ма дај ти се молам систер,ти ли?! Кај е шемата таму е систерот
Дааа, затоа и заедно си бевме таму на кафе, и следниот пак пак таму
ма дај ти се молам систер,ти ли?! Кај е шемата таму е систерот
Слабо памтам јас, Кашмир на Ленинова беше или грешка сум?Кашмир. Мислам дека овој е најпопуларниот кафич во темава. Ми се допаѓа ориенталниот дизајн и тивката и затемнета атмосфера. Пивото им е околу 100 денари (точено, 0.5), а мојот омилен пијалок Captain Morgan е 90че. Во зимскиот период имаат огромен избор на чаеви, минатата зима пробав еден наречен Љубовен бакнеж (или нешто слично) кој беше сервиран во мало бокалче кое се одвојуваше на 2 дела: горниот дел беше чајот со сопствена цедалка, а долниот дел беше шољата.
Слабо памтам јас, Кашмир на Ленинова беше или грешка сум?
@MissChievous “да“ за Кашмир, “да“ за Ли, но просек за Броз. Плусот е тоа дека се услужни и робата им е една од поквалитетните, major minus е местоположбата каде 50% од градскиот превоз (автобуси) ти брчи буквално на астал, и тоа што станува кремско место каде се собираат ропаци со скапи возила кои буквално се паркирани на самиот булевар.
Си го фатила у ептен добро светло. Обично ладниве периоди е попријатно. Сум бил во двете атмосфери (кремска и полупразно кога е) и дефинитивно второво е далеку подобро, пошо обично кремската се фаќа при топол ден, баш кога се крева многу прашина по булеварот (get it? : )На почетокот на Ленинова, во близина на Песталоци.
Тоа да, во право си, сигурно е многу тапа во топли периоди. Јас за прв (иако ми е во комшилук) пат бев во саботата, горе беше речиси празно и таман ни се погоди, имаше место за цело друштво. Плус надвор врнеше, така да баш ми се бендиса. А до сега не сум идела зошто ми се чинеше баш така малце покремски кафич.