Препораки за филм (општа)

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
The Losers. Група оперативци од Специјалните сили се испратени на мисија во Боливија да пронајдат и убијат дилер на дрога и оружје. Неколку минути пред да започне нападот забележуваат дека има деца на местото, ги спасуваат и ги ставаат во хеликоптерот со кој тие треба да заминат од таму... Тоа што не го знаат е дека има бомба во хеликоптерот, затоа што нивниот претпоставен, Макс, смета дека знаат премногу и ги сака мртви. Хеликоптерот е целосно уништен и сите мислат дека оперативците се мртви. После неколку месеци поминати во Боливија, им приоѓа сомнителна девојка која им нуди да ги внесе незабележително во САД, а во замена бара да го фатат Макс. Започнува одмаздата.

Акција, но има и хумористични моменти. Доста интересен филм.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Мислам дека тие што сакаат акција најмногу ќе им се допадне:Но крја краева филмот и не е целиот кација(иако во трејлеров само тоа е и прикажано)
Најркатко.Главен лик е Ларго Винч син(посвоен) на Нерио Винч(инаку во филмов човек што е во топ 5 листата на најбогати на светото) многу сцени се снмиени во Босна како и во Хрвадска....Инаку целиов филм е нешто во смисла демек односов таткото и синот што го имале...како и да е за лечење досада добар е филмов.
Инаку има и втор дел од филмот исто добар е подобар од првиот(сега според мене)
п.с."Ларго Винч" бил стрип...нз од кого...знам дека и имало серија само незнам во која земја се прикажувала а филмовиве(прв и втор дел) се релативно нови
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Orphan. Откако нивното трето дете умира уште неродено, маж и жена посвојуваат 9-годишно девојче. Навидум мирно и повлечено, девојчето многу се разликува од нејзините врсници и тешко се спријателува со нив. Но, девојчето има мрачна тајна, и полека ја открива својата злобна страна.

МНОГУ добар филм, непредвидлив крај, одлична глума... Вреди да се погледне.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin, 990Freak and Libra

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
The Other Woman - Love and Other Impossible Pursuits

Сега само што го догледав. Многу многу убав.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203


Неможам многу да кажам , тој што сака добар трилер, психолошки трилер незнам ни како да го опишам, една голема енигма со неверојатната актерска способност на Ди Каприо ќе ве остави воодушевени . Повеќе сум фан на Европски филмови па затоа ќе ви предложам неколку:






Повеќето што ги ставив се добри трилери , мистерии. Макс Манус е филм кој опишува како Норвешка го пречекува доаѓањето на Фирерот, и што се случува кога една мала група на студенти создава отпор кој ќе прерасне во сериозна закана за Германците.
Последниот Das Leben der Anderen ( животот на другите) зборува за Источна Германија , за тајните служби наречени Штази на кои што ништо неможе да им избега од контрола и за еден куп прогресивци кои се обидуваат да изададат книги , текстови или пак да можат некако да Пребегаат на Западната страна незнаејќи дека се предмет на истражување на тајните служби. Тоа ќе донесе многу проблеми но и неочекувани пресврти на дејствието. Топло ги препорачувам на секого....
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
World's Fastest Indian: Старец на 70 и кусур години(Ентони Хопкинс) што живее во село во Нов Зеланд,по име Инверкаргил,сака со својот антички мотор што го средил(марка Indian,по тоа и е даден насловот),да оди во Америка на една стаза што служи за мерење на максимална брзина на возила. Ќе му се случи сешто по пат,и таму. Одличен филм по мене.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
V for Vendetta (2005)
Го имав на цд многу време, а прв пат седнав да го изгледам. Ме изненади филмчево, зашто не очекував дека е толку добро. Оцената на ИМДБ е 8.2, реално филмов не треба да има оцена под 9-ка, ако не и 10-ка. Од мене доби 10-ка - заслужено. Доста интересна приказна, добра глума од Натали Портман и Вивинг, многу акција и мистерија... p.s. Башка ќеф ми направи В кога кажа дека омилен филм му е The Count of Monte Cristo :giggle Кој не го погледнал, нека го изгледа, нема да зажали.


ова не е филм , ова е општо подигање на Свеста , браво за препораката..... (if you're looking for the guilty you need only look into a mirror- V.)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Препорака од мене за вас
Слика не ставам иако има убав постер за филмов ама некад знае да не ги покажува па подобро нека биде видеово тој што сака убав филм ќе го симне.
Е сеа идеме вака филмов е постар некаде памтам кога излезе баш почнав да идам во кино а се даваше во кино Култура(сеа нема веќе нити К нити УЛТУРА) и паметам дека го загледав и чекав некоја сцена да се насмеам да ми е забавно додека филмов ми беше јако досаден..НО...ете минаха години и иде пак да го гледам иако пак скептичен посебно што мене Киану Ривс како актер освен од Матрикс не го знам баш а и таму некако ми беше неговата глума тапа а Ал Пачино мислев дека се фура на таа слава од Кум,Чарлиз Терон ја знаев дека е убава и толку.
Е сеа филмов паќ ќе споменам треба да се гледа со внимание по можност сам,ова може го кажав и за мистер ноубади филмот ама едноставно така е и така треба да се гледаат за да се доживеат.
Киану Ривс во неговиот град е најдобар адвокат и никогаш не изгубил случај па дури и педофили успева од виновни да ги пушти на слобода едноставно непобедлив во неговата работа,ама тука настапува интересното.
Може на почеток е малце поспор ама трае 2,23 минути и ќе му дадете шанса ќе ја гледате ако ништо друго феноменалната глума на двајцата актери и убава Чарлиз Терон.
А да и пак има во филмов муабет за тоа дали имаме слободна волја или не.
Препорачувам мене ми се допадна.