Rounders (1999)
Со Мет Дејмон и Едвард Нортон. Одлично филмче иако приказната е едноставна, се работи за двајца коцкари (едниот во гадни долгови) и како да се стигне до пара за исплаќање на истите. Поентата е како се разработени ликовите, како и психологијата на коцката воопшто. Интересно е како се опишува дека постојат поширока лепеза на т.н. коцкари. Некои психолошко болни, други се само ради парата, трети за потреба од чиста психоанализа на опонентите. Мет и Нортон као и увек беспрекорно си одиграа улогата, Малкович такоѓе.
High fidelity (2000)
со Џон Кјузак како Роб, човекот кој работи во продавница за музички плочи. Обземен со тој свет, воедно и потсвесно разочаран, тој го сведува својот живот на некои скромни вредности, класифицирајќи го сето свое искуство во топ 5 charts. Тоа што неговиот смисол се заснова токму вака, претставува проблем во неговиот љубовен живот. Човекот е загубен во тие класификации и едноставно не знае да ужива во малите моменти кои се есенцијални за среќа и полет во љубовта. На праг е да ја загуби и врската со неговата вереница, кога....
Не кажувам понатаму...Ова е еден од оние филмови (драма, сатира) каде треба да се запрашаме дали секогаш треба да им удираме етикети на нештата, да ги ставаме под некој си редослед, да ги согледуваме само за себе или пак спротивното.....за момент да пробаме да влеземе во кожата на другиот и да бидеме малку построги со самите нас. Според мене филмов иако малку на вонсериски начин дава приказ, сепак вреди!