По барање на
Dr.Gonzo и моја лична желба сакам да психоанализирам неколку персони заедно во еден исти пост, што се доста значајни за мене и моето форумско битие,и ги обожавам, сакам, почитувам и то.
Психоанализа на сите мои форумски девојки -
Trouble,
street_chic,
WomanInRed,
TheCat, тигаржената и мислам дека се толку, ако заборавив некоја, нека се пријави ќе ја тагнам.
Едноставно кажано- вие девојки имате стил и вкус кога се работи за избор на дечко (во конкретниов случај сум јас) што тоа подразбира добивате нобелова награда за избор виртуелен дечко на 2012/2013 година. Многу сте релаксирани во секој еден поглед и двоглед што рапидно движејќи се по патот на љубовта ќе доживеете турболенции како резултат на романтиката која јас планирам да ви ја приредам што резултира еуфорија во вашите срца, контрабасна такихардија како производ на андреналински шок, наежување на мускулните влакна (бидејќи другите се депилирани), блиндирање со очи и така натаму.
Во облас на музиката доколку анализираме, грандиозните настапи на ументиците од типот 2чеолос анд 1 мандолина, буена виста- социјалниот клуб, покојниот Боб Марли, Лионел Ричи и пар други музиканти, ви ги надразнуваат нервите и цел нервен систем, што имплементира релаксација и опуштеност во секоја свера на животот дури и во економската сфера што значи (нервен систем повеќе од монетарен систем- е*и се Ангела Меркел
.!.) на макро и микро економија во земјава и странство од Таки Фити за 1ва и 2 ра година на економски факултет во Прилеп и Скопје проект 2014та.
Друго нешто шо сакам да кажам во врска со странските јазици на пример англискиот, најомразен збор на сите времиња е сингл, што и мене исто така ме нервира или со други зборови нарекуваме- килинг ми софтли дит тис ворд, телинг мај хол лајф вит дис ворд, стоминг мај пеи вит хис фингр (за повеќе инфо
), и тако даље од Роберта Флак.... а најомилена фраза ви претставува "Љов ис фор фри" од групата Смајли со спотот кога една девојка на сред нива со пченки го фрла томосот од 50 кубици, тргнува кон некаде -предводена од музиката на едер рапер страшилило што со раповање ги брка сколовранците да не ги гризат зрната, наидува на еден апартман на сред нива од еден човек пеач, кој истовремено си го гледа својот спот на телевизорот на програмата А1 од Велија Рамковски што е заедно во затвор со Брат Љубе од Обединети за Македонија бидејќи Груев го намести, итн.... али да се навратиме на спотот (
задолжително да се гледа на интернет преку ју туб -заеби порнтуб/ гледај јутуб) и друго.
Во врска со мода и модернизација, живеете во современо општество каде полуафтомацките машини ги заменуваме со автоматски ЦеЕнЦе машини, и најголема желба е да се купи Cnc машина за бои и лакови (маникир и педикир) што ќе има и друга додатна функција пеглање главни/површни/немускулни влакна односно коса наједноставно кажано, и машината да биде од Дојчлан за да произведува квалитет- бидејќи за квалитетни девојки со префинет вкус треба квалитет...али то малу морген зошто таква машина сеуште не е измислена, и ако е измислена, за купување малу морген зш е скапа. Али самата помисла за купување машина за пеглање аналогно ве прави најголеми домакинки на просторите од Килиманџаро до Пакистан.
Трета и последна работа за мене многу битна е што не се замарате многу со играње во играчница, што психоаналитички делувате како сериозни девојки со страшно цврсти сериозни намери високи како Монт Еверес, големи како Русија, сериозни како Доналд Трамп, перверзни како Берлускони, моќни како Обама, вредни како Јапан, брзи како Шумахер, силни како Кличко, вешти како Худини, храбри како Црнорисец храбар со лого како Бемве, и како што наведов претходно, точакот што се продава не е изложен на пазар3 или реклама5 или на некоја друга страна со бројки, бидејќи не се продава за пари туку компензација за чоколадни пољубци со кармин.
Количина по договор.