хахахахаааа ме изнасмеаааа
мајоре хахахахаа
ова се скоро и мои финти, исто вака и јас ги опишувам луѓето..
на шала се разбира... ( а у секоја шала пола вистина) ххахахахаахахаха
Каква шала драга Кити...јас бев најсериозен во психоанализита на докторов, друг- поинаков/покомпетентен опис не можев да дадам.
Ај нешо кратко и за тебе да те психоанализирам од птичја перспектива- како тебе те замислувам.
Ти мене ми наликуваш на психо-физички спремна особа, плавуша ама вештачка (не од овие асли плавуши на вицови што ги озборуваат) со високи штикли и црни мрежест чорап, кои те прават уште најпонајвисока- 1 глава и 3 влакна и плус воља за растење над 176,5 цантиметри квадратни, каде висината ти влева самодоверба да доминираш врз целиот понизок машки род, со што ги заведуваш истите од Јужна Африка -Јоханезбург до Осло- Норвешка по меридијанот, и Мелбурн од едната страна до Трухиљо-Перу од другата страна по екваторот. Превентивно во заведувањето влијаат и кафеавите очи, со костенлива боја на некој див шумски костен од планината Јабланица (единствена разлика е што костенот не користи римел од фирмата Макс фактор- {купувајте македонски производи}), кои при трикратно брзо трепкање, на горенаведените мажи им го опива хипоталамуст, им го запира срцето како најсовремената и најнова дрога што ствара завист со шмекање,зјапање и пришепнување на другарот, и мора да ја земаат нон стоп во твое присуство односно рандом локал каде излегуваш....со прости зборови пришепнувањето иде во овој стил: ваууу пичкана видија ми намигна 3 пати наеднаш- како нескафе е , леле колку е јака море еј, одредени членови не ни коментираат само зјапаат и им протекуваат лиги при што цело време креваат од тоа пивата и муабетот утредента ќе изгледа вака:
Другарот што не бил во твое присуство:кај беше вчера бе брат, како си помина?
Заведениот :Абе ќути аман, се испијанав, само не сум сигурен дали се опив од љубов или од пиво?! И остај не прашувај друго ми се враќаат спомените, ќе ме убие помислата дека не е моја.
Тоа значи дека многу психички си моќна и твоја најсилна наука е (медитација + јога) / мантри x телепатија =? -решија равенката
Друго нешто шо сакав да кажам, голема улога игра и црвената халина узтело со две прерамки на раменици од кои едната е подопуштена (ја поктирава вакцината против тетанус, што ни ја редеа во 1во оделение) и модерен страничен шлиц како на Мила Јовович во филмот резиденд ивл кецот.
Музиката не ти е баш јака страна, најфраер музичар според тебе на сите времиња е 2пак раперот, а најомразен е паф деди зошто му намести атентат за да го скинат (или тоа е само пропаганда), али тука позитивно е што ти многу добро конташ и твориш рими, и си далеку подобра од цела фирма ДОО "слаткаристика и токсикологија" со се Тони Зен во пакет.
Можам да кажам дека си Бренда од серијата Бебервли Хилс, ама не го сакаш Стив туку го сакаш Џони Дип од пиратите на карибите во секој дел... при што разоткрива за тебе дека си авантуристички дух од жена, а јас за точкот заборавив да напоменам дека и синџирот му е тазе подмачкан-полесно се вртит сега.
Кити: ако грешам нека изгорам - од Кирил Мицкоски песната.
Ако не грешам, дај вејзбукс всандак, да видам што сум погодил.