen
Требаше од старт да ти кажам дека имам искуство со ценкање за вакви „побарувачки“ :)
Ајде, дур отидеш на нотар да ми ја препишеш куќата и колата, јас ќе бидам готов.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
@existence
Да речам старо - мало, ќе згрешам, затоа што веќе не е мало, но да му ја правев анализава пред едно 4-5 години, тоа ќе беше почеток и крај на анализата. Егзистенс е човек што многу рано созреал. Не знам дали е тоа од некои трауми, или едноставно прерано почнал да завлегува во води во кои не требало да навлегува, па денес, на негови скромни години има изградено такви ставови, мислења, принципи какви што ретко луѓето имаат и на 40 години.
Реков „не требало“ не затоа што сметам дека таквата изграденост е лоша работа, туку затоа што луѓето што прерано созреваат, самите себе се лишуваат од безгрижноста на годините. Во миг кога другарите му седеле во ресторан/кафиќ и се опивале до бескрај, тој размислувал за светската економска криза, за можните терористички напади, за тоа како од неговиот персонален компјутер да создаде ракета :)
Ваквите луѓе, често изградуваат пасимистички поглед кон светот. Егзистенс не е поштеден од тоа - за жал. Тој така си го има програмирано мозокот, што дури и во најсовршеното нешто на светов - ќе успее да најде недостаток, и за тој недостаток ќе си остане да размислува со денови.
Тој негов аналитички мозок му создава многу главоболки - и во буквална смисла на зборот, и во метафоричка. Физичката главоболка може да мине со таблета, онаа другата, со ништо. Која е таа другата? Таа која го тера многу често да се изолира од социумот, многу личности ги трга од себе само поради една нивна грешка - за него грешките се непростливи - и тоа ме чуди, бидејќи знам дека не е многу по религиите(читај ич), а сепак не ги сака грешниците :)
Колку што е самокритичен - толку поголем критичар е. Да не ти даде Господ сила да застанеш и да му кажеш нешто. Мислам дека од мигот кога ќе прозбориш нешто што не му се допаѓа, ќе престане да те слуша и ќе пресметува равенки за да ти објасни во колку голема заблуда си. Од еден аспект тоа е добро - подобро да ти каже како гледа на работата, отколку да ти ја филува тортата со скапана хопла. Но, и самиот е свесен дека светот оддамна веќе не е подготвен да ја слуша само суровата вистина...
Колку што е голем критичар, толку голем осудувач е. Да живеел во времето на Isabel de Castilla(да не ми замерат пак што душава не ми дава да пишам Кастиља, или Кастилја), ќе бил меѓу првите луѓе на доверба, мислам дека и ќе му го доделала правото да управува со инквизицијата... тешко жителите во тој случај - замислете, уште потешко од тоа што навистина го доживеале :)
Како почнав да го сликам, некој ќе помисли дека треба да бега подалеку од него. И јас долго време го мислев тоа. Не мислев дека е лош човек - далеку од тоа, но мислев дека огорченоста од незадоволството што го гледа насекаде му го има поматено толку умот што веќе се граничи и со агресија - тоа не е така. Егзистенс е еден пристоен и добар човек, секогаш спремен да помогне, премногу отворен за наука, но премалку подготвен за љубов.
Да не се разбереме погрешно, не го мислам за асексуален. Но, на некој начин, онаа телесна, душевна исполнетост од еротска љубов како да си ја ускратува. Од неколку причини мислам дека е тоа така: до пред некое време мислел дека тоа ќе му одзема многу време и ќе нема време да ги листа информациите што ги листа, да си дрнда на инструментите на кои што си дрнда, а сега веќе и се плаши - од излагање од онаа сигурна зона во која виреел со години.
Бидејќи во себе ги има инкорпорирано највисоките стадиуми на самокритичност, аналитичност, и песимизам, самодовербата му е стигната до подземјето. Се гушка со Хад.
Не ги сака многу гужвите - за него излегувањето во дискотека преполна со чад и луѓе што се тресат поради наркотичните средства во нив - а не поради музиката е губење на време. Повеќе би сакал да отиде со добар соговорник на некое тивко местенце и да си ги испробува своите реторички способности. Чинам дека поради неговиот богат вокабулар и добро оформените ставови би држел добри беседи, рака на срце :) Мрази да зборува безвезни муабети од типот: Ким излегла со чипкаст фустан, а трудна е. Добро нели има морал во неа?
Премногу го интересираат мистериите, од што го интересираат, дури и ги гледа кај што ги нема :)
Од прееска се мислам како би го опишал најкратко овој човек. Конечно ми светна: Денес луѓето толку многу сакаат да бидат различни, впечатливи, што буквално цело богатство фрлаат на својата „различност“, Егзистенс си е различен и ич к*р не го боли, и пет пари не дава за да ја истакне својата уникатност во однос на колективот - таа сама си извира ко вулканче.
-The end-​
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,186
1,133
1,133
Ова ми е тρет κоментаρ со надеж деκа неκој κе пушти сρце и κе ме анализиρа.
Гледам ваκа сите од тебе мислење баρаат виκам дај и јас може κе ме анализиρа и мене :D
Патем јас 300 давам :p
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Ова ми е тρет κоментаρ со надеж деκа неκој κе пушти сρце и κе ме анализиρа.
Гледам ваκа сите од тебе мислење баρаат виκам дај и јас може κе ме анализиρа и мене :D
Патем јас 300 давам :p
Ќе треба изгледа да го земам каучот на Фројд... :)

Да бе, ја сите ве изанализирав, мене курац.
Не може, протестирам, дур не седне некој да напише нешто, не анализирам.
Клуч.
И баш ме брига што ќе ми акнат казнен за пост под пост, ме мрзи да кликам едит.
Чао пријатно.
 
  • Like
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,186
1,133
1,133
Ќе треба изгледа да го земам каучот на Фројд... :)

Да бе, ја сите ве изанализирав, мене курац.
Не може, протестирам, дур не седне некој да напише нешто, не анализирам.
Клуч.
И баш ме брига што ќе ми акнат казнен за пост под пост, ме мрзи да кликам едит.
Чао пријатно.
Оф лелеее и овој вρз мене се изтуρи.. Денес добρа мета сум им на сите..
Оκ сепаκ фала :)
Заслужив ; )
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Оф лелеее и овој вρз мене се изтуρи.. Денес добρа мета сум им на сите..
Оκ сепаκ фала :)
Заслужив ; )
Не се гледај себе си како жртвено јагне.
Не ги сфаќај сите реченици здраво - за готово.
Не можам да те анализирам тебе така брзо како што можам Егзистенс, Виолетмун, Сонувалка, Електра, Саладин, и слични кои секојдневно ги следам и читам. За нив оддамна имам изградено мислење кое сега само го запишувам. За тебе треба да читам прво постови :)
 
  • Like
Реакции: ●Untouchable°

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,996
9,627
1,683
Normandy
Не го споменувај неговото име инквизиторско! :zelen

Онака да се убацам само, ама не праам психолоанализи. Не ми е ич домејн.